абе јас разбрав дека не бил како што треба било страшно кај факсот- да не речам...а за да појдам да видам шо како е неможам зашто не сум од скопје па затоа прашувам кој знае да ми каже нешто повеќе и не само општо факсот како изгледа однадвор туку и професорите какви се за тие што знаат да ми кажат зашто читав по форумоф дека за испит да поминеш барале пари е сеа колку е вистина незнам па затоа нека кажат тие што знаат...а многу сакам да се запишам на тој факс, сеа ме плашат со тоа шо ми го кажуваат...:S сепак фала ви за вашето мислење ако има некој уште нешто да ми каже нека напиши...поздрав*
Јас досега не сум имал никаков проблем со професорите. Единствено нешто за кое што можам да им замерам е што очајно многу ги чекаш кога треба да ти дадат потпис или оценка, али не верувам дека на другите факултети е поразлично. Зависи сега што смер сакаш да студираш. Имам другари на информатика и географија и исто така не ми се поашалиле, а кај мене на математика единствено што можам да се пожалам е што по некои предмети немаме многу матријали, и воглавно користиме руски зборки што е секако отежната околност.
За инфраструктурата, можам да кажам дека факултетот (освен новиот дел од институтот на информатичарите кој е стварно одличен и добро опремен) е распад систем. Сигурен сум дека уште од кога е изграден факултетот ништо не е сменето.
Сепак јас да бирам повторно, пак би се запишал тука, затоа што сум задоволен од успехот, мада наставата не е на некое високо ниво.
Друго што би ти кажал за факултетот, вака за околината. Знаеш како стојат работите во Скопје. Факултетот се наоѓа во Гази Баба, сред маала со Албанско население. Убиствата што се случуваат во околината не треба да те плашат бидејќи се од нерасчистени сметки.
Како што кажав колешките досега се пожалиле на манијаци кои користат тоа што зимно време патот (скалите до факултетот) не се осветлени па им рипаат од блиската шумичка и бегаат после. Ама ако идеш со поголема група немаш гајле, особено ако има машко со тебе. Дуго незнам што би ти кажал. Такви барања на пари за оценка сеуште нс ум чул...
Е да, има и едно место кое го нарекувам деветиот круг од пеколот АКА студентските прашања. Ќе видиш за што ти зборам кога ќе се упишуваш ако воопшто идеш на ПМФ :icon_mrgr