Бензема посакува да игра за Реал Мадрид
Шпанските медиуми пренесуваат дека Карим Бензема котира високо на листата на желби на Реал Мадрид за следната сезона
Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ неодамна најави две до три квалитетни засилувања за сезоната 2009/2010. Поучен од трансфер сагата со Кристијано Роналдо, и порпаѓањето на трансферот на играчот кој Реал го следеше цело лето, Мијатовиќ соопшти дека сите работи овој пат ќе бидат завршени уште пред да се отвори летниот трансфер период.
Медиумите веднаш почнаа со шпекулациите околу новите засилувања и како еден од приоритетите на Кралевите е посочен, младиот напаѓач на Лион, Карим Бензема.
20 годишниот Бензема веќе две сезони игра на високо ниво за Лион, и лани беше прв стрелец во Францускиот шампионат.
Неговиот талент и квалитети се инзворедни и сите Европски гиганти ги следат неговоте настапи.
AS цитира изјава на Бензема во која напаѓачот вели: “Доколку го убедите мојот претседател, играњето во Мадрид е остварување на мојот сонот.”
Проблем претставува претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, кој сигуро е човекот со кого најтешко се преговара во фудбалскиот свет.
Реал едвај успеа да го ангажира Диара од Лион и тоа дури откако одвои 26 милиони евра. Лион исто така одби да преговара со Реал за услугите на Есиен и Жунињо.
Цврстиот став на Ола на своја кожа го осети и Жозе Мурињо потпомогнат од милионите на Абрамович при ангажманите на Есиен и Малуда.
Проблем може да претставува и цената на игачот, бидејќи Бензема потпиша нов договор во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра.
AS вели дека Мијатовиќ од секогаш бил фан на играта на Бензема и спортскиот директор притискал уште ова лето да се ангажира Французинот, но Калдерон бил тој што посакувал ангажман на Кристијано Роналдо.
конечно нешто што вреди да се чита Карим во белиот дресс