Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Боби[Мкд];3970360 напиша:
Што викате на шпекулациите дека Галатасарај бараат трампа, Ѕвјездан за Хамит?
Не дозволуваат правилата. Еден играч во една сезона може да игра за два различни тима. Баш за ова правеа муабет коментаторите на една утакмица на Волфсбург. Ако се враќа во Бундес може да игра само за Волфсбург. Или така нешто, незнам точно.

Мислам Баварец спомна и ми се допаѓа многу ако би се остварил тој трансфер на Лас. Нема да ни биде на располагање за ЛШ но ке биде од голема помош во лигата и купот, а и во наредната сезона. А што се однесува на Бејнс, еден од подобрите бекови во Англија и би бил одлично засилување за нас. Ако одиме на шопинг кај Евертон да го земеме и Хеитинга, ако е уште кај нив. Одличен избор би бил за дефанзивец, играше во финале на светско, стандарден првотимец на Холандија, искусен. Тамам и ЛВГ ке си го одржи бројот на Холанѓањи во тимот.

ПС. а оној Брадхајф има ли намера да си замине или чека покана?

--- надополнето ---

Уште нешто.

Забележува ли некој дека spaso није меѓу нама исвесно време, или си го има сменето никот а јас не забележувам?:toe:
 
P

PoisonLady

Гостин
...Колку само не сакав никогаш да заврши полусезонава ама ај...видов погоре дека некој се двоумеше за тоа кој ќе си замине (ван Бајтен или Демикелис).Демикелис заминува деновиве.Тоа е решено веќе.
П.С. денес му е роденден (последен како играч на Баерн).Тоа значи дека едно место во одбраната е отворено за некој нов... :(
Ајт се глеаме некогаш можда...
 
Н

'Никола'

Гостин
Алтинтоп дефинитивно нема да игра во среда. Швајни почнал со полесен тренинг но не е сигурен и тој, како и Оттл. Поради грип овие двајцата. Изгледа ќе треба со Алаба да го одиграме тој меч.:nesvest:
Иначе нека му е среќен роденденот на Мичо, па нека си нејде клуб кај што би играл. И ајде да се отарасиме од мебелон белгиски, еднаш засекогаш.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
...Колку само не сакав никогаш да заврши полусезонава ама ај...видов погоре дека некој се двоумеше за тоа кој ќе си замине (ван Бајтен или Демикелис).Демикелис заминува деновиве.Тоа е решено веќе.
П.С. денес му е роденден (последен како играч на Баерн).Тоа значи дека едно место во одбраната е отворено за некој нов... :(
Ајт се глеаме некогаш можда...
Нека му е среќен роденденот, и да си најде нов клуб каде ке ја продолжи кариерата. Што треба да значи тоа?

Ако не напушта Клосе, за потенцијално засилување би го препорачал Нене од Монако:icon_bigg. Формата на Монако не ја отсликува неговата форма, брз е, добро технички поткован, и е прв стрелец на Монако.
 
P

PoisonLady

Гостин
На кратко речено...мене тој ми беше омилен играч години наназад и бидејќи не се сложувам со повеќето од вас,се повлекувам малку од се'.
Прост пример...замисли твојот играч да си замине (Швајнштајгер или Милер или било кој кој ти е омилен).Колку и да е во лоша форма,сепак не верувам дека ќе скокаш до плафон од радост.Во краен случај,8 години и не се баш мал период (од некогашниот состав на Баерн само тој и Швајни се останати).
И дај не скокајте одма сеа (ова важи особено за некои кои се фаќаат за секој мој пост)!!!
Ќе се појавам за со Интер...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Трансферот на Густаво потврден од Дитмар Хоп сопственикот на Хофенхај. „Би било неморално да му ја расипуваме кариерата на Луис кога тој може да напредува“(http://www.tz-online.de/sport/fc-bayern/fc-bayern-hopp-rechnet-mitgustavo-wechsel-sommer-1055338.html). Едиснтвено остворено е дали трансферот ќе се случи уште во Јануари или летоска. Според Хоп зависело од тоа дали Хофенхајм ќе најдат замена за него уште сега. Е сеа бидејќи цела фрка е да ја засилиме одбраната сега мислам дека се ова е само фора на Хоп за да го исцеди и последниото Евро од нас.

И Беинс е на пат синоќа бев во Торос баш ја ѕиркав со Сити и топ одигра од тоа што видов. Секако и голот придонесува за добриот впечаток. Прилично сум сигурен дека знае за конкретниот интерес од наша страна па слично ко Густаво викендов и овој сакал да се „препорача“ за некое Евро повеќе.

Ајмо агресивно на брзина овие два трансфери да ги решиме, вБомел чао Волфсбург, Контенто евентуално позајмица да видиме како ќе се снајде и одлично завршена работа. Мислам на 15ти Јануари почнува вториот дел што значи ситре трансфери од некаде 7-8ми Јануари би требало да се јасни (ако не и пораноза да може вГаал да смета на новите во припремниот тренинг-камп за пролетниот дел од сезоната).
 
M

Mario Gómez

Гостин
Зашо Контенто позајмица, Брафхајд ќе го продајме/убиеме и Контенто ќе биде прва замена на новиот лев бек.

Продавање: Брафхајд, Бујтен, Oтлињо и Клосе.:toe:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
^^ Зш ако дојдат и Беинс и Густаво и двајцата можат лев бек да играат покриене ќе сме таму а Диего ќе квачи на клупа 90% од времето а во некоја мувла екипичка (Нирнберг, Келн и компанија) редовно би играл прва постава и ќе собира искуство. Во спротивно, ако не се избори да игра прва во таква екипиа тогаш нема ни што да бара кај нас нормално. Има потенцијал ама дефинитивно прави премногу глупости, губи топки, не ми е најсигурен кога ќе отиде напред, нема осет кога треба да истрча кога не... со искуство мислам се тоа ќе си дојде на свое место. За мене беше меѓу најслабите 2-3 со Штудгарт.


Инаку добри вести околу нашето најголемо засилување за остатокот од сезоната - Робен одлично тренирал и супер напредувал. ЛВГ веќе планира да го пушти 20тина минути со ВФЛ.

Играчите ќе имаат 10 дена слободни после купов, без никакви специјални ангажмани за фитнес или тренинг па од 2-9 Јануари се оди во Катар на тренинг камп. Затоа мислам дека ќе се обидат што е можно побргу да средат околу трансфериве се што треба па новите да се придружат директно во Доха.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Би можел ли Контенто да игра нешто десен бек, како замена за Лам со некои екипи од долниот дел на табелата, или како замена во 70-80 минута на поважните натпревари?
Прашувам дали игра на двете страни, или само лево.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Само лево за жал. Инаку ќе беше далеку повреден за тимот. Никола убаво пиша за Лам што се изигра годинава, мислам дека душа му излезе на човекот. Заслужува да може и тој да се одмори од време на време барем со послаби противници ама нема замена и не им текнува да купат...
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Bayern Munich Sporting Director Christian Nerlinger Holds Meeting With Basel Winger Xherdan Shaqiri

Одржана е средба за договор за крилото на Базел, Шаќири, или како се вика, и веројатно е да се придружи на Баерн.

Bayern Munich Sporting Director Christian Nerlinger Spotted At Eastlands Scouting Everton's Leighton Baines


Истото се однесува и за Бејнс.

По се изгледа Густаво ке му се придружи на Баерн во летниот преоден рок. А за средбата со штутгард во купот ке бидеме без Алтинтоп.

Остварување на сонот за Милер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom