МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ БЛИЗУ ДО ГЕРМАНИЈА
Пандев на лето во Баерн (М)
Од редовите на баварскиот гигант му нудат заработувачка од по 3,5 милиони евра во наредните четири години, што е десет пати повеќе отколку што има сега во Лацио
Најдобриот македонски фудбалер и напаѓач на римскиот прволигаш Лацио, Горан Пандев најверојатно ќе стане играч на германскиот гигант Баерн (Минхен) од почетокот на новата сезона, пишува влијателниот италијански спортски весник "Газета дело Спорт". Членовите на раководството на баварскиот клуб се сретнале со личниот менаџер на македонскиот репрезентативец и го разгледувале евентуалнот негов трансфер во Минхен на лето. Ова го потврди и самиот Пандев на сајтот на Канал 4.
- Моите агенти, како и претставниците на двата клуба ќе се сретнат во најскоро време во врска со мојата иднина. После тоа ќе стане јасно дали ќе се преселам во Баерн. Она што го знам од моите менаџери е дека интерес кон мене имало и од други клубови, меѓутоа Германците се најупорни. Сакам да играм во екипа што ќе се бори за титулата и настап во Лигата на шампионите. За жал не знам дека Лацио може да ми го гарантира тоа, изјави Пандев, кој во 2007 година, по втор пат едноподуго, беше избран за најдобар македонски фудбалер во странство во изборот на Фудбалската федерација на Македонија.
Од Лацио, сепак, демантираат дека ќе се разделат со 24-годишниот Горан Пандев.
"Горан има договор со нас до 2010 година и е важен дел од иднината на нашиот клуб", истакнуваат од "сино-белите".
Шефовите на најтрофениот германски фудбалски клуб понудиле 22 милиони евра за Пандев, како и десет пати поголема плата од онаа што ја прима во Лацио. Во моментов тој зема по 350.000 евра годишно, а од Баварците му гарантираат 3,5 милиони евра во наредните 4 години. До овој момент Пандев има постигнато 33 гола во Серија А, само сезонава 7 во Серија А и пет во Лигата на шампионите.
E aj sea!Vaka ili taka Pandev e blisku do Baern!Da se strpime pa ke vidime!