Што очекувате од животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
хмм.На ова прашање ама баш никогаш не сум размислувал.Затоа сега ќе се потрудам да дадам адекватен одговор.Па вака,од животот очекувам среќа која што ќе ме служи во било какви ситуаации и која ќе ми помогне да стекнам какво такво богатство со кое рестот од животот би го поминал шетајки и купувајки шо ми душа сака или на нашки речено остатокот од животот ќе си го помина ладејки си го :)
 
Not yet. Задоволна сум од се што сум постигнала за моиве 17 години, ама сметам дека можам и повеќе од ова, и се трудам да бидам подобра од ден на ден. Од животов не очекувам ништо конкретно, очекувањата најчесто ме доведувале до разочарувања. Затоа оставам на случајноста, или судбината (зависи кој во што верува :)) и се надевам дека ќе завршам на вистинскиот пат.
 
Уште нешто да додадам - очекувам да ме изненади кога најмалку ќе очекувам.
 
Уште нешто да додадам - очекувам да ме изненади кога најмалку ќе очекувам.

Да те изненади?
Да те боцне маларичен комарец? Да фатиш сифилис од камбоџанец? Или, most surprisingly, да те наседне слон?


Не си создавам проекции, затоа што со нивното втемелување цртам слика на ностердамска омнипотенција за мојот ум, а со тоа и создавам плодна почва за идни разочарувања.
Она во што ќе се претвориме во денешниот свет најмалку зависи од нашите проекции за иднината на нашата личност, а најмногу од нашата подобност во очите на другите и сервилниот набој кој сите го имаме како дел од природната состојба.
Живееме, колку тоа тажно да звучи, од компромиси. Мали или големи откажувања од нашиот разум и волја. Умираме како една половична извитоперена верзија на она што сме сакале да бидеме а поради концесиите кои свесно сме ги давале на други времени господари со нашата личност, сме станале.
Заклучно, од животот очекувам што помалку компромиси.
 
Да те изненади?
Да те боцне маларичен комарец? Да фатиш сифилис од камбоџанец? Или, most surprisingly, да те наседне слон?

Ха ха, ме пресмеа, хумор невиден...:icon_conf
А да, баш на такво изненадување мислев, браво, ме прочита од еден пост :icon_neut
 
Не очекувам кој знае што од животот, немам некои големи очекувања, не верувам во чуда. Се знае горе долу што може да биде, понекогаш може да се случи нешто неочекувано, да не изненади но повеќе животот тече така како што ние налагаме, ние сме тие кои го диктираме темпото и начинот на живеење. Каков ќе ни биде животот, дали ќе се исполнат нашите очекувања се зависи од нас. Ние сме тие кои кроиме планови за нашата иднина, кои се трудиме да ги исполниме. Животот е одраз на нашите постапки, значи ако ние се трудиме и целата своја енергија ја насочиме кон остварување на нашите цели тоа и ќе се случи порано или покасно. Но ако имаме само очекувања без преземање на акција тие нема да се исполнат, не се случуваат чуда.
 
Животот не е само планирање, и замислување на перфектна иднина
не се живее од фантазии, и колку да е различна од нашите посакувања сепак реалноста е таа која пред се треба да ја живееме. Немам претстава што би очекувала, но еве кога би требало да појаснам.. единствено што очекувам е само убави и добри денови исполнети со желбаза продолжуве понатаму, со еден збор среќа. Ако имаш среќа имаш се, ако немаш среќа и тоа што го имаш ке го изгубиш.
И да... очекувам да имам едно Порше ГТ2 :tv:
 
Од животот ништо не очекувам, тој нема ништо да ми даде, од себе си очекувам, да издржам, да напредувам, да успеам.
 
Очекувам да ги подреди работите што не зависат од мене така што јас кога ќе делувам на работите што зависат од мене да ми оди полесно.
 
што очекувате од животот ? тоа што животот очекува од мене...
 
Oд животот очекувам мир, спокојство и убава енергија.

За другото, сам сум способен!
 
Очекувам да се вработам според факултетот што планирам да го завршам, да имам нат просечна плата и да си проживеам убаво...Досега успеав да направам многу, но главната битка допрва следува...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom