Е ОВА МЕ РАДУВА!!!!!
ТУРБУЛЕНЦИИ КАЈ БАВАРЦИТЕ КОИ КАКО СВОЈА ПРВА ТРАНСФЕРНА ЦЕЛ ГО ИМА НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР
Во Баерн се прави место за Пандев
*Заминуваат Тони и Подолски!? Се чека потписот на Пандев за 18.000.000 евра
Горан Пандев се врати во одличен стил. Повредата е минати а тој беше стрелец за својот Лацио на завчерашниот меч со Олимпијакос во Лигата на шампионите. Сепак тоа не е ништо ново. Нашиот најдобар фудбалер е најдобар во Лацио, дава голови и дојде времето кога треба да замине. Но каде!? Може да бира а понуди има од сите страни. А најатрактивна и најконкретна е понудата од Минхен. Во Баерн нашиот најдобар фудбалер е прва трансферна цел за престојниот преоден рок. И кога сите се прашуваа на чие место Пандев ќе влета во стартниот тим на баварците доаѓа и одговорот. Од Баерн Минхен зимава заминуваат Лукас Подолски (најверојатно во Вердер), но и Лука Тони. Италијанецот не е задоволенод престојот во Минхен и тоа вчера јавно го изјави. Дојдоа и најавите дека заминува во Арсенал или Тотенхем. И тука веднаш во сите тие калкулации и шеми Горан Пандев. И во Германија веќе се пишува дека Пандев во јануари ќе слета во тимот на Отмар Хицфилд. Но не за оние рекордни 30.000.000 евра. Парите кои Баерн Минхен ќе му ги плати на Лацио се 18.000.000 евра за за нашиот фудбалер славниот германски тим ќе плаќа по 1,7 милиони евра годишно.
"Понудата е актуелна но некаминат уште 3-4 недели и потоа ќе се знае се. нека заврши првиот дел од Италија", коментира Пандев за тоа каде и во кој клуб ќе замине во престојниот преоден рок.
Стигнаа и најавите дека и покрај тоа што Пандев играл за Лацио во Лигата на шампионите тој ќе има право на настап за Баерн Минхен во Купот на УЕФА. Според правилата секој клуб има право на по еден џокер за време на зимскиот преоден рок. Ваквите размислувања од Баерн веќе се јасен показател дека нашиот најдобар фудбалер речиси е пред портите на Минхен а во изминатите месеци управите на двата клуба и фудбалерот имаа неколку состаноци.
И. Д. Ивановски
"Вештачки" договор со Лацио!?
Низ медиумите во Италија деновиве еден куп најави од страна на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој најави дека на Пандев му е понуден нов договор со важност до 2012 година. Добрите познавачи на приликите коментираат дека тоа е "вештачка" понуда со цел да се зголеми цената на фудбалерот во ваквите денови кога за него има интерес од повеќе клубови. Лацио ќе мора да го продаде Пандев затоа што му требаат пари за нови засилувања. Според правилата на ФИФА нашиот најдобар фудбалер во јуни за 2-3 милиони евра ќе може да си го откупи договорот.
Загубена најважната битка
Посака и им даде гол на грците. "Горан Пандев не може сам....", такви се коментарите во Италија по поразот на Лацио во Рим со 2:1 од Олимпијакос. Пандев по асистенција на Роки даде гол за 1:0 имаше и уште една супер прилика но тоа не беше доволно.
"Ја загубивме најважната битка", вели Пандев за дуелот со Олимпијакос. Ги одигра сите 90 минути а следниот предизвик во ЛШ е Реал Мадрид.