Влатко верувам ке се сложиш со мене за една работа , Спалети од Рома направи тим кој можеби и го игра/ше најатрактивниот фудбал во Италија, а атрактивен фудбал и Италија во иста реченица не одат .
Тоа е најголемиот проблем на Спалети , начинот на игра, нетипично за Серија А затоа и немаат константост во резултатите .
Ако мене ме прашувате, Спалети е одличен тренер, минатото се говори за него, мислам дека доби и награда за најдобар Италијански тренер пред 2 години .
Манчестер кои пред 3 години играа нешто слично како и денес, брз , атрактивен и убав фудбал за око во Милано неможеа да гукнат, тотално неутрализирани од начинот на игра во Серија А, нешто слично како и Јуве со Реал .
А со Рома тој проблем го немаа зашто Спалети донесе новитет во Серија А во контекст на играта али тоа во истото првенство едноставно не пали. Погледни ја 4-3-3 формацијата на Мурињо во Премиер Лигата и со Порто и погледни ја со Интер во Италија , затоа во последно време преферира 4-4-2 нешто што цела своја кариера како тренер не го практикувал .
Не е до мотивираноста, проблемот е неадаптираниот стил на игра за Калчото кој пали на 2 меча али на наредните 3 се губи и е анемичен иначе секоја чест за Спалети, да се каже дека е лош тренер е стварно глупаво .
Резултатите на тимот налагаат отказ или отпуштање од страна на Рома за Спалети, но премногу ке погрешат ако донесат странец за тренер, ке се заебат ко со Руди Фелер, само Италијанец би ја оправил работата , некој како Прандели, е тој е создаден само за Италија слично како и Липи .
п.с. Аналогно на муабетов , погледни го Раниери надвор од Италија и во Италија разлика црно - бело, едноставно не можеш да го имплементираш Италијанскиот начин на игра во остатокот од Европа ( Шпанија , Англија ) и обратно, начинот на игра од Англија, Шпанија во Италија, факт, а тоа е она што упорно се труди да го направи Спалети . . . безуспешно за жал, затоа и сум соочен со фактот дека огромна реткост ке бидат оние мечеви каде ке се игра добар фудбал за око кога е во прашање Калчото .