Вака, општо за темава и за делото и филмот: се подразбира дека книгата многу подобра од филмот, меѓутоа филмот е за лицата кои не обожуваат читање книги. Во книгите има многу податоци коишто не се ниту споменати во филмот, па така што, кога јас би можел да одлучувам, би ги направил филмовите уште подолги. Сметам дека со тоа ќе се опфати поголемиот дел од дејствието и ќе се долови вистинската приказна на фантастичните дела на Толкин за Војната за Прстенот, а и за други негови дела. Инаку го поддржувам основачот на оваа тема и се согласувам со неговото мислење, а не се согласувам со тоа дека првиот дел е „отупувачки“ или „прост“.
Во центарот на приказната за Прстенот се наоѓа една тема која е толку блиска до начинот на човековото живеење, што сметам дека дури и личностите кои не сакаат филмови од жанрот фикција ќе го засакаат и ќе го почитуваат филмот. Уште еднаш поздрав до креаторот на темава.