За Роналдо се земени пари веќе, од банката во Сантандер. Со оглед на профитот кој ќе се оствари доколку дојдат било кои двајца од тие горе, парите не се проблем. Сепак мислам дека Ибра нема шанси да го земат. Најреално во моментот е да го земат Кака, со парите кои што се спремни за Роналдо. За Роналдо ќе требаат многу пари, башка знаеме какви проблеми имаше лани, можеби и една од причините што вака катастрофа излезе сезоната.
Рибери би бил мојот избор, и Силва не би ми пречел.
С.Рамос, мора да се врати во средина, би формирале одлична одбранбена двојка со Пепе. Премногу е ранлив на десен бек, тоа само го потврди на дуелот со Барса. Перез и затоа го донесе, се надевам ќе го врати кај што му е местото.
На негово место би било одлично да се донесе Маикон.
Марсело мислам дека треба да биде лев бек, иако е слаб во дефанзива, сепак млад е, се учи тоа.
Во средина мора да се купи организатор на играта, некој што може да диктира темпо. Чаби во комбинација со Гаго/Лас би бил и повеќе од добар.
Крилните позиции би ги ротирал со Робен/Рибери/Кака и тука негде би го ставил Гранеро, кој се надевам ќе го вратат. Нападот мислам ништо не треба да се менува, веќе имаме 4 солидни напаѓачи, за 4 милиони на лагер имаме шпански играч што постигна 20+ голови сезонава.
Хајнце, Канаваро, вдВ, Снајдер(можеби), Савиола, Салгадо би ги продал, иако Салгадо и Канаваро веќе се договорени со други клубови.
За крај, одвај ја чекам кандидатурата на Перез, да видиме што смислил.