Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Ајде малку повесело, не мора да е се така црно. Ајле време играат заедно Ван Бујтен и Демикелис, па можеме и за нивна последна сезона да им дадеме повеќе доверба.

Колку што знам мината сезона Ван Бујтен (првиот дел) го одигра фантастично и постигна за него доста погодоци. А во минатото имаше добри сезони.

Демикелис беше дел од репрезентацијата на Аргентина(која Германија ја прегази) но тој е сеуште еден од подобрите дефанзивци во Бундеслигата. 7 години е со Баерн, а толку време да бидеш мора да има нешто во играчот. Точно минатата сезона беше негова најлоша, но тоа е минато.
Велам да им дадеме шанса, барем до полусезоната, ако не и оние од управата ке го увидат тоа и ке земат добар стопер.

Тука е и Бадштубер, кој има голем потенцијал.

За остатокот од екипата немам зборови.

Па од наредната сезона спомна Хумелс дека би сакал да се врати кај нас, и би имале добро стоперско дуо Бадштубер Хумелс.
 
Н

'Никола'

Гостин
Нека ни се честити централниот дефанзивец Ван Никој и напаѓачот Непостоечки што ги купивме. Со нив сезонава парали ќе правиме на планетава и пошироко..
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Нека ни се честити централниот дефанзивец Ван Никој и напаѓачот Непостоечки што ги купивме. Со нив сезонава парали ќе правиме на планетава и пошироко..
Ајде честито..и нашиот нов голман се презива Непостоечки, изгледа браќа се :) Ќе газиме и ние со него :)
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Во духот на шегата се засиливме со двајца кинески таленти Чао Лига и Чао Куп и двајца извонредни холанѓањи Ван европа и Ван форма..

Овој пост го прочитав наменет за Лион за полуфиналето мината година во ЛШ..

И дајте малку повесело и поживо, па ние сме шампиони на Бундеслигата и игравме финале ЛШ.

ПС Гледајте не посветлата страна. Ако ова биде катастрофа наредната година ке се потрошат многу пари за добри играчи
 
P

PoisonLady

Гостин
Еееее вака-така,сите плачковци испаднавте.Па сфатете дека секоја сезона не можеме да бидеме на самиот врв...повтoрување на ланската сезона речиси е невозможно па макар и да купевме некој.Ок,се сложувам дека клубот има ептен многу пари кои си ги чува за кој знае што (ваљда за црни денови) ама сепак не кукајте!
П.С. не излагајте надов,многу студи :)
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Ништо не купивме. Браво. Само идиот може да рече дека имаме одбрана за да освоиме лига на шампиони
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Циц миц комшиниц :)
Јас уште мислам дека ќе се држиме добро сезонава, како и секоја друга. Ако е вистина она што се збори за робен ќе бидеме оштетени и тоа многу, ама тука ќе биде годинава пак рибери, кој минатата сезона ја преспа :(
Минатата сезона беше одлична и мислам дека на раководството му треба уште некое време да ги увиди слабите страни и да ги направи анализите за тимот и за местата кои треба да бидат пополнети, сепак лани немаше еден што изигра под ниво, па оттука и предпоставката дека им треба време. Вистина дека одбраната е малку шашава, ама да се купи добар дефанзивец и не е така едноставна одука, не е ова тотал клуб менаџер па да си купиш некој со добри оцени, за тоа треба анализа на играчот, дали ќе се вклопи, начин на играње. Не за џабе лани си го дадоа лусио(ван гал мислеше дека играч како него кој знае да отиде и во противнички шеснаесетник, а игра напагачки фудбал со офанзивни бекови,не би било добро)(пак е грешка не викам не). Ама тоа е тоа. Србите викаат: биче боље.

Едит: Гомез изигра под ниво :(

--- надополнето ---

Боби[Мкд];3756934 напиша:
DEff Lepard = НОВИОТ ТОРПЕДО! :vozbud:
По шо заклучи?
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Во духот на шегата се засиливме со двајца кинески таленти Чао Лига и Чао Куп и двајца извонредни холанѓањи Ван европа и Ван форма..

Овој пост го прочитав наменет за Лион за полуфиналето мината година во ЛШ..

И дајте малку повесело и поживо, па ние сме шампиони на Бундеслигата и игравме финале ЛШ.

ПС Гледајте не посветлата страна. Ако ова биде катастрофа наредната година ке се потрошат многу пари за добри играчи

А гледајте па на парадоксалната страна...

Зошто да чекаме катастрофална сезона,за да квалитетно се засилиме,кога можеме после фантастична сезона сосема малку да корегираме и подобриме за да добеме совршен тим????

ПРОСТА логика!

--- надополнето ---

Добре ни дојде единственото засилување во 23:43.Тоа се 17 мин. пред истекот на преодниот рок.

Ејјј ваљда ќе може да го пријавиме за ЛШ!

(ова чисто да разбиеме монотонија денес)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom