Мачки (општи дискусии)

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Еве го моево сивињиште што го чувам дома,јаде како нездраво по цели денови,ама за среќа многу е живо т.е многу трча,се бори и сака да се закачка,крвац му јебем луд :)
Иначе собрано е од улица пред два месеца и за една недела се научи каде му е местото за мочање и серење...премногу паметно мачорче.

Моментално овие слики ги имам,од телефон се,и знам тиња се,ќе го сликам во наредниве денови со апарат и ќе ги поставам сликите :)
 
P

PoisonLady

Гостин
АКо некој има жолто,машко,не многу мало маче за давање-нека ми пише ПП.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
за една недела се научи каде му е местото за мочање и серење...премногу паметно мачорче.
Maчките можат да го научат тоа и за еден ден, ако знаеш како да им воочиш што треба или што не треба да прават, пример еднаш отвараш фришидер и му даваш да јаде, наредниот пат кога ќе отвориш одма рипа и чека да биде наранет. Значи овие навики и постпаки мачките ги осознаваат многу брзо бидејќи инстиктот им налага што побрзо да се адаптираат и се разбира опстанат, на овој начин успеваат да преживеат и во најсуровите средини во дивината а што е најважно многу се самостални за разлика од кучињата кои живеаат во заедница. Неможеш да поседуваш мачка она те поседува тебе :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Maчките можат да го научат тоа и за еден ден, ако знаеш како да им воочиш што треба или што не треба да прават, пример еднаш отвараш фришидер и му даваш да јаде, наредниот пат кога ќе отвориш одма рипа и чека да биде наранет. Значи овие навики и постпаки мачките ги осознаваат многу брзо бидејќи инстиктот им налага што побрзо да се адаптираат и се разбира опстанат, на овој начин успеваат да преживеат и во најсуровите средини во дивината а што е најважно многу се самостални за разлика од кучињата кои живеаат во заедница. Неможеш да поседуваш мачка она те поседува тебе :)
Да знам дека може да се научат за еден ден,но проблемот кај оваа мачка е што е собрана од улица,т.е мајка ми ја собрала од улица,го видела мало мачорче со мили очиња и го донесе дома,па одма следниот ден го однесовме на ветеринар да му нашиба инјекции против разни болести дрн дрн :)
Фрижидерот кога се отвара знае каде му е местото-подалеку од фрижидерот и не скока одма пред фрижидер,бидејќи си има храна за мачки и толку е навикнат на неа,што да му даеш свинско пред него,нема да го изеде :pos:

Само има една опасна навика,увек кога седам пред компјутер,се качува на масата и ја брка стрелката од маусот...абе комедии е тогаш :pos:
 
L

Lu

Гостин
Dragon[Sky];3856320 напиша:
Знае некој дали е можно да се најде вакво маченце у Македонија? :)

Ако прашуваш за изгледот, вакво маче не само што НЕМОЖЕ да се најде во Македонија,туку неможе да се најде нигде во светот!
А неможе да се најде бидејќи сликава е фотошоп.Непостои ниедна раса на маче со толку куси предни нозе.
А ако прашуваше за маче со таква боја,ете ТОМЕТО: погоре ти оставил слика со иста боја на мачето какво што бараш.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
за оние кои живеат во стан -одлична идеја да им направат на своите миленичиња , мачките , посебно катче на терасата

L

Lu

Гостин
за оние кои живеат во стан -одлична идеја да им направат на своите миленичиња , мачките , посебно катче на терасата

Баш вакви исти куќарки (незнам баш правилно како се викаат) гледав кај Мелита во „Бруно дог шоп„ само што не беа волку високи.
 
LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Јас на дебилов мој,му имам купено од Џамбо(во Грција,кај нас нема),од коноп еден конус за да си гребе по него.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Пак немам среќа со мачињава :(
И новово маче старо само 5 месеци има некои проблеми. Прво се разболе (ама го излечивме), а сега едното око скоро и да не го отвара. Истото го забележувам и кај другото маче (црното од сликите)...
Како што ми кажа една што чува мачки подолго време, демек ако го затварале окото (а тоа не е последица на некоја борба), тогаш мачето ќе ослепело... Колку има вистина во ова???
Што ќе му правам ако ослепе, нема да го оставам така да се малтретира, ќе треба да си го убијам сопственото маче :(
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91

Го носеше на ветеринар?

Немора да значи дека ќе ослепе на тоа око што му се затвара нормално ако на време му дадеш терапија. Имав и јас случај со неколку мачиња настинуваат и на едното око се јавува инфекција слузницата е крвава има гноен исцедок па им ставав капки дексаметазон и ги мачкав со маст за очи хлорофеникол, Витамин Ц, антибиотик и се опоравија. А едно маченце имаше инфекција на окото ама не од настинка туку од некое страно тело му се пикнало во окцето,нешто како сува тревка ја извадив и се нормализираше.
Ако неможеш сам да се справиш ќе мораш на ветеринар.
 
Ќе да е првовот, дека има некоја инфекција. Проблемот е што станува збор за многу чудно маче. После толку време сеуште не е толку припитомено. Па така освен кога е заспано, не ми дава на раат да го фатам и да го галам туку бега. Седи по дома цело време, ама пак не дава да го играме. Така да тешко да го фатам и да го однесам на ветеринар, ми е страв да не кидне некаде...
Ќе пробам да направам нешто од ова што ми кажа ти. Фала на совет!
 
Ќе почне да се гали,коа ќе му помине детската возраст не се секирај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom