Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
ПОгледнете го судењево ... кутрите Корејци


Како ќе се изнервирам ја овде.Одма му се улетувам на овој и свирчено ќе го голтне па ќе го истепам па макар и годишна суспензија да добијам.Иако овде тоа и би било идеално решение.И тоа судиите никад веќе не треба да им се даде да судат.
 
лелееее....ццц
какви шупаци се значи ова судииве......нас не заебуваат судии али ова е невидено сварно:uvo:
 
Виборг нов европски шампион
Виборг ХК е новиот европски шампион во ракомет, женска конкуренција. Данчанките во финалето беа поуспешни од Ѓер по синоќешната победа со 26-23, во првиот меч од ова финале Ѓер победи со 24-26.

Ѓер беше многу блиску до освојување на титулата, како што покажува и резултатот, но сепак на триесет секунди до крајот тие успеаа да промашат пенал и со тоа им ја подарија шампионската титула на своите конкурентки.

Левиот бек на Виборг, Грит Јурак е најдобриот стрелец во годинашното издание на Лигата на Шампионо во ракомет, женска конкуренција, имено таа постигна вкупно 113 погодоци.

viborgshampion.jpg


извор: sportdenes.com

Инаку мислам дека беше повеке од заслужено, не ги пратам многу женскиве али со ова игра што ја гледав искрено заслужија данците да победија од кој го имаат и најдобриот играч Јурак.

Овде го пишам ова мислење мислам дека би било најдобро зошто во темата ЛШ во ракомет да не ја трупиме со жените. Мислам дека тука ке ги пишуваме новостите и другите работи што е поврзано со ракометот.

Карабатиќ сигурно заминува од Кил
Karabatic.jpg

Еден од најдобрите ракометари на денешницата уште еднаш ги потврди најавите дека по завршувањето на оваа сеозна и дефинитивно ке си замине од најдобриот германски клуб.
"Отпуштањето на Нок Сердарушиќ ги помина сите граници на мојата толеранција. По тоа, повеке неможам да имам доверба во луѓето кој го водат Кил. Значи, невозможно е да ја продолжам соработката."- изјави Карабатиќ, овојпат во интервју за 'Ruhr Nachrichten'.
Францускиот репрезентативец веке подолго време го повикува неговиот клуб, со кој има важечки договор до 2012година, инсистирајќи да го ослободат од договорот со Кил и да го пуштат во францускиот Монтпење, од каде и стигна во Германија.
Според последните информации од медиумите во Франција, заедно со Карабатиќ во Монтпење може да пристигне и словенскиот репрезентативец Вид Кавтичник, кој игра на десната крилна позиција и во завршицата од оваа сезона е најефикасен ракометар во Кил.
И покрај големите скандали кој во последно време го тресат најдобриот клуб од Германија, со истрагите за наместени натпревари од Лигата на шампионите во 2000година, и покрај тоа што нивниот најдобар играч Карабатиќ се заканува со заминување, на Кил воопшто не му оди лошо оваа сезона. Го освоија бендеслигашкиот трофеј и Германскиот Куп, а ги чека и финале во Лигата на шампионите против Сиудад Реал.






Богами треба да го напушти Кил. Би сакал да оди во Монтпеље, да внесе живост, и би требало со него да оди и Кавтичниќ како што беше напоменето горе најдоброто крило може да се рече во целиот свет. :) Јас лично мислам дека треба да ослабне малку Кил досадно е во Германија веќе. Кога ке си оди Карабатиќ и Кавтичник сигурно уште некој ке си оди така да Кил ке ослабне и тоа како, и ке биде многу поинтересно во Бундеслигата која е една од најдобрите лиги во светскиот ракомет. Е сега им е најбитно ЛШ да земат па потоа кој на дека ке станат, им здосади веке и на нив.
 
Така бе Николче, пред финале ваква изјава, ќе делува супер на моралот на соиграчите, gotta love it :back:
 
А јас мислев само кај нас се прават инциденти


 
Портјанко замина во Хрватска
Julija.Portjanko.jpg

Сега веќе поранешната ракоемтарка на Ѓорче Петров, Јулија Портјанко потпиша две годишен договор со хрватскиот тим Подравка.
Таа во редовите на хрватскиот тим доаѓа од турскиот тим Ушкудар, каде што играше од јануари годинава.
Драго ми е што потпишав со Подравка и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“- изјави Портјанко при потпишувањето на договорот. Портјанко, која беше најзаслужна за освоеното седмо место на Македонија на Европското првенство, што се одржа токму во нашата земја минатата година, ќе игра заедно со колешката од репрезентацијата Наталија Тодоровска.
Подравка е актуелен шампион на Хрватска и победник на европскиот Куп на победници на купови и на домашниот куп.




Немам зборови, се најдобро нека им е таму !!
 
inace stvarno e zalno toa za korejcite jas da bev na nivno mesto ke go lupnev od zemja toa svirceto u gz ke mu go nabijam
 
Карабатиќ и Кавтичник и дефинитивно заминуваат во францускиот Монпелје.За трансферот според информациите се платени 1.5 милиони евра оштета,бидејќи и двајцата беа под договор со Кил до 2012г.
На местото на Карабатиќ во Кил доаѓа Момир Илиќ,а на местото на Кавтичник,Кристијан Шпренгер од Магдебург.
 
На видеото погоре биле дадени добри пари да победи Катар...
 
Еве ви топ 50 ракометари според Светската ракомента федерација.


Гледајте па кажете дали заслужуваат сите на своето место :).
 
Еве ви топ 50 ракометари според Светската ракомента федерација.


Гледајте па кажете дали заслужуваат сите на своето место :).
па отприлика така е,само мислам дека Вори треба да биде бр 1 пикер,тука е 2.......иначе Лазаров заслужено е најбољи десен бек,и е ставен во дрим тимот:helou:
Браво за Кире
 
Металург почнува од Молдавија

Освојувачот на Купот на Македонија, Металург, новата сезона во Европа во Купот на победниците во куповите ќе ја почне во Молдавија и тоа од третото коло. Противник е екипата Олимпус, а првиот натпревар се игра во Молдавија на 14 или на 15 ноември додека реваншниот натпревар е една недела подоцна. Металург во следната сезона влегува со големи амбиции, а клупските планови се пласман најмалку во четвртфиналето. За таа цел се ангажирани неколку одлични ракометари, во прв ред Наумче Мојсоски од Вардар про, а потписот со тренерот Лино Червар, селекторот на Хрватска, е само прашање на часови. Во женска конкуренција, Македонија во КПК ќе биде претставувана од Вардар Осигурување, кој за противник го доби романскиот тим Дунареа. Првиот меч се игра во Романија на 31 октомври или на први ноември, а седум дена подоцна е реваншниот натпревар. Во Купот на ЕХФ во машка конкуренција ќе настапи МРК Вардар, а за противник ќе го има последнопласираниот од третата квалификациска група за пласман во Лигата на шампионите, каде што се наоѓаат Татран, Виве Киелце и Порто. Првата средба, младите вардарци ќе ја играат на гости на 10/11 октомври, а реваншот е една недела подоцна во СРЦ „Кале“. Ждрепката не му беше наклонета ниту на женскиот претставник, екипата на Кале Кичево за противник ја доби шпанската Елче, а првиот меч ќе го игра на домашен терен. Во Челенџ-купот, пријавени се две машки екипи, Пелистер и Тинекс Пролет. Битолчани ќе играат со второпласираниот од квалификациската група Ц, каде што се наоѓаат Одирхеу, Коњух, Албатро и Грејт Дејн од Лондон. Т. Пролет не се наоѓа меѓу носителите и поради тоа се наоѓа во квалификациската група Д, каде што заедно со Беране, Циско Андебол и Олимпија ќе брка едно од првите две места. Кај дамите, премиерен настап во еврокуповите ќе има Металург, кој во третата рунда ќе игра со првопласираната екипа од квалификациската група Б, каде што се наоѓаат Сокол Пишек, Далфсен, Илиџа и Бисери.

извор: Време.



Казна за Романија

Казна за Романија Европската ракометна федерација одлучи да ја казни репрезентацијата на Романија како и подпретседателот на Романскиот ракометен сојуз, Палау Петре, односно селекторот Аихан Омер за обид да се подмитат судии.
Handball1.jpg
ЕХФ покрена истрага во која Петре и Омер се сомничат за подмитување на судии на натпреварот од квалификациите за СП 2009, Романија - Црна Гора. Пред почетокот на натпреварот кој се играше минатиот 14-ти Јуни, Петре и Омер им пришле на судиите со непристоен предлог за „добро“ судење.

Романија во тој натпревар победи со 29:24, но ЕХФ по прегледаните снимки утврди дека судењето во овој наптревар не дејствувал на конечниот исход. По сета таа приказна, Романскиот сојуз е казнет со 27.500евра, а дотолку нешто слично им се случи на Романците, репрезентацијата ке биде казнета со две-годишна суспензија. Петре и Омер се казнети со петогодишна забрана за учество во сите меѓународни натпреварувања.

извор: спорденес
 
Згасна ракометов во Македонија и на форумов :)
Па ајде што мислите за старо-новите ривали Вардар Про-Металург, иако ова е општа тема сепак само еден nudge за да продолжи дискусија :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom