***** Има спојлери за тие што не ја гледале 4та сезона *****
Ги објаснија поларните мечки , објаснија како стариот Брод се најде на средина од островот ( што ни укажува дека островот со менувањето на својата локација излегува во различни временски периоди, а истово е најва и за следната сезона ) ,го разработија патувањето низ времето што и беше за очекување и беше феноменално ,има уште две сезони така да глупаво е да даваме уште сега негативни критики .
Мене бар ми се свиѓа начинот на кој се развива приказната , статуата ,димот мислам дека ке бидат разработени зашто на DarkUfo имаше еднаш дадено како спојлер дека за истите во иднина ке има објаснувања ,иако за димот беше кажано дека е нано проект ( спојелри ) ,што и беше логично. Замислете да има и флеш бек на димот,

,започнувајки од мало димче .
Exotic батали ти што си читал по форуми , тоа на крајот беше телото на Лок , но нормално со изменето име зашто само оние од О-6 немаа променето имиња надвор од островот ,а тоа што беше ставено име на друг филозоф е баш за ваквите како тебе ,нешто слично како и епизодата со Дезмонд кога за прв пат се врати во минатото и кога купуваше прстен , ти текнува на жената што работеше во продавницата ,истата имаше глумено во филм со Никол Кидман и сосем '' случајно " ,филмот се викаше The Others

.
Да се навратам на работите што не очекуваат ,ме интересира и поврзаноста на
Шарлот со островот ,зашто не и е прв пат како стапнува на него ,а и она беше дел од експидицијата во Мароко кога беше пронајдена поларната мечка со логото на Дарма (и тоа беше објаснето како се случило).
После којa e улогава на
Метју ,типот кој се појавува во 4та сезона , а го има и во минатото на Лок кога беше инвалид .
Има и други работи али ме мрзи сеа да постирам , одговорот како и да е ке го добиеме во наредните 2 сезони кои не верувам дека ке не разочараат ,бар не мене .