Ај нека ни е честито победата и нека ни се множат !:smir:
Го гледав второ полувреме, и 90% од играта се одвиваше во половината на Бате. Неможам некој посебно да издвојам, сите играа на ниво. За Игуаин можам да кажам само дека станува ѕвер, имаше 2-3 100% дури една и пред голман излезе, ама штета промаши. Дренте влезе во игра имаше неколку одлични дриблинзи, ама треба да поработи на додавањето. Марсело во скоро време ќе биде еден од најдобрите бекови во Европа. Раул се враќа во форма, РВН стандарден, Робен исто, ВДВ можеше подобро, а Гути е во добра форма, Серхио Рамос играше како да не бил воопшто повреден, Канаваро и Хајнце немаа многу работа па си даваа и слобода длабоко да навлезат на половината на Бате, Диара одигра добро, за Касиљас незнам што да кажам, незнам како не заспа на својот гол.
П.С имам лошо претчуство дека Робен наскоро пак ќе се повреди.