Мачки (општи дискусии)

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
ни кучињата не се луѓе :)
Не се луѓе но имаат поголема, поточно безусловна (вечна) љубов према луѓето, нешто што и ние како луѓе го немаме. Иначе ти гарантирам дека тоа е само инстинкт, и јас не би сакал да си признаам ама тоа е реалноста :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Да мачките доаѓаат кога ке ги викнеш ама не да си играат туку мислат дека нешто ке им дадеш.Кучињата си играат кога доаѓаат, ке трчаат околку тебе и ке те тераат да станеш да си поиграш со нив.Мачката ке ти се врти околу рацете и ке те гледа право у очи-ке чека нешто од тебе ....ШО МЕ ВИКНА ОВОЈ/АА ПА СЕА?
Токму заради ова ги сакам мачките.
Некои од нас тоа го викаат користољубие, ја го викам практичност. Мачката ни посветува онолку време колку што е потербно-за да добие храна, а потоа оди да ги брка останатите две најважни работи (за неа)-секс и територија. Вистина е дека "играат" со нас додека се мали-зборот го ставам во наводници, бидејќи оноа што за нас е играње, за мачката е подготовка за опстанок-таа учи или вежба со нас (наместо со мајката) да лови и да се бори (во иднина за територија). Нема тука виткање од благодарност-како што ни се чини дека прават кучињата. Кучешкото однесување е соодветно на нивната природа-живот во чопор, алфа единки, надредени и подредени...сосема поинаква природа од мачјата.

Кај двата вида важат поинакви правила и прописи. Не знам зошто, но поистоветување на кучешкото однесување со верност до смрт, безусловна љубов, предаденост на "газдата" итн ми се малку смешни. Секако дека ова ни е поприфатливо бидејќи и годи на нашата егоцентрична природа, желба за контролирање на све живо и потребата за љубов (а нели од кучето ја добиваме "безусловно"). Секако ни годи кога некој покажува благодарност за оноа што го правиме за него. Така и кучешката психологија е отелотворување на нашите желби и очекувања во односот со другите луѓе.
И на крај ќе кажам дека кучешката манифестација на љубов, што ќе рече целодневна преокупираност со кучешкото милениче мене ме гуши. И ова го зборам од искуство. Со мачките секогаш ми било многу полесно-нема постојано врцкање околу, желба за заедничко тегнење на предмети, раскупусани чевли, изгризани скали, изгребани врати, исопосран двор, жолти флеки во тревникот од мочање насекаде, лаење на звук предизвикан при паѓање на лист од дрво и така...Мачката досаѓа семо кога е у секс-занес, и тоа најчесто кај комшиите; кака и мочка исто така у дворот на комшиите, ја "онаквува" исто така комшиската мачка (ако имате мачор), не лае...за мене ова е добра предност во однос на куче:)

Твојот избор да чуваш бел глушец малку ми е чуден, јас лично не можам да поднесам глодари. На филмови сум видела дека ги пуштаат затворени во пластична провидна (перфорирана заради доток на воздух) топка да се котрљаат низ цела куќа-така нема можност да се упика у некоја дупка и да избега, а сепак е пуштено слободно да се движи. Мислам дека одамна (пред некоја година) видов вакво нешто и во наш Пет-шоп, не сум сигурна. Вака, и сестра ти ќе може да си чува маче;)
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.717
Поени од реакции
22.682
Никако, во никој случај не смеат благо и не му давај. Моето воопшто не го ни привлекуваат чоколади и слични ствари, али затоа зелени маслинкии, лудило :)

На моето маче лиги му течаат за милка и други благи работи...Плус јаде домати и краставици а нај омилено јадење му е чипсот...
 
A

ancheto

Гостин
ни моето не е подобро,
мармалад да му дадеш, мармалад јаде,
иако му е омилено јадење.:D

p.s. го викаме Онур, а женско е:kesa:
ама додека научив дека е женско веке почна да разбира и да се оѕвива на Онур:toe:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Знаете што значи расипан заб кај домашно маче или куче? Не знам како е на запад, таму можда им ставаат и забни импланти, ама у МК им прават боц-и правац крематориум. Затоа, ако сакате подолго да си играте со домашното милениче, не го хранете со мармалад, милка чоколади, торти, еуро крем-без разлика дали е црниот или белиот дел, соленки, ајварче или лутеница и такви глупости. Доволно е што ги уништуваме со готовата конзервирана храна. Ја на пример сум ги хранела моите со конзерви и сува храна, некогаш поединечно, некогаш комбинирано. У меѓувреме, знаева сами да си ја надополнат исхраната со некое глувче, врапче, бубалки-не сум бранела ништо. Проблемот беше, кога ќе посакава уловот да го споделат со нас-брррррр...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
На моето маче лиги му течаат за милка и други благи работи...Плус јаде домати и краставици а нај омилено јадење му е чипсот...

Абе и моето обожава турско кафе да лиже, едвај чека да направам :) али никако не му давам, шта зна мачка шта ја добро за неа :icon_lol:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
На моето маче лиги му течаат за милка и други благи работи...Плус јаде домати и краставици а нај омилено јадење му е чипсот...
Нема уште долго да јаде, ако продолжиш да му даваш такви работи...
 
A

ancheto

Гостин
имам маче,
и денес дознав дека е бремено, ама заборавив да прашам што да правам, колку време и треба да се породи и слични работи.
Дали некој може да ми објасни?:smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
имам маче,
и денес дознав дека е бремено, ама заборавив да прашам што да правам, колку време и треба да се породи и слични работи.
Дали некој може да ми објасни?:smir:
Следново е превземено од една книга за мачки:
Бременоста кај мачките претставува период од моментот на парење до омачување. Трае два месеци-просечно 62 дена (од 56 до 67 денови). Должината на носењето е во врска од бројот на плодовите т.е ако нивниот број е поголем, породувањето се ближи кон 56 ден и обратно, што значи: повеќе плодови, пократко носење. Кај трудната мачка не се забележуваат рани физички знаци на бременост, освен некои промени во однесувањето како: невообичаена смиреност, незаинтересираност за играње, поспаност и сл. Дури во втората половина од бременоста можат да се опипаат плодовите.
Пред самото породување мачката е изразито вознемирена, потоа е повлекува барајќи мирно и скришно место кое што го проценила како безбедно за своите млади. Мачењето започнува со породилни болки, кои во почетокот се благи и ретки а подоцна се почести и јаки со што најпрво од срамниот отвор излегува водењакот; откако тој ќе пукне и откако од него ќе истече течноста, се појавува првото маче. Брзината со која што излегуваат плодовите е различна. Тоа значи дека паузата меѓу две мачиња варира од неколку минути до еден или повеќе саати. Исто така паузата може да биде различна меѓу секои два плода. Со секое маче излегува и неговата постелка со која е врзано преку папокот. Кога мачето целосно ќе излезе, мајката ја прегризува папочната врпца и така го ослободува мачето од постелката. Потоа ја јаде постелката и почнува да го лиже новороденото маче, со тоа поттикнувајќи го да дише. Постелката вообичаено се исфрла веднаш после мачето, а понекогаш е поттисната од следниот плод. Исто така се случува мачето да се роди замотано во својата постелка, па мајката сама ја чисти. Мајката ја јаде постелката од мачињата (некаде читав дека тоа , меѓу другото, ја стимулира појавата на млекото). Особено е важно мачката да ги исфрли сите постелки (а ги има колку што има мачиња). Понекогаш може да закасни исфрлањето на последната постелка-дури и до 12 часови. Сопственикот мора да биде сигурен дека СИТЕ постелки се исфрлени, бидејќи неисфрлената постелка може да предизвика тешки компликации кај мачката.
Обично мачката омачува 3-5 мачиња. Првите денови после породувањето, мачката е постојано со своите млади. За време на доењето на мачката мора да и се појача исхраната-пилешко и јунешко месо, риба, жолчка од јајце, млеко и малдо несолено сирење, витамини А, Ц и Д, калциум, фосфор и железо...(ова ко да раниш чоек :) )
Некаде прочитав дека жолчката од јајце е штетна за мачка, ал еве овде ја пишува, кој ќе му ја знае...

Ова е тек на НОРМАЛНО породување кај мачките. Секако може да настанат компликации и заради тоа е потребна помош од ветеринар. Затоа, за секој случај имај при рака бројче. Исто така, не е лошо кај претходно спомнатата стручна особа да се информираш за состојбата на твоето милениче.

ПоздравЧе.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Имам мачиња стари 3 недели и им умре мајка им и немаат од каде да се хранат. Им давам топло млеко во сад, им давам со цуцла, со пинцета но едноставно не сакаат, уште се многу мали и не знаат како да се прехранат. Ми умре едно и сега останаа две. Ве молам за совет како да ги натерам да се прехранат, ако може во најбрзо можно време
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Имам мачиња стари 3 недели и им умре мајка им и немаат од каде да се хранат. Им давам топло млеко во сад, им давам со цуцла, со пинцета но едноставно не сакаат, уште се многу мали и не знаат како да се прехранат. Ми умре едно и сега останаа две. Ве молам за совет како да ги натерам да се прехранат, ако може во најбрзо можно време
Со пинцета???? Мислиш со пипета?! Да, со пипета, директно у грло, сака нејќе мора да голтне. Да, малку е насилнички, ама мораш. Ако не сакаш и не знаеш, ветеринар ќе ти среди, однеси ги и тоа брзо, ако едно умрело до сега може и другите да ти се готови.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Имам мачиња стари 3 недели и им умре мајка им и немаат од каде да се хранат. Им давам топло млеко во сад, им давам со цуцла, со пинцета но едноставно не сакаат, уште се многу мали и не знаат како да се прехранат. Ми умре едно и сега останаа две. Ве молам за совет како да ги натерам да се прехранат, ако може во најбрзо можно време
На сила отвори им ја устата и капни им малце.После ке разберат како и што,ке биде полесно.Не знаат сеуште за млеко,ама вака ке научат.
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Имам мачиња стари 3 недели и им умре мајка им и немаат од каде да се хранат. Им давам топло млеко во сад, им давам со цуцла, со пинцета но едноставно не сакаат, уште се многу мали и не знаат како да се прехранат. Ми умре едно и сега останаа две. Ве молам за совет како да ги натерам да се прехранат, ако може во најбрзо можно време
Пробај со шише со цуцла или медицинска ракавица со дупче на едниот прст да им дајш млеко. Млекото нека е разредено со многу малку вода за така да е послично со мајчиното.:smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Имам мачиња стари 3 недели и им умре мајка им и немаат од каде да се хранат. Им давам топло млеко во сад, им давам со цуцла, со пинцета но едноставно не сакаат, уште се многу мали и не знаат како да се прехранат. Ми умре едно и сега останаа две. Ве молам за совет како да ги натерам да се прехранат, ако може во најбрзо можно време
Да кажам дека хумано звучи твојот напор да ги спасиш мачињата; лично сум малку резервирана колку ќе успееш во тоа. Некаде читав дека после хранењето мораш малце да ги галиш (како што ги лиже мајката) за да им го стимулираш варењето. Мораш веднаш да го исчистиш и "кафеавиот" дел со стерилна крпа (кој што излегува скоро веднаш по хранењето) бидејќи можат да настанат инфекции. Со други зборови мораш да станеш МАЈКА МАЧКА т.е да правиш све што прави мачката која инстинктивно ги лиже и чисти. Малечките исто така инстинктивно "месат" со предните ноџиња по градите на мајката цицајќи, со што го стимулираат млекото. Можеби пипета завиткана во мека крпа највеќе ќе наликува на топлите гради на мајката? Пробај, не губиш ништо.
Природата има одговор за све; дали ти ќе успееш да створиш природни услови, не сум сигурна, бидејќи оваа активност бара многу трпение и знаење.
Од искуство знам дека ваквите "присилно" одржани легла се деликатни; единките се послаби, поподложни на болести и со краток век. И тоа не е нешто што изненедува, бидејќи имунитетот го стекнуваат преку мајчиното млеко (што во случајов го нема). Затоа, немој да си префрлаш ако напорот остане без успех-науката тоа го нарекува природна селекција.
Гледам дека поминало некое време од твојов пост; би те замолила да напишеш за твоето искуство, без разлика на исходот.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Зедов едно маченце, 1 до 2 месеци старо и освен салама и кашкавал ништо не сака да јаде. Му дробам млеко со леп но за жива глава не сака да проба од лепчето.. Ова ми е првото маченце па не знам баш како одам работите. Уште е мало за лепче или?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom