Што кога партнерот го знаете нецел месец, знаете дека претходно имал неколку врски и неколку “мувања“ (орален секс, тоа било мување), и цело време инсистирате на сигурен секс (ХИВ се пренесува и преку орален), а Вашиот партнер, иако ни сам не може да биде сигурен во тоа што гозборува, Ви тврди дека се’ е во ред со него.
И ајде, тоа минува некако. Ама што кога ќе го искористи Вашиот момент на љубовен занес, и ќе се однесува несигурно спрема Вас? А вие претходно 100 пати сте му напоменале колку Ви се важни прашањата на сигурно однесување...
Дали на таков партнер треба да му се верува воопшто? Дали со самото тоа, тој покажува дека не Ве почитува, ни Вас, ни Вашиот збор?
Што да се прави со вакви луѓе? Посебно ако ги сакате...