Нема шанси да остане Рамос, ќе видите...Имаше најави дека доколку не освои Примера ќе го напушти Реал, а после овој срамен пораз па шансите да си замине му се уште поголеми, што не го сакам во никој случај. Факт е дека ни требаат поискусни играчи, и далеку поквалитетни од овие што ги имаме сега. Вчера имавме можност да видиме што е тоа катастрофална одбрана. Од Рамос па до Хајнце. Рамос колку што беше добар во офанзива, толку беше катастрофален и очаен во одбрана. На неколку пати кога се правеа офсајд замки Рамос остануваше на место, и затоа лесно доаѓаа до такви шанси Барса. Канаваро беше како изгубен, исто и Метцелдер. А за Хајнце, несакам ни да пишувам за него и воопшто да се замарам. На лето Фабио и Габи да си пакуваат куферите и да ги нема. Средниот ред беше тотално “изеден“ од страна на Чави-Туре-Иниеста, буквално беше сомелен. Лас се трудеше колку што можеше трчаше и според мене добро изигра, тоа што направи кикс во клучен момент...Гаго 70 мин. беше гледач, подобро да му дадеа едно столче во публика и барем на раат да си гледаше. После 70 минута откога примивме 5 гола, му текна изгледа дека треба да трча, па се реши да трчне малку, да си накачи километража. Како и да е, во дефанзива бевме очајни. А и што очекуваме кога задната линија прв пат играат заедно. Нападот, Робен и Игуаин се трудеа да направат нешто, на почеток Робен 3-4 пати го проби Абидал и си реков ах ќе им ебеме мамата, ама после почнаа константно по 2-3 да го вардат, и немаше многу прилика да пробива. Игуаин беше супер, ама и тој исто така беше чуван од повеќе играчи. Марсело се трудеше ама не беше нешто посебен. А за Раул...искрено дали го видов 2-3 пати да ја чепне топката. ТОТАЛНО ОТСЕЧЕН! Докажува Раул дека не е за големи утакмици, и дека неможе да се справи со добри дефанзивци...мислам дека и од Марс може да се види тоа. Што е тука е, останува како и секоја година да викаме ајде наредната може ќе биде подобра...жално но вистинито.