Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Во оваа тема можете да постирате и коментирате фотографии од ентериерот на вашиот дом. Освен коментари и фотографии, можеме да си даваме и совети за дилемите околу уредувањето на нашето катче, без разлика дали се работи за цел дом или соба.
Ајде да го скршам мразот и да почнам прв со нескриено задоволство од мојот нов дом кој сеуште е во фаза на доопремување и доуредување. Иако главните работи се средени (осветлување, мебел, кујна), останаа некои ситници кои треба да се доспастрат за да биде комплетирана целината која ја замисливме.
Ќе започнам со дневната соба. Осветлувањето во неа е комплетно наше решение, од идеја (нацртана на хартија) до реализација (самите ги правевме полукружните "стомаци" од гипс картон со рефлекторките и внатрешното скриено светло). Над прозорот, од крајот до крајот на собата се протега уште еден лак со рефлекторки. Ова не е примарно, туку амбиентално осветлување кое како решение нуди прилагодување на светлината според потребите (интензитетот на секоја група на светилки се регулира посебно) и пружа посебно уживање - од блескава фул лајт атмосфера до смирена, загасита, тивка и романтична светлина.
На спротивниот ѕид од гарнитурата (тросед, двосед, фотеља) е поставен телевизорот. Каблите под него веќе не се гледаат, струјата сега е извадена директно од ѕидот позади телевизорот од естетски причини.
Ова е трпезаријата. Осветлувањето во неа исто така е прилагодливо. Лустер и два странични "факели" со прилагодлив интензитет на светлина.
Се надевам наскоро, фотографии од спалната, работната соба, скалите и фасадата.