Што кога ни е сеедно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум бил ни јас во таква положба,треба да правиш муабет со баба ми,таа пие по 2 лексиуми дневно :pos2::pos2:
 
Joey напиша:
Не сум бил ни јас во таква положба,треба да правиш муабет со баба ми,таа пие по 2 лексиуми дневно :pos2::pos2:

Лоша компарација, уште полош пример :helou:
Сигурно не пие дека и е сеедно...туку за да и биде сеедно :toe:
 
Може да се случи да ти биде сеедно за нешто, да не се замараш едноставно. Тоа го имам искусено и не треа долго, а обично доаѓа по некое гомело разочарување или пак после некоја бура од чувства кои ги имаш осеќано а не ти биле возвратени па стануваш безчувствителен, се ти е сеедно не се замараш, а кај некои се појавуваат симптоми на депресија.
 
*

Мислам дека не може да трае цел живот, во тој случај нашиот живот би немал смисла. За да дојде до таква ситуација мора нешто силно да не разочарало...
А тогаш ваљда, да, би поминало во депресија...

Депресијата не е да ни биде сеедно, малку погрешно сум се изразила.
Рамнодушноста повторно не врши работа ... можеби сепак се е само момент.:toe:
 
au najlosoto neso...ama spored mene toa se periodi na oddalecuvanje od site,koga se ke ti se smaci,ednostavno baras mir i tisina.da se najdes samiot sebe si.a veke ako ne e samo eden period tuku trae podolgo vreme toa e veke bolest...bidejki treba da imas epten los zivot za da navlezes vo takvo cuvstvo.a na period ne e strasno,bidejki na sekoj mu treba vreme za samiot sebe si.
 
Никогаш не се случило да ми биде сеедно за се околу мене.Секогаш имам некоја причина или нешто кое што ме прави среќна и кое што ми е важно и за кое што условно кажано се ’’ замарам “.
Не би сакала да дојде тој момент кога ништо повеќе нема да ми биде важно.Сакам да имам некоја цел и некоја причина за да продолжам понатаму.
Во спротивно,животот ќе ми биде многу празен и тажен и беден.
 
,,Да ти е се сеедно, не може да ти стане туку-така. Значи мора нешто ,,битно,, да се случило, некаков неуспех, загуба, нешто што те разочарало, па доаѓаш во некоја состојба која пак нема да ја дефинирам како ,,се ти е сеедно,, туку како едноставно, работите што ти биле важни не ги гледаш со истите очи, го немаат интензитетот на приоритетност за тебе во тие моменти и почнуваш да мислиш дека ти е сеедно. Меѓутоа апсолутно сеедно не може да ти биде во никој случај. Некаде во потсвеста остануваат проблемите и дилемите. Инаку ваквата состојба оди рамо до рамо со депресијата и не може да се дефинира како рамнодушност во никој случај, секогаш е последица на некаков внатрешен дисбаланс.
 
Добро објаснување, што мене ми налага други прашања, како штом се ни е сеедно, зарем не сме дошле до точката од која нема враќање и + зарем не е токму оваа состојба причина за најдрастичниот чекор, самоубиство?

Не сакам да ја претворам темава во уште една дискусија за самоубиството, но сепак мислам дека можеби може да се разгледа како еден од факторите?
 
Во врска со самоубиството. Тој акт е сепак предизвикан од длабока емотивна нестабилност и ужасно ниско ниво на самоувереност, чија присутност постои во онаква димензија доволна само да ја охрабри личноста да го заврши својот живот. Значи ако си во таква состојба да ти е сеедно поради икс причини, како загуба, разочарување и слично (не дека верувам дека тоа постои - често баш таквиот стадиум значи не друго туку потиснување на чувствата коишто го предизвикале истиот), твојот ум и тело вегетираат и, како што кажа Kvendolin, едноставно приоритетите се измешале и изгубиле во тој процес на се поинтензивно бледнеење на чувствата и интензитетот на истите. Додека за самоубиство е потребно итекако да работат умот и душата, што во овој случај е кажано во многу негативна конотација.
 
Тоа се дешава кога од премногу психички напори самата психа, она внатре опаѓа на некој начин. Најчесто доаѓа до депресии во такви моменти.. Се случува.. Не е тоа да ти е за се сеедно.. Туку од преголемата болка прикриена во себе, човечкиот ум прикрива се друго, а со тек на времето постои таа болка но веќе сме навикнати на неа.. И баш филингот е у стилу - СЕЕДНО МИ Е..
Моменти се тие.. Минуваат. Сепак заебано е кога доаѓа до такво нешто.. Само со волја да се преброди тоа и со вистински луѓе околу себе ќе се избрише тој дел од одразот на душата претопен како огледало во очите..
 
Во таква ситуација не сум била, тоа ми се десило само за некои ситници кои се забораваат и ми е сеедно.:toe:
 
*

Во врска со самоубиството. Тој акт е сепак предизвикан од длабока емотивна нестабилност и ужасно ниско ниво на самоувереност, чија присутност постои во онаква димензија доволна само да ја охрабри личноста да го заврши својот живот. Значи ако си во таква состојба да ти е сеедно поради икс причини, како загуба, разочарување и слично (не дека верувам дека тоа постои - често баш таквиот стадиум значи не друго туку потиснување на чувствата коишто го предизвикале истиот), твојот ум и тело вегетираат и, како што кажа Kvendolin, едноставно приоритетите се измешале и изгубиле во тој процес на се поинтензивно бледнеење на чувствата и интензитетот на истите. Додека за самоубиство е потребно итекако да работат умот и душата, што во овој случај е кажано во многу негативна конотација.

Повеќе можни варијанти имаш за да дојде до тој акт, еве и зошто:

1.Ако го земеме твојот пристап, доаѓаме до нешто „Ако нема човек, нема проблеми“ и правиме потполно осврт кон лошата психичка и емоционална состојба на личноста.
Премногу проблеми, недостиг од нивно решавање и желба за самоубиство.

Додека мојата солуција:

2.Се ти е сеедно, не ти е грижа дали јадеш, дали спиеш, дали љубиш, дали вегетираш ... дали живееш.
И тогаш клучниот момент е кога одлучуваш дека би ти било и сеедно да се убиеш.
 
Во ваква ситуација би ти било сеедно и да не се убиеш, значи ситуацијата е апстрактна и не опишува личност која е во состојба да донесе некаква одлука или да размислува. Ако нешто направи оваа личност, а да има врска со себеповредување или самоубиство тогаш тоа би го направила несвесно. Оти на психолошки здрава личност не можат да и бидат неважни работите кои ги споменуваш, ова само во случај на некаква тешка депресија, ама тука и не сум толку стручна.
 
Ќе земеме конкретен тип на персона:
Тип: емоционална дисфункционалност, потреба од емоции!
Состојба: рамнодушност кон светот

Кога таков тип на личност ќе дојде до точка се да биде просто сеедно, многу е полесно, поедноставно само да си го ставиш пиштолот на слепоочница и да пукаш.

Луѓето кои кон се гледаат како на рамниште без земја, се им е повеќе од јасно и свесно направено!
А за психолошки здрава личност не би го имале овој разговор!:wink:
 
Сепак нелогично ми е дека кај личност склона кон самоубиство не се присутни емоции како депресија и сл. И како шо кажав претходно, не верувам дека воопшто постои таква состојба (и затоа упорно неможам да го сметам самоубиството како можен исход од она што не верувам дека постои) бидејќи истата мора да биде предизвикана од претходно разочарување, неуспех или шо ти јас знам, кои сами со себе носат и такви чувства кои создаваат бариера меѓу слободното изразување на душата и, наспроти неа, неможноста да се средат чувствата и прогласување на состојба наречена "не ми е гајле".
Сума сумарум, верувам дека тоа „сеедно чувство“ трае се до оној момент кога личноста испровоцирана од околностите ќе пукне и ќе ја пушти душата слободно да се изразува после долгото и несвесно наталожување на сите неискажани чувства.
 
Back
На врв Bottom