Која раса на кучиња ви е омилена?

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување
Acid напиша:
Пекинезерите ги сметав за мали и одвратни кученца, се додека не го запознав Ралф (кучето на Скул). По живо и поинтересно кученце никогаш не сум видел. Тотално ми го смени мислењето за расата :)

Значи:
1) Пекинезер
2) Хаски
3) Шарпланинец

I jas mislev deka pekinezerite se najlosi kucinja, ama sega go smeniv mislenjeto.... A gi sakam site busavi i vlaknesto rasi, sto rastat mali... i sto licat na topcinja :wink: Da ne znaes dali odi ili se trkala :) :):):)
 
samojed , haski i abortiran doberman (pinc) hahahaah
 
Ирски Сетер и Златен Ретривер
 
Хаски, германски шпиц, дога, доберман ...повеќе ги сакам оние опасните како што е догата:)
 
Haski pa Germanski Ovcar pa labrador
 
Mene Najomileno mi e ona kuceto kako se vika kako volk lici (haski,sibirski???), E kako na DaFFy avatarot! obozavam takvi uste od pomal vidov edno takvo i se zaljubiv :P
A NE ZNAM KAKO MU SE VIKA RASATA !!!
 
ротфајлер. делува моќно и има ѕверски изглед. Естетско решение за украс во дворот.

rottweiler.JPG
 
Sussaro напиша:
ротфајлер. делува моќно и има ѕверски изглед. Естетско решение за украс во дворот.
И евентуално алармен и елиминаторски систем за крадци.
 
Лабрадор.


и многу ми се закон оние претежно бели што се.
Како волци се само во делот што им е пред главата таму кај вратот влакната им се распоредени како на лавот што му се. Сеа расата не знам како им се вика
 
gi sakam site ama gi izdvojuvam:Dalmatinec,Haski,pudlici i labrador
 
Омилени раси ми се Ретривер и Кокер...
....и сакам баш вакво :love1: :love1: :love1:

cocker.jpg


...и вакво... :wub: :wub: :wub:

jet_head_002.jpg
 
Конечно..... некој го спомна Златниот Ретривер. Поубаво куче од него нема!!!!

Жолтите кучињата кои најчесто ги гледаме како составен дел на американското идеално семејство и станаа синоним за идеално семејно куче, им припаѓаат на расата златен ретривер. Ретривери се ловни кучиња кои во секакви услови, од земја или вода, погодениот пердувест дивеч го носат до ловецот. Постојат пет врсти на ретривери и кај сите нив е специфично тоа што нивното густо подвлакно е просто водоотпорно и со тоа ги штити од студот, а тоа ги прави употребливи како ловни кучиња по секакви временски услови.

Како творец на расата се води Лорд Твидмаут (Лорд Тњеедмоутх) од Шкотска, кој живеел во текот на 19 век. Иако точно не се знае од кои раси е создаден, се претпоставува дека влијание имале шпаниелите за вода, ирскиот сетер и малиот њуфаунлендер. Во почетокот бил излаган како ретривер со рамно влакно жолт вариетет, но од 1911 година добива официјално име ”златен ретривер”. Во тоа време бил строго ловно куче и најголем број на кучиња биле со темно златна боја на влакното, за разлика од денес кога се користи, покрај ловот, за водич на слепи, за барање на луѓе затрупани во лавини или земјотреси, барање на дрога, експлозив, често како семеен пес... а најчесто сретнувана боја (за жал, според мене) е светлата, безмалку бела боја на кучињата.​

Златниот ретривер спаѓа во средно големите раси на кучиња, мажјаците се високи од 56 до 61 см а женките од 52 до 56 см. Има снажно тело кое е за 10 % подолго отколу што е висината на грбенот. Главата е широка во пределот на челото, стопот е добро изразен, а носниот дел треба да биде широк и длабок. Очите треба да бидат темни, средно големи и да одаваат одраз на пријатност и интелегенција. Забалото треба да биде потполно и ножичкасто. Ушите треба да се насадени над линијата на окото, полегнати на образите и ако бидат повлечени нанапред треба да го покријат окото. Вратот треба да биде снажен, средно долг, сув, без вишок на кожа (фанон). Градниот кош треба да биде добро развиен, со добра длабочина, а ширината меѓу предните нозе треба да биде во ширина на машка тупаница. Горната линија на телото е рамна и цврста и завршува со богато обраснат опаш кој ја следи линијата на грбот и досегнува до петиците, но не подолго и никогаш не треба да е носен на грбот или меѓу нозете. Предните нозе се рамни а задните добро искосени со ниско поставени петици. Влакното е рамно или малку кадраво, со густо подвалкно. Тоа треба добро да прилегнува на телото и не смее да биде свиленкасто, предолго или со проредено подвлакно. На задната страна од предните и задните нозе влакната теба да бидат подолги, односно така наречените ”знаменца” да бидат добро изразени. Бојата на влакното е движи од светло кремова, со изразито златна боја...
Silkchaser_050508.jpg


8OtBCo41a1wUPO6v.jpg


zlatni20retriver202.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom