Скопски секс во автомобил: Од јебодром до пред влез
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНАТА СКОПЈАНКИ ПРОБАЛЕ КАКО Е НА ПРЕДНО И ЗАДНО СЕДИШТЕ!
Скопски секс во автомобил: Од јебодром до пред влез
Скопјани имаат секс во кола многу почесто од очекуваното, на повеќе локации низ градот, а најважни се пет.
Можеби сте мислеле поинаку, но истражувањата на "Вечер" извршени оваа пролет говорат дека скопјани масовно практикуваат секс во автомобил, без оглед дали е автомобилот сопствен, негов или нејзин, службен, или од пријатели и роднини. Едноставно, работата се врши. Најчесто брзо, со секс од 5 до 20 минути, иако парикраната спална соба на четири тркала бива паркирана и понатаму. За цигара, муабет или повторување. Сексот се случува најчесто на пет локации и според истражувањето на "Вечер" на тие локации исклучиво помеѓу различни полови. Има и пазачи, воајери и љубоморни мажи и жени кои навраќаат на тие места во критичното време. Минатиот викенд имаше и сцена на фрлање камења од љубоморен сопруг врз едно "фијат пунто" кај салата "Борис Трајковски" кое за десетина секунди збриша од местото на настанот. Има се и сешто, а едно е постојано тука - сексот во автомобил.
КАКО ГО ПРАВИМЕ
Сексот во автомобил има неколку предности и предизвици. Прво, сексот во автомобил дава блискост и приватност, збиеност на телата едно до друго какво што ниту едно друго место не може да обезбеди, без разлика дали се работи за кревет, биро во канцеларија, шанк, клупа во училница, фотелја во дневна соба, или некое друго место. Освен ова, возбудата е максимална и заради тоа што мора да се случи брзо и интензивно. Многумина се палат и на податокот дека можеби некој ги гледа. Како и да е, според нашите сознанија во автомобил почесто имаат секс нови партнери, или прељубници отколку редовни врски или брачни партнери. Тоа е возбуда плус, на која никој не останува рамнодушен. Сексот низ Скопје најчесто се случува на предните седишта, иако има мајстори кои имаат усовршено и десетина разни ситуации до ниво на мајсторство. Она што можевме да го видиме е дека процедурата најчесто оди вака: се паркира на едно од петте најпоскувани места, малку вртење поглед наоколу да се оцени постоење на можна опасност од познати, и се почнува речиси веднаш. Најчесто се консумира орален секс, иако не секогаш се завршува со него. Сексот се случува, најчесто, со тоа што партнерот се префрла на нејзиното седиште, коешто е спуштено. Но, забележавме дека ни девојките не се пасивни и веднаш се префрлаат во скутот на возачот, без оглед дали се со лицето свртени кон него или кон шофершајбната. Поретко отколку што очекувавме има подготовки и префрлање на задните седишта, што особено важи за денскиот секс, што се практикува на некоја од локациите на Водно.
КОИ СЕ НАЈПОСЕТУВАНИТЕ МЕСТА
1. ВОДНО - Тука не може да се зборува за една локација. Паркирањето и сексањето почнуваат од Сеизмолошкиот завод, па се практикуваат на речиси секој паркинг или заветрина до Средно Водно, а особено околу хотелот Водно" и по патот до Свети Пантелјмон. Времето на акција е од претпладне, па се до доцните ноќни часови. Денските случувања се на некоја од повисоките локации и траат прилично кратко, по што се вози понатаму. Забележливо, и различно од другите места, е дека на Водно се користат за секс и службени автомобили, со лого на фиормите на кои им припаѓаат, комбиња... и според однесувањето на вклучените тоа се прељубнички односи, со колешки и колеги од работа и слични шеми. Непријатната страна на оваа безбедна локација е што овде има најмногу пазачи, воајери, но и приватни детективи кои следат прељубници по задача на брачниот партнер. Од МВР добивме информација дека не се ретки ни инцидентите помеѓу љубовниците и околната публика. Посетителите најчесто се повозрасни луѓе и преку ден се најчесто со партнери на околу триесет години и нешто постари од тоа. На Водно, за разлика од другите локации, често има автомобили кои се со регистерски таблички и од други градови, а не само од Скопје.
2. ПАРКИНГОТ КАЈ САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ" - Ова место е за доцна навечер и за ноќе. Типично е што го корстат млади луѓе, кои доаѓаат со не многу нови автомобили и се задржуваат подолго отколку на Водно. Овој паркинг навечер младите го нарекуваат Јебодром. Тука доаѓаат нови парови, егзибицонисти, прељубници, момци и девојки со долги врски на кои им треба вонредно возбудување. Не е ретко и да видите секс на хауба, за инает на другите што се кријат зад влажните прозорци. Инцидентите се ретки, а пазачите и воајерите се држат подалеку, пред се, од страв зашто корисниците на ова место се помлади, речиси сигурно и поднапиени, па може да се случи и да ги претепаат. Полицијата го знае ова место како такво и не интревенира поради секс на јавно место освен ако нема инциденти. Но, иако ни го опишаа како такво, нашето едномесечно истражување едниствениот посериозен инцидент го забележа токму на оваа локација. Имено, минатиот викенд љубоморен сопруг ја следел својата сопруга и на начекал при секс во едно фијат пунто" паркирано токму на Јебодром. Од револт фрлил неколку камења кон автомобилот. Возачот брзо се прибрал и збришал по само дсетина секунди. Подоцна, утврден е идентитетот на напаѓачот, но и на актерите во автомобилот. Се работело за жена на возраст близу четириесет години, а партнерот бил петнаесет години помлад келнер во кафетерија од Карпош, што се наоѓа во зградата во којашто живеат прељубничката и нејзиниот љубоморен сопруг.
На ова место може да се избројат и до педесетина автомобили за една вечер, се менуваат во термини од петнаесет минути до час, а акциите траат до рано изутрина. Се користат најразлични пози и ситуации во автомобилот.
3. МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ- Оваа локација е позната од поодамана, но се помалку се користи, бидејќи блискиот паркинг кај салата Борис Трајковски" нуди побрз пристап и побезбеден отстап ако мора брзо да се напушти. Зад Машински факултет се паркираат и се сексаат од околните населби, чести се и паркирања од студенти и нема егзибиционисти и инциденти како на Водно или кај Борис Трајковски". Марките на автомобилите не се престижни, а моделите скапи како на Воднио, ниту, пак, се актерите бучни и паркирани по саат или два како кај Борис Трајковски". Просечно, и тоа повеќе во работни денови, има пет-шест автомобили на вечер. Најчесто по 22 часот, па до околу полноќ.
4. ЗАЈЧЕВ РИД - Генерации скопјани го знаат ова место како место за секс во автомобил. Но, се посетува помалку од порано. Тука доаѓаат најчесто актери од онаа страна на Вардар: од Чаир, Топаснко Поле, Гази Баба или Автокоманда. Местото било масовно и возбудливо кога кај старато Кале работеле дискотеките и рестораните, но последниве години таму се заоѓа се помалку. Има и многу пазачи, па и агресивни воајери. Што би се рекло, таму се оди ако баш се мора и да се избега случајна средба со познати. Класично прељубничко место на кое ретко доаѓаат дечковци со свои девојки, почесто на брз секс со нивните другарки.
5. ПАРК - Тука се секса масовно. Често пати и надвор од автомобилот. Актерите се најмлади во однос на другите места, а се сексаат во секое време од годината. Најпосетувани места се оние покрај Вардар, до каде што може да се дојде со кола. Пазачи и воајери има масовно, а времето на користење е од доцна навечер до рано наутро. Тука автомобилите остануваат паркирани далеку подолго одошто на Водно, па и кај "Борис Трајковски". Во кола се пие, секса, пуши и тука се останува просечно и по еден саат. Автомобилите се поскромни по модел и категорија, а инцидентите ретки. Ова место е познати и по тоа што се внимава многу, затоа што неколку пати се случило прељубниците да се сретнат додека имаат секс со други. Во деновите кога е убаво времето, особено за викендите кога работат дискотеките, може да се забележат и по триесетина автомобили во кои се играат секс, почнувајќи од паркинзите кај "Балканика" спроти "Александар палас", па потоа покрај оградата од Зоолошка, се до кај салата на Работнички. На овие локации не се ретки ситуации кога во ист автомобил ќе видите и два пара кои имаат секс. Едните на предното, другите на задното седиште.
КОЈ СЕ ИГРА ЛЕКАРИ ВО КОЛА
Секако, има и други масовни локации. Големиот паркинг кај Железара, паркинзите кај амбулантата во Ѓорче Петров, околу Расадник во Кисела Вода, кај студентскиот дом во Тафталиџе... се местата каде што навечер, во автомобилите, ќе забележите секс, само ако малку подзастанете и погледнете наоколу. Сексот се случува постојано, а за многумина скопјани автомобилот е се уште едно од навозбудливите места. Според проценките на полицајците, а и на социјалните служби, секс во автомобил имале повеќе од половина скопјанки. Најчесто сексот во автомобил го практикувале од петнаесет до триесет години. Подоцна, сексот во кола го користат поретко. И тоа, речиси по правило, со партнер кој не им е дечко или сопруг, туку кратка врска со надворешен играч.
Етнички, се помалку Македонци имаат секс паркирани во Чаир, Гази Баба, или некоја од населбите со доминантно етничко албанско население. Сметаат дека тоа не е безбедно место за нив.
Според машките сексот во автомобил е супер, затоа што знаеш дека е таа тука за секс,и не мора да се тегне работата во подготовки и убедувања. Лошо е што позите и контактот се ограничени во мал простор и тој не може да ужива во мир во целото нејзино тело, но возбудата го надополнува тоа. За девкојките секост во автомобил е предизвик од слични причини, плус тааа добива подготвен, напален и возбуден партнер кој едвај чека да почне.
Според нив сексот во автомобил таре од 5 до 20 минути и не треба да се разводни во празни муабети на двајца седнати во автомобил, туку целото време да се користи за акција. А за муабет има и други места.
ПРАКСА
Сексот најчесто се користи на предните седишта. Искусните изјавуваат дека порано девојките глумеле незаинтересираност и срамежливост, па затоа тој морал да се сели над неа на совозачкото седиште. Потоа следувало десетминутно измачување и божемно убедување, а дури потоа се преминувало во акција. Сега не е така. Таа доаѓа и седнува кај него и ја води работата. Таа поза најмногу и одговара затоа што обезбедува постојан, близок контакт со него и максимум од сексот што се случува. Најпосле, таа одлучува кога е доста, станува, се шминка и се дотерува на ретровизор и бара да одат на некое место на пијачка или да ја одвезе дома.
Праксата покажува дека постојат типови за кои сексот во кола е незаменливо искуство. Постојано имаат влажни марамчиња во автомобилот, колата ја носат често на миење, а никогаш не ја оставаат без бензин или на резерва. Искусните ги менуваат локациите, имаат извежбани пози на сите места во кабината и умеат да создадат атмосфера на опуштеност и близина, со точен избор на музика, локација, и муабет како претходница. Сексот во кола е возбуда, интрига и најчесто игра со нов и непознат партнер, но има и брачни парови кои така ја враќаат атмосферата на близина по многу години здодевен секс во спалните соби. Ако може да се бира, се одбираат локации кои не се јебодроми и се подалеку од клишираните места за секс во кола. Тоа се прави поради безбедност од воајери, познати и непознати, а и поради поромантичниот амбиент и приватноста.
Ние истражувавме еден месец и заклучивме дека скопјани трошат секс во автомобил далеку повеќе отколку што тоа случаен човек може да си го претпостави. Комбинациите се, речиси, неограчничени.
Кое е вашето место и вашата поза во автомобилот?
**Текстот и сликите се преземени од вечер
Ако има ваква тема, нека се уфрли таму. :smir: