Мачки (општи дискусии)

V

Vollstandig

Гостин
Изгледа овој мојот ке се задржи малку повеќе , бидејќи тој ке испраќа некоја до дома ...Моето маче е машко :)

Нема никаков проблем за капење , прочистување и се што е потребно , ке исконтактирам и со ветеринар за да не пропуштам ништо што би можело да е важно.

Фала ти за овие информации , навистина е утеха за ситуацијава , затоа што досега не сум имала вакво искуство .Прв пат се случува да го нема толку многу време и добро е да се слушне по некој добар збор од некој што се соочува со истово секој Феврурари. :)
Kaj мене стана навика и традиција, да заминуваат на “зимовање“ мачињата откако сум роден чувам мачки, па веќе ги знаам како дишат. Е па чим е машко , твоето сигурно коа ќе се врати нема толку да се гали како другите али планирај да му купиш зрнеста храна за мачки и некои витамини зш коа ќе дојди ќе биди како да држел најстрога диета за на Fashion TV :)
Поздрав и мило ми е што помогнав:)

П.С. Ако дојди со такси, и нема пари да си го доплати , плати му го ти, греота е нека се напраи фраер со мачката што ја носел до дома:))
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16

Јас веднаш ке се погрижам да го претворам во моето дебело и чисто маченце . :):):)

Уште еднаш фала , многу ми помогна со овие информации . Сега размислувам оптимистички и се чувствувам многу подобро .

Ќе пишам повторно кога ќе си дојде . :icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg:smir::smir:
 
L

Lu

Гостин
Здраво на сите форумџии.Јас сум нова на форумов и се регистрирав за да побарам помош од вас. Се решив да пишам овде затоа што имате развиено доста добри дискусии на оваа тема .

Мојот проблем е следниот: Си чувам едно маче скоро две години , го имам од мало.Машко е.Имаше навика да излегува од дома , но накратко и во близина . Но сега го нема еве 6ти ден.Читав на интернет , а и на многу ваши теми дека советувате за кастрација и дека ваквите проблеми ке исчезнат.Но касно се информирав за тоа, дури откако замина.Пред тоа не помислив дека може да се соочам со ваков проблем .

Сакам да ве замолам за совет , дали вие имате вакви искуства со вашите мачиња,дали во периодов на парење заминале , па се вратиле ...и по колку време? Дали е ова нормално за овај период , дали можат да си се вратат сами дома после толку време (6 дена) ? :( Молба до сите оние кои имаат мачиња и кои го доживеале ова искуство , нека пишат и нека ми помогнат .
Како прво добредојде на форумов :)

Да, мачорите многу често знаат да си заминат од домот и да одат по потрага на мачка.
И очекувај мачорот да ти се врати со рани и гребаници бидејќи сигурно ќе се степа со друг мачор заради тоа чива да биде мачката.
Не се секирај, ако се е во ред со мачето ( ако не го удавило куче,ако не каснало отров или пак ако не го удрила кола ) дајбоже се да е во ред со мачето, тогаш 6 дена не се многу, знам и по 1 месец ги нема некои мачки па после се враќаат.
И ако другпат несакаш вака да ти го снема мачорот, сега кога ќе се врати одма носи го на кастрација и повеќе нема да бега по мачки и стално ќе си седи кај тебе.
 
Јас се надевам дека ништо од ова нема да му се случи . Живеам во помал град , каде што нема многу сообраќај , а и често излегував и го барав , но без успех . Најверојатно многу добро се крие . :)

Останува само тоа да чекам да си дојде.

Бев многу разочарана и :( , но веќе е подобро . Ме расположивте . Сум се обратила на вистинското место .

Да си дојде , па потоа ќе се информирам повеќе околу кастрацијата. :)

--- надополнето ---

Toa кастрација е да му го скинат?

Отстранување на тестисите поточно . А со тоа и губење на нагонот за парење .
 
L

Lu

Гостин
Toa кастрација е да му го скинат?
Не бре, ако му го скинат како ќе моча :nenene:
Кастрација е операција при што се отстрануваат тестисите кај мажјаците, а кај женките се отстрануваат јајниците, јајцеводите и матката.
Кастрацијата на женката може да биде изведена на два начина.
Еден е одстранување само на јајниците – овариотомија, а вториот одстранување на јајниците, јајцеводите и матката – овариохистеректомија.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Па то е бе, ко ке му ги скинат тестисите не му вреди алатот исто ти се фака дали го имаш за мочајне или го немаш кога нема да можеш главната работа да ја прајш :).. Али сепак то е малце не природно да му го напрајш, греота е. Мојава не оди нигде, дома идат мачори ги слушам навечер под пенџера. Знајт да се зашетат ама не за толку долго.
 
LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Имам еден проблем со мачоров мој.Дека живеам на 6ти спрат(последен во моја зграда),имам олук и коа тресам чаршав паѓаат по некои трошки на олукот и се собираат гулаби,ама дека и мачоров слободно царува по крововите на зградата,а ги види одма ги лови,сабајле еден едвај му го извадив од уста,некој нешо да ми помогне?
 
Не треси чаршав :).
 
Најди некое друго место за тресење на чаршавот , навистина . Греотка се гулапчињата , а и мачорот може да се затрча некаде по нив , да се заигра , па може да му се случи некоја незгода . Сепак сте на високо .
 
E

elena.

Гостин
Кастрација на мачка - каде и колку чини отприлика? Фала однапред :smir:
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Имам еден проблем со мачоров мој.Дека живеам на 6ти спрат(последен во моја зграда),имам олук и коа тресам чаршав паѓаат по некои трошки на олукот и се собираат гулаби,ама дека и мачоров слободно царува по крововите на зградата,а ги види одма ги лови,сабајле еден едвај му го извадив од уста,некој нешо да ми помогне?
Инстинктивно ги лови, тоа е забава за него:) ако му забраниш да ги лови ќе падне во депресија
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Имам еден проблем со мачоров мој.Дека живеам на 6ти спрат(последен во моја зграда),имам олук и коа тресам чаршав паѓаат по некои трошки на олукот и се собираат гулаби,ама дека и мачоров слободно царува по крововите на зградата,а ги види одма ги лови,сабајле еден едвај му го извадив од уста,некој нешо да ми помогне?
Гледај само да не ти слета мачето од 6-ти спрат, у залет по тоа гулабиштата! Иначе, ја сум уживала кога ќе начекав некој од моите мачори во момент на лов. Фасцинантно! Нешто неописиво е, како мачка може да процени каде некоја птица ќе слета, како буквално со лазење се прикрадува...затоа, драго мое дете, не знам како човек може да ти помогне? Ја би ти рекала да престанеш да го тресеш чаршафот на балкон и да не оставаш трошки, за мачето да го спасиш од погрешна проценка, а не гулабите. Пошто, нели, тие се храната, онаа вистинската храна за твоето маче... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom