A kaj si ti vo stranstvo poblisku mozebi sme vo ista drzavaИ јас сум во странство ама поблиску па имам можност да се враќам во Македонија, тука сум од септември, веќе еднаш си бев дома и ќе си одам наскоро пак. И исто, и мене најубав дел од денот ми е кога ќе зборувам со домашните, со другари/ки, со дечко ми... Ама сфатив дека не е Македонија тоа што ми недостига, туку луѓето кои ги сакам и ме сакаат таму. Инаку, да бидеме реални, можности, среден живот, функционални институции... Тоа е само дел од она кое го има овде, а дома го нема. Не знам уште дали ќе се враќам за живеење во Македонија, тоа ќе зависи од еден куп нешта и не можам да ги предвидам сите (особено не личните прилики), ама за сега... Македонија ми изгледа како совршена за одење на одмор, да се исповидиш со сите, да си поминеш најубаво, ама со броени денови... Не сум сигурна дека сакам да работам таму...
Се согласувам!Оној кој што не успеал во својата земја, никаде нема да успее затоа што не е до земјата, туку до човекот е.
Ако не те бива дома, никаде нема да те биде.
Извини, но воопшто не се согласувам со тебе. Неможеш да кажеш дека е до човекот, коа во нашата земја нема услови за развој на интелектуалци. Чист пример: Пријател на татко ми дооолги години раобтеше во крим-лаборатотрија, се мачеше. Човекот е мислам 2 Ајнштајн... Виде прилика, оп скокна за Австралија... И сега што прави?! Праќа начини за некои си испитувања кои он ги има пронајдено во Австралија затоа што таму му било овозможено да истражува... Епа ајде сега кажете ми причина поради која не би си одел од земјата...Оној кој што не успеал во својата земја, никаде нема да успее затоа што не е до земјата, туку до човекот е.
Ако не те бива дома, никаде нема да те биде.
Оној кој што не успеал во својата земја, никаде нема да успее затоа што не е до земјата, туку до човекот е.
Ако не те бива дома, никаде нема да те биде.
Баш поради тоа што секаде се цени квалитет, сите бегаат надвор. Кој колку сака нека ме убедува, ама јасно знаеме кои услови ги имаме тука за учење и живот а кои во странство...Апсолутно е така , па затоа заради таквите кои мислат дека надвор ќе успеат , а не дома , имаме огромен извоз на мозоци ( мислам само на високо образовани луѓе , а не на капацитети, затоа што ако биле толку големи зошто не успеале да се докажат и овде?) и мислам дека се зависи од снаодливоста на човекот што е и до некаде и одраз на интелигенцијата.
Сме немале еднакви шанси и можености за опстанок... Глупости , ако некој навистина се труди и знае како да го поврзе сопственото знаење , снаодливотса и комуникациските во склоп со манипулаторските способности , ќе успее каде и да е.
Да не мислите дека во другите земји на пример Америка рози цветаат?
Секаде се цени квалитетот, не се лажете ...
Донекаде се согласувам со тебе. Точно дека сега за време на оваа економска криза дури подобро е и да си останеш до Македонија и да се задоволиш со некаква(никаква) плата, отколку да одиш во странство и за џабе да си фрлиш парите за виза/транспорт. Знам многу луѓе што отидоа во Италија/Словенија/Германија мислејќи дека таму ќе најдат работа, ама ништо се вратиа со празни раце.Не би отишол во странство.
Кај нас проблемот е што сите чекаат работа од некој друг, а никој не размислил он самиот да биде работодавач.
Сега со кризава наоѓање работа во странство никогаш. Па бидејќи ќе потрае едно 5-6 години па така моја препорака гледајте тука да отворите фирми и да бидете свои луѓе.