Сe` се случува со причина

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Се согласувам, да. Исто се случува како кога си разочаран и на некој начин за утеха ти викаат така требало да биде, па така и ова. Постоиме со причина и се што правиме и што ни прават ни прават со некаква причина само што причината многу тешко можеш да ја дознаеш или воопшто да не ја дознаеш. И на пример кога ќе успееме во некоја работа ќе знаеме дека сме вложиле труд дека сме ја замислиле однапред но тоа не е вистинската причина за нашиот успех. Секое нешто е последица на некое друго нешто.Така да причината на се што ни се случува доаѓа од самата причина на смислата на нашиот живот.
 
Не се сложувам,не.

А ако ја разгледаш малце темата Ves,ќе сфатиш за каква причина се зборувало на последните 8 страни,а за каква почнавте да дискутирате на последнава 9та страна.
Но,се согласувам дека последната реченица од постот ти е легендарна,и тоа во негативна смисла.
 
Јас мислам дека се се случува со причина, дека се што ни се случува е предизвикано од нешто, од некој, од самите себе најчесто,а и од други околности можеби :smir: али ништо не е случајно, така јас мислам :)
 
Кој верува во судбина, верува и дека се' се случува со причина...
Од друга страна гледано пак, оваа фраза често знаеме да ја употребиме и како изговор за нешто што се случило, а со кое не се гордееме или едноставно не сме го посакувале, па ја користиме за на некој начин да ја оправдаме случката.. И да, и јас сум од тие кои веруваат дека се се случува со причина...:vozbud::smir:
 
Апсолутно! Инаку би се случувале бесмислени работи кои немаат никаква цел:toe:
 
Мислам дека некои работи во животот и се случуваат со причина но не и се имаме и случајности , јас така мислам ..
 
Има голема мудрост во тоа што не можеме да знаеме дали се се случува со причина. Кога би знаеле дека е така би станале како кукли што не чувствуваат болка, што не размислуваат, не се преиспитуваат, не се калат и развиваат, се би прифаќале како да е во ред, а којзнае што би правеле тек оние што сметаат дека согласно на тој закон се е во ред што и да прават. Инаку, би рекол дека има судбина и карма но има и слободна волја, значи има и случајности... којзнае :).
 
Инаку, би рекол дека има судбина и карма но има и слободна волја, значи има и случајности... којзнае :).

Абе се тоа супер....
Ама не ти е малку безврска кога ќе размислиш , и двете да бидат точни а едно со друго да не се согласуваат.

Ако има судбина, значи дека неможеш да ја промениш.Таква е каква што е , и доколку би била подложна на промени , не би ја нарекувале судбина.

А од друга страна , ако имаш право да бираш....т.е слободна воља.Значи дека судбината ти оставена во твои раце, и можеш да ја кроиш како сакаш,и менуваш кога ќе посакаш.

и уште нешто ,ако постои судбина, која ти била предодредена, која е смислата да постои бог кој ќе ти суди за твоите постапки и дела.....
(ова последново , онака само го уфрлив уз муабет , како интересна пoследица доколку веруваш во судбина)
 
Абе се тоа супер....

Ако има судбина, значи дека неможеш да ја промениш.Таква е каква што е , и доколку би била подложна на промени , не би ја нарекувале судбина.
Токму тие промени на кои сме подложни ги идентификуваме со фразата дека се се случува со причина, односно дека имало причина која влијаела токму на тој наш избор!!!
 
Токму тие промени на кои сме подложни ги идентификуваме со фразата дека се се случува со причина, односно дека имало причина која влијаела токму на тој наш избор!!!

А да те прашам :raz:
Што подразбираш ти под поимот судбина ???
да опишеш што е тоа судбина....
 
За се има причина и последица. Сите настани во светот што се случуваат се со причина и последица.

Тоа е и физички закон..... Кој имал прилика да учи диференцијални равенки, сигурно најдобро го сознал тоа.... Секој природен закон во науката се докаѓжува со причина и последица.... :) ај да не избегам многу од темата... Ама Дефинитивно ПОСТО ПРИЧИНА-ПОСЛЕДИЦА, и се на светот се базира на тоа.
 
А да те прашам :raz:
Што подразбираш ти под поимот судбина ???
да опишеш што е тоа судбина....

Император друже,џабе е.

Она ќе продолжи да збори за причините кои претходно влијаеле на одлуката,а целава тема е за идните причини,како на пример ти се расипала колата,но причина било што додека автостопираш,ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот.
Не можеш да објасниш на фин начин дека всушност дискутираат веќе докажани работи.
 
Абе се тоа супер....
Ама не ти е малку безврска кога ќе размислиш , и двете да бидат точни а едно со друго да не се согласуваат.

Ако има судбина, значи дека неможеш да ја промениш.

Не може да се промени во смисол не може да се избегне, но може да се прилагоди, затоа е слободната волја слободно да размислуваме. Слободната волја ни е сама по себе голема, но поради нашиот капацитет изборот ни е ограничен.

Мац, Фликс спомна дека е тоа оптимистички, па први примери што им паѓаат на памет на луѓето се тоа, лични примери.

Ај да пробам личен пример дека зло за добро е. Колку бев среќен 2003. година во странство а не знаев за тоа, носталгија ме уби, кога ќе ја пуштев Земљо моја од Амбасадори паѓав. Не знаев дека Македонија е толку убава кога сум далеку од неа, и се вратив а не си оставив можност да се вратам пак. Се вратив овде но првичната еуфорија кратко траеше, за неколку месеци се вратив во апатично расположение, со кафетини и седативи секој ден, а во странство заборавив дека постојат тие работи. Но почнав многу да се бавам со филозофија, религија, психологија, дискусии и сега сум многу позадоволен со паметот кој го имам во споредба со порано, но не и со среќата. Но кога ќе се сетам колку лошо се однесував во странство, грубо се шегував со луѓето, бев ко будала, среќна будала но сепак. И така, се на се не сум сигурен дали кога би можел сега да бирам да останам кај што бев или да се вратам овде дали би останал иако бев среќен. Сега со овој памет би останал. Можеби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom