ПРОРОШТВО НА МЛАДИОТ РУСИН БОРИС КИПРИЈАНОВИЧ
линк
Светот ќе доживее катастрофа в година
На Земјата ќе и' случи нешто страшно, а првата голема катастрофа што ќе зафати еден од континентите ќе се случи в година. Ова го најавува чудото од момче Борис Кипријанович, пренесува Макфакс.Во 1996 година во рускиот град Жириновск, недалеку од Волгоград, се роди дете по име Борис Кипријанович. Детето уште на две години почнало да зборува за вселената, далечните цивилизации, за планетарните системи. Тврди дека некогаш живеел на Марс и детаљно раскажува за тоа. Тој тврди дека тогаш како пилот повеќепати ја посетил Земјата и убеден е дека неговите информации ќе одиграат значајна улога во иднината на нашата планета. Малиот Борис уште при раѓањето имал поглед на возрасен човек. На две недели ја држел главата исправена, а првиот збор го изговорил на четири месеци.
На неполни две години научил да чита и цртал и боел со боички. Психолозите на неговите цртежи виделе дека тој со мешавина на сина и виолетова боја ја цртал аурата што ја гледа околу луѓето.
Борис на две години првпат седнал во положбата „лотос“ и почнал детаљно да раскажува за вселената и за непознати цивилизации. Ги набројувал имињата на планетите во Сончевиот систем, нивните сателити и галаксиите. Често им се приближувал на непознати, им зборувал за нивните проблеми и ги предупредувал на тешкотии што им претстојат и се' што кажал било точно.
Боришка, како што го викаат нагалено, вели дека конечно дојде времето на Земјата да се родат посебни луѓе како што се индиго-децата. На Земјата нешто ќе и' се случи, тврди Борис и додава дека затоа се тука тие деца за да можат да им помогнат на луѓето.
Земјините полови ќе се заменат и првата катастрофа што ќе зафати еден од континентите ќе се случи 2009 година. Втората, поразорна, ќе биде во 2013 година, вели Борис и додава дека двете катастрофи се поврзани со вода.
Чудото од дете го проучувале научници од разни области и сите сметаат дека момчето не можело да ги измисли сите тие приказни.
Неговата мајка Надја вели:
- Се досадуваше со нас, но не' почитуваше и кон сите нас се однесува љубезно, што е невообичаено за 11-годишно момче. Постојано зборува за војни што предизвикале пропаѓање на цивилизацијата на Марсовците, како тие се обиделе да го претворат Јупитер во второ Сонце, која е целта на нуклеарната енергија. Борис и Надја денес живеат во Москва, каде што тој посетува училиште за талентирани и надарени деца, се вели во написот објавен во рускиот весник „Правда“.