- Член од
- 25 мај 2006
- Мислења
- 39
- Поени од реакции
- 2
Што е подобро? Кои се ризиците кои можат да се случат кај едното и другото штедење? На колкав временски период е препорачливо да се орочат пари?
Се заинтересирав да ги орочам парите во некоја од нашиве банки.Ме заинтересира зошто е толку голема разликата во каматните стапки за девизно и денарско орочено штедење.Ако за девизи орочени на 6 месеци каматните стапки се движат од 2 - 2,50% во зависност од банката, кај денари орочени на 6 месеци каматните стапки се движат од 6,50 - 7,50%.
Се распрашав во неколку банки за тоа кој е подобар начин да ги орочам моите девизи и добив различни мислења.Во Комерцијална банка ми рекоа дека најдобар избор за орочување е она што имаш, дали во моментот имаш девизи или денари.Образложението им беше дека со менување на девизите од денари ќе изгубам одреден дел на пари, а и тоа дека денарот не е стабилен т.е. една девалвација и тој нема да вреди ништо.Во друга банка ми рекоа дека подобро е да орочам денари бидејќи каматната стапка е до 3,5 пати поголема од онаа каматна стапка за девизи и дека со самото тоа ги вадам парите што ги губам при менувањето од девизи во денари а исто ги покрива и парите кои би требале да ги додадеме кога би купувале повторно девизи.
Ми треба совет околу сето ова и одговор на неколку прашања.Дали за 6 месеци може да се случи девалвација на денарот и растење на курсот на девизите со кој би биле во загуба толку многу да денарските каматни стапки не ги покријат овие трошоци?
ПС:Се работи за евра и за период не поголем од 6 месеци со тоа што каматата би се подигала месечно а не на крајот од орочувањето.
Се надевам дека има некој повеќе искусен и стручен да ни даде корисен совет за тоа што да превземеме и кој е најдобриот избор.