Што да се каже? Се е пишано...
Место со 3:0 да си водиме па да си ги ладиме после, место скроз да им го уништиме моралот на Волфсбург, ние ги враќаме во игра.
А и реално не можам никого веќе конкретно да обвинам, колку баксуз во една сезона може да се има не ми е јасно. Пречки, утнати пенали, зицери, повреди на Рибери, Робен, Олиќ, вБомел, Бади, Кроос, Брено (ги бројам само тие од минимум 2 месеци)... :jaj: Овој натпревар мислам дека назад многу ок бевме - сите шанси на ВФЛ беа по прекини, а и тие не беа нешто посебно освен пречката. Пеналот за нив без врска, можеа и комотно црвен да попијат во 2-3 прилики. Но тоа е, не треба со прст да се покажува кон некого кога сами сме си криви.
На Рибс не сметајте веќе оваа сезона. До сега не интервениравме на пазар зошто сметавме на враќање на Робен зимава ама ако се доволно глупи па пак да го чекаме Рибери за пак некој од овие двајца да се повреди тогаш веќе стварно не знам... Дајте еве за тој од Базел беа заинтересирани, тој и резерва би можел и прва. Или сега ќе ми продаваат како имаме потенцијал во тимот да го азмениме? Дај без серење сега веќе ве молам, има уште 15 дена да се интервенира на пазар и сега треба експресно брзо. Дијагнозата на Рибс ќе е гарант 2-3 месеци што значи пиши крст до Мај он да заигра ко што треба (сосе рехабилитација, тренинзи за прилагодување бла бла...). Робен дека е стакле знаеме. Ако ова не е доволен повод да се донесе нешто тогаш не нзма што е.
И Браво за Крафт!