- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 1.952
- Поени од реакции
- 14
Македонските банки се “тепаат” за денарските заштеди
Зошто растат каматите за штедење во денари ?
Изминатите години рочноста на пласманите, особено рочноста на кредитите кои ги даваат банките сe повеќе расте, па затоа тие почнаа да прибираат подолгорочни депозити кои сами по себе носат повисоки каматни стапки како цена за преземениот ризик на подолг рок. Во услови на зголемена конкуренција меѓу банките во Македонија, ваквиот интерес води кон понуда на повисока камата за домашното долгорочно штедење.
Игор Петровски
petrovski@kapital.com.mk
Хипотекарната криза од американскиот пазар почнува да се чувствува и во земјите од Југоисточна Европа. Во Словенија, на пример, целиот банкарски сектор е воздржан во меѓусебното долгорочно финансирање.
Словенечките банки голем дел од своето работење го финансираат преку позајмувања од странски банки, бидејќи стапката на штедење на словенечките граѓани растела прилично побавно отколку стапката на задолжување. Затоа е можно да се очекуваат дополнителни покачувања на каматните стапки на долгорочните депозити, пишува љубљански Дневник.
Некои тамошни економисти веќе предупредуваат на малата големина на словенечките банки, кои би можеле да се најдат на ударот на заострените услови на меѓународниот финансиски пазар. Освен промената на референтните каматни стапки Еурибор и Либор, заради хипотекарната криза во САД дојде и до промена на цените на заемите, кои што пораснаа за 0,5 до 0,8%. Најголеми проблеми ќе имаат самостојните банки, кои што не се дел од поголема групација што е во можност да ја финансира поголемата побарувачка за заеми. Банките тогаш многу веројатно е дека ќе се насочат кон зголемување на каматните стапки на долгорочното штедење на населението, со што би привлекле поголема количина на средства и со тоа би ја ублажиле потребата за задолжување во странство.
Трендот на покачување на каматните стапки, особено за денарското штедење на подолг рок се забележува сe повеќе и кај нашите банки, иако можеби не од потполно истите причини како и кај словенечките. Мирјана Контевска од Дирекцијата за информирање во Комерцијална банка вели дека кај нив трендот е започнат некаде во 2006 година, кога, за илустрација, каматните стапки на денарските влогови орочени на 24 и 36 месеци биле 8% и 8,25%, на 01.03.2007 се зголемени на 8,25%, односно 8,65%, а од први јануари годинава има повторно зголемување и сега каматната стапка изнесува 8,35% за денари орочени на 24 месеци и 8,85% за 36 месеци. И во останатите банки трендот е ист. Каматните стапки на долгорочните денарски депозити достигнаа девет отсто, а на оние орочени во евра и до 4,5%. Во Прокредит банка се од четири отсто за депозити по видување, до 8,5% за средства орочени на пет години. Во НЛБ Тутунска највисоката каматна стапка за денари е исто така 8,5%, во Стопанска банка 8,75%, а во ИК Банка 9%.
Зголемената конкуренција си го прави своето
Како главна причина за порастот на каматите на орочените денарски депозити кај македонските банки, во НЛБ Тутунска банка ја наведуваат потребата да се усогласи рочната структура на нивните извори и пласмани. Изминатите години рочноста на пласманите, особено рочноста на кредитите кои ги даваат банките сe повеќе расте, па затоа тие почнаа да прибираат подолгорочни депозити кои сами по себе носат повисоки каматни стапки како цена за преземениот ризик на подолг рок. Во услови на зголемена конкуренција меѓу банките во Македонија, ваквиот интерес води кон понуда на повисока камата за домашното долгорочно штедење.
Стабилноста на курсот на денарот во комбинација со повисоките каматни стапки, нормално е дека доведоа и до зголемување на штедењето во денари наспроти девизното штедење. Според последните податоци на НБРМ денарските депозити на население во 2007 година се зголемени за 66%, додека зголемувањето кај девизните депозити изнесува 13,6% во однос на состојбата од крајот на 2006 година. Генерално ова е позитивен тренд, затоа што освен поттикнување на штедењето, доведува и до привлекување на вишокот на ликвидност од граѓаните и компаниите и активирање на неактивните парични средства во земјата, сметаат во Прокредит банка. Од друга страна пак, македонските банки нудат сe поразновидни производи во поглед на кредитирањето на населението и компаниите, а каматните стапки паѓаат, со цел да се придобијат што повеќе клиенти. Се наметнува прашањето, доколку растат пасивните каматни стапки, нема ли да се случи и пораст на активните каматни стапки (цената по која банките одобруваат кредити на население и компании)? И тоа во период, кога кредитната експанзија зема замав во земјава и банките нудат сe поразновидни кредитни производи.
Не треба да се очекува поскапување на кредитите
Доколку се гледа генерализирано, одговорот е да. Ако каматата на изворите кои ги користат банките расте, нормално е и каматата на пласираните средства да биде повисока. Сепак, бидејќи кај македонските банки не растат сите пасивни каматни стапки, туку растат главно каматните стапки на долгорочните денарски депозити, не треба да се очекува поскапување на кредитите, а посебно не во услови на зголемена конкуренција и борба да се освои што поголем дел од пазарот, сметаат во стручните служби на НЛБ Тутунска банка. Банките имаат механизам за регулирање на каматниот ризик, таргетирани каматни маргини и политика на креирање на каматните стапки, кои што не во сите случаи подразбираат автоматизам во промените на стапките.
“Не сметаме дека овој тренд ќе има влијание врз порастот на каматните стапки на кредитите. Каматите на кредитите во просек бележат намалување на ниво на банкарски сектор. Проценка е дека ваквиот тренд ќе допринесе кон осамостојување на банките од странските кредитни линии и понатамошно зајакнување на нивната кредитна активност”, велат во Прокредит банка.
Во поглед пак на последиците што би ги имала евентуалната промена на курсот на денарот по орочените денарски депозити, банките, пред сe сметаат дека монетарната политика што ја води НБРМ не се води во насока на девалвација на денарот. Инаку, евентуалните последици би биле исти како и за платите на вработените, за пензиите и за севкупната економија која работи во домашна валута. Банкарите велат дека мора да се има во предвид фактот што граѓаните сe повеќе штедат во денари, бидејќи го имаат пресметано односот на валутниот ризик и приносот на денарските депозити. Каматната стапка на краткорочните депозити во денари на ниво на банкарски сектор во декември минатата година беше 6,4%, додека на депозитите во евра беше 2,5%, што го антиципира ризикот од промена на вредноста на домашната валута.
Извор: Капитал (www.kapital.com.mk)