Тука пишуваме на зададена тема

С

Сатори

Гостин
Ја вадам цигарата од табакерата и ја пушам музиката за да ја исполни собата и застанувам да се смешкам.
Се обидувам да се сетам како се викаше девојката вчера, знам дека оваа имаше црна коса или беше црвена, не ми доаѓа нејзиниот лик во мислите, само знам дека пушеше Boss и дека ја испратив да си оди дома пред да се отрезнам како што треба.
Веројатно не се ни сеќавам на неа, ниту на тоа колку сексот бил добар или не.

Гледам ливче со број веднаш на масата, кога успеала да го остави, не се сеќавам ни на тоа.Низ глава ми минува мислата дека си ветив пред два дена дека ќе се откажам од туѓи женски гради, пак си го прекршив ветувањето.
Уште еден дим за да го изгубам видот.
Го вртам бројот и слушам ало:
-Како се викаш?
-Виолета.
-Хех, океј.Црвена или црна?
-Црна.
-Супер, еј, Виолета, знаеш ли дека имам девојка?
-Не.
-Океј, како и да е, имењачка си ми.Сакаш да одиме на кафе?
-Кога?
-Во 2.
-Каде?
-Чекај ме пред клубот од вчера.
Го затворив телефонот и пробав да си ставам вода во чашата без да се натопам.Неуспешно.

Се придвижив до плакарот за да го сменам фустанот.

Огледало, оххх, кога се префарбав црна?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
О Г Л Е Д А Л О

Како сум по мистичните нешта, дојдов до сознание дека во огледало можеш да ги видиш своите претходни животи. Без многу размислувања и предрасуди, со голема возбуда застанав пред моето големо и тркалезно огледало.
Иако мојот тренер по Јога ме предупреди гледање во огледало да не го правам во доцните часови јас сепак сакав баш тогаш.Така ми беше по возбудливо,по мистично и неизвесно.Но секако дека добив уште неколку предупредувања и тоа дека ќе забележам дека мојот лик во огледалото ќе избледе,а откако ќе избледе себе ќе се видам како костур,ќе го видам мојот череп, баш онакви какви што се во кабинетите по медицина.Сета таа приказна ми изгледаше смешна,некако претерано застрашувачка и воопшто не ме обесхраби да го пробам тој експеримент.Но, морам да признам дека ми делуваше и застрашувачки.Но, како со обожавање сакам да гледам хорор филмови и тоа со доста застрашувачка содржина,филмови кои не се баш препорачливи за луѓе кои имаат слаби нерви, кои лесно би можеле да добијат срцев напад,за мене тоа беше како да гледам хорор,но во главната улога ќе бидам самата јас.Ајде, лесно ќе ја одиграм својата улога во филмот,што е тоа за мене,јас која сакам возбудувања до таа граница што адреналинот ќе ја надмине нормалната граница,што значи дека во старт ја надминав кочницата за да се откажам од експериментот.Но,следува уште нешто.
Исто така бев предупредена дека во огледалото ќе видам како мојот лик ќе се преобрази и во други ликови.Смешно,навистина смешно.Како можам да видам и други ликови освен мојот лик,можеби малку со искривена слика,но сепак ќе сум јас таа што сум?Што тоа значи,значи дека ниту оваа не ми претстави препрека за да се осмелам да застанам пред огледало и да почнам да истражувам,да се уверам дали тоа е лага или вистина.Ништо друго не ми преостана освен да појдам по вистината и конечно застанав пред огледалото.
Малку тешко ми одеше со концентрацијата додека се гледав во огледалото,но не поради самата концентрација туку поради тоа што очите ме печеа па морав да прекинам.Откако се смири непријатната реакција на очите повторно застанав пред огледалото.Моите очи трепереа што е и нормална појава.Настојував во исто време да се гледам и во двете очи,но одеше тешко.Се сетив на зборовите на мојот тренер по Јога дека и во таква ситуација треба да продолжам да гледам,дека самите очи ќе се наместат.По некое време забележав дека успеав и бев многу среќна оти ќе можам да продолжам со експериментот.Подоцна забележав дека моите очи како да станаа едно,всушност се споиа и во огледалото видов само едно око ,како окото на киклоп токму каде се наоѓа анја чакрата,тогаш го забележав онаа бледење на мојот лик,нешто како густа магла,но и по најмала попуштена концентрација и возбуда се тргаше.Бев возбудена од самото сознание дека во експериментот имало вистина.Мојата упорност одеше до таа граница каде успеав мојата глава да ја видам како костур,баш онаков страотен со оние црни дупки во пределот на очите,дури и јаболчниците ги видов,а усните беа само темна сенка.
По неколку минутно гледање во черепот почнаа да се формира лик.Мојот лик се измени и тоа многу добро видов дека е машки лик,со густи црни веѓи,застрашувачо злокобни очи од кои зрачеше злоба.Косата исто така беше црна и доста долга,а лицето прекриено со голема и долга брада.Верувале или не,јас се уплашив од страотниот ликот што го видов во огледалото се прашував како е возможно мојот лик да го видам како возрасен маж кога јас сум жена?
Од еден друг мој пријател,но за жал тој веќе е починат скоро шеста година дознав дека ликот кој го имам видено во огледалото е лик од мојот претходен живот,но тој лик не сум јас туку тој лик всушност е задржан во мојата потсвест,лик кој во некој мој претходен живот сум го сретнала.Но се запрашав зошто беше току зол,дури во себе почувствував еден таков студ што мислев дека крвта лед ми се стори,но и за тоа добив некој колку толку приближен одговор.Како мојот пријател...сепак има нешто штом го спомнувам,но кој да го разбере тој свет,но ете нека му е лесна земјата,тој на исправен,јас на лош пат.
Значи како мојот покоен пријател се занимаваше со некои мистични работи ми објасни дека јас сум живеела некаде во Франција и дека сум била слугинка во неговиот замок.Во замокот имало многу деца,а јас многу сум ги сакала тие деца,сум ги чувала,но тој како бил многу злобен, зло намерен и сум имала многу страв од него.Но за разлика од него,неговата сопруга ме штитела и со неа многу добро сум живеела.Можеби оваа е и вистина,од каде да знам,но сепак визијата на мојот покоен пријател за човекот ми остави голема сугестија.Ист тој лик,барем мислам дека е, по одамна го видов и во едно списание и дека бил некој кој живеел во Франција,дури го имаше сликано до својот замок!?Сепак се држам до тоа дека е коинциденција,или пак самата се убедувам дека е, колку да не збудалам.
Гледав уште многу други ликови во огледалото,но се беа машки ликови,и се прашував зошто?И на тоа добив одговор од мојот покоен пријател.
-„Можеби во твојот минат живот си била машко?„
Како и да е, оваа гледање во огледало уште повеќе ме привлекуваше,ми беше искушение да продолжам,но веќе бев подготвена и недозволив да се заплашам ма што и да видам во него.Но,овој пат беше комична слика.
Во огледалото се видов како мајмун,типичен оругутан,ми одеше да праснам во смев,но гледав да се концентрирам на ликот.Неверојатно,зарем во мојот претходен живот сум била мајмунка?Верувајте,и сега кога оваа го пишувам ми доаѓа да се смеам.
Последен лик што го видов во огледалото беше по питом лик,но сепак машки лик.
Имаше чудно потшишана коса,каде шишките беа рамно пресечени,под права линија откривајќи му го неговото високо чело.Косата како да беше многу мазна и права,ликот ми личеше како да е некој монах или така нешто.Одговорот за овој лик не го добив од мојот приател,за жал тој веќе беше починат.
Моето искуство со огледалото едвај чекав да му го пренесам на мојот тренер по Јога,кој свати дека сум убедена и уверена во мистичните тајни на огледалото,па затоа ми предложи заедно да испробаме уште еден експеримент.Само да знаете колку бев возбудена и едвај чекав да почнеме,да го видам следното изненадување.И двајцата застанавме пред големите огледала,всушност пред тие огледала ние трениравме Јога.Стоевме еден до друг и по негово барање требаше да се гледаме еден друг во очите,и со големо нетрпение го прифатив и тоа изненадување.По некое време успеав да ги видам неговите трансформации,некогаш по јасно,некогаш по магловито и не јасно.Во еден даден момент во огледалото го видов дека е обезглавен,на неговите раменици ја немаше неговата глава.Бев збунета,трепнав за да сликата исчезне и повторно продолжив.Но,сликата беше иста,повторно беше обезглавен и ми личеше како во оној филм„Обезглавениот јавач„По некое време,да кажеме по половина час прекинавме со гледање во огледалото и секако сакавме да слушнеме еден од друг како сме поминале.
Јас онака збунето го прашав:
-„А зошто во огледалото неможам да ја видам твојата глава,како да е отсечена„?
Тој се насмеа кажувајќи дека тоа и сакал да го постигне,всушност јас да го видам обезглавен давајќи ми сугестии додека ме гледал во очите и затоа јас сум го видела обезглаен.
Си помислив колку е моќна сугестијата на човекот,а уште колку е помоќно самото огледало,навидум обично огледало,но всушност дали огледалото е само огледало или нешрто по моќно?
Идеата за гледање во огледало прерасна во секојдневица дури и користев прилика да ги гледам и другите ученици по Јога.Како некои огледала беа на самиот плафон од просторијата каде трениравме Јога,јас секој момент кога вежбите беа во лежечка положба ги гледав некои од членовите.Нај чуден и нај голем впечаток ми остави една од членот која во огледало ја видов како вештерка од оние цртани филмови,иако истата беше многу убава девојка.
Оваа искуство го соопштив на мојот тренер,кој истотака се обиде девојката да ја види во огледало.За мое и негово изненадување и двајцата видовме ист лик во девојката,лик на вештерка.Направивме и една пародија за ликот на девојката дека можеби во минат живот и била некоја вештерка.Се разбира за оваа тајна на огледалото знаеме само јас и мојот тренер,што би било кога останатите членови би дознале?Таа наша тајна никогаш и не ја дознаа.


Кога поминувате покрај вашето огледало запрашајте се дали ликот што го гледате во него всушност сте вие,или во тој лик има и многу други ликови.Кој е храбар и упорен нека јастави на искушение својата судбина во судбинското огледало,можеби ќе ви открие и многу нешта.


Даница Петровска„09„
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
-Каде?
-Чекај ме пред клубот од вчера.
Го фрлив телефонот на растурениот кревет и се погледнав во огледалото со задоволна насмевка..знаев дека ќе се јави порано или подоцна.
Почнав да се шминкам за следната средба со неа.
Го чекав ова премногу долго за да имам во глава совршена слика за тоа како треба да изгледам на средбата што следеше..

Беше 2:15..ја здогледав како се приближува.Можев да ги почувствувам нејзините очи како поминуваат по моето тело..
Ми се доближи,ме зграби за глава и ме бакна..
-Дрско,помислив..ми помина сцена од синоќешната забава со неа..се насмевнав едвај забележително..
Тргна накај клубот.
-Застани-реков
-Зашто?
-Сакам да ја паметиш оваа вечер..
-Оди во мојот стан,еве ти ги клучевите..една пијачка и доаѓам.

Веќе бев во нејзиниот стан.Мирис на цигари,расфрлана облека и растурени шминки..Слики од некои нејзини добри времиња.
Влезе низ вратата,мирисаше на вотка..Имаше вкус на вотка..
-Рече една пијачка..
-хахаха..Да мамо!
-Ти реков дека сакам да ја паметиш вечерва..
-Не се лигави,ми треба секс ако неможеш тоа да го направиш излегувај..
-Секако дека можам...

И се доближив и почнав да ја бакнувам..фустанчето што го носеше само падна од нејзе..или можеби она го соблече...не се сеќавам веќе..
Легнавме на креветот скоро голи..
-Почекај-реков низ воздишки и станав
-Што ти е пак сега?
Отидов до чантата и ги земав лисиците
-Сепак си била добра-ми рече.
-Ти реков дека ќе биде ноќ за паметење.
Ја врзав за креветот и продолжив со акцијата..
-Имам уште едно изненадување за тебе.
Отидов пак до чантата и го извадив пиштолот.Го вперив во нејзиното голо тело.
-Не ме палат такви работи глупачке.
-Знам,добро знам што те пали...Всушност знам се за тебе..
Ги знам сите девојки кои си ги собрала,сите мажи..сите афери..цел твој патетичен живот ми е одлично познат..Те сонувам,мислам на тебе..И ќе те убијам..
-Која по ѓаволите си ти и што сакаш?
-Мислиш освен да патиш?Твојот живот!
Ја извадив глупавата црна перика и ја фрлив на подот.Имав црвена коса ама она не се сеќаваше дека синоќа периката ми падна.
Неќев да влезам во клубот зашто ќе ми го најдеа пиштолот.
-Се сеќаваш на Сања?!?Ми беше сестра.А ти ја искористи за една од твоите бурни вечери и утредента раскажа се за тоа.
И го уништи живото и се самоуби..ЗАРАДИ ТЕБЕ НЕМАМ СЕСТРА!
-Не сум јас виновна што сестра ти била тенка во мозокот.
-Да знаеш само колку сум среќна што ќе те убијам..Што ќе те нема на светов.Барем нечиј живот ќе биде поубав без тебе..
-Јас веќе сум мртва..

Истрел
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Зад огледалото I

Кога среброто ќе се претопи во црно,
а тврдото ќе стане течно, зарони, стопи се
ко` во водите на Прапочетокот.
Измиј ги во црно сите бои
со кои животот те премачкал-
запливај искрено, како ембрион.
**********
Кога црното ќе стане сребро,
а течното тврдо,
побарај дали уште си тука-
шарен лик на сребрена површина.

Зад огледалото II

Сам. Се затвораш сам.
Бегаш во пештерата од бетон и стакло.
Дали од чопорот (мислиш го надрасна)?
А кога ќе заболи, очајно бараш некој
да ти ги лиже раните.
Видуваш колку си мал, колку си несреќен.
Во темнината на пештерата
се прашуваш:
„Избегав или ме набркаа?“

Зад огледалото III

Чиниш тврдина освојуваш,
камените ѕидини богатство кријат!
Ги уриваш, и...камен, раседнат масив...
Тврдината била стратегиски трик,
мрачниве провалии со луѓе се хранат!​
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Ја гледав додека со розовите очила храбро се пробиваше низ животот како второто од трите деца на двајца посветени родители. Секогаш борбена и настојчива во обидот да излезе од сенката на најголемиот како најприоритетен и најмалиот како најразгален. Никогаш патетична во поривот. Во 20тина години живот, не доби ништо благодарение на своите солзи. Не дека не знаеше да плаче... плачеше тогаш кога знаеше дека не ја гледаат. Не дека не знаеше да вреска од болка, да крши од гнев, да се бунтува од желба... врескаше и ги откинуваше најболните крикови ама од највисоката планина, осигурувајќи се дека никој да не може да ја слушне. Знаеше да биде меланхолична и бледа но во сопствената сенка. Тагата беше дел од неа, но не и дел од начинот на која таа се изразуваше пред светот. Сакаше да биде цврста, нескршлив камен на генерацијата, сама доволна на себе. Независност беше она што со покорната молитва го повторуваше секоја вечер пред спиење, и секое утро пред да го погледне во очи новиот ден.

Ја гледав и толку и се восхитував, толку се гордеев со неа. Не дека секој нејзин чекор беше исправен. Не дека секоја нејзина постапка беше промислена. Се плашев да го очекувам истото на средината од втората деценија од нејзиниот живот. Сакав да остане нежна и ранлива, да го задржи детсткото и покрај толку агресија во себе и покрај толку жар. А не можев да и се дочудам на големината. Не онаа физичката и возрасната, колку на духовната. На онаа подготвеност со која на неколку чекори после 14-тата застана цврсто зад ставот дека сака сама да ги заработува парите за сите ситни задоволства кои и го прават среќен животот на една млада дама, а за кои обично треба да се молат мама и тато . Можеби и повеќе свесно отколку реално можно за нејзиното доба, влезе во најтешката борба во младоста – конфликтот со конзервативниот татко. Спротивно на сите негови уверувања и забрани, спротивно на разубедувањата на едно дете дека е залудно да се троши толку младо кога тој, нејзиниот татко, имал и повеќе пари од доволно и дека врз основа на тој факт таа секогаш добивала многу повеќе отколку сите во нејзина близина, нејзината душа не можеше да попушти пред искушението.

Колку прекрасни работи научив од неа. Радоста да се биде своја со благи примеси на самостојност во раната младост е возвишено чувство кое малкумина го разбираат во неговиот вистински сјај. Но таа знае, зашто покрај сите препреки почна истата да ја искусува, додека сите се сомневаа во издржаноста на нејзините цврсти одлуки. Ми се полнеа и очите и душата додека ја гледав како се бори како ранета ѕверка без да остава жртви зад себе, без да ги валка и рацете и мислите, благодарение на тоа малечко главче што несомнено собираше многу повеќе отколку што беше реално можно да складира. Го движеше времето напред, ја боеше едноличноста на животот на тие околу неа. Им беше светлото во денот, насмевката во најголемата болка. Толку полека и симпатично ја стекнуваше неговата почит, толку полека му отвараше рана длабока цела јама зошто секогаш се сомневаше во нејзината упорност, зошто секогаш им пркосеше на нејзините цели. А ќе обвини ли некој еден стар татко, на кого му е судено децата порано или подоцна да го напуштат, за обидот секое од нив да го задржи што е можно подолго во својата прегратка, под своите крилја, па макар и разјадени, макар и најнепријателски настроени.

А сепак, имаше една огромна дамка на неговиот восхит кон неа, што никогаш нема да го проголтам како таков. Растеше неговата почит, а се зголемуваше неговото отуѓување, неговата оддалеченост. Се прашував во кој момент од времето тој почна да се плаши од неа, од нејзината храброст и предаденост. Ја мразеше нејзината независност што со секој ден повеќе се зацврстуваше и ја хранеше нејзината суета до баснословни размери. Неможејќи да се помири дека прерано завршил со својата татковска обврска кон неа, продолжи да живее со неизмерната желба да ја казни. Таа беше птицата што најрано го напушти гнездото и никогаш не се сврти назад, а за него заслужува да страда секое дете кое му создава толкава болка на преданиот родител.
Ја гледав и додека така казнувана се мачеше да открие каде погрешила. Ги направи сите околу себе горди, секогаш несигурна дека ја стекнала и неговата восхит. Отуѓена и омразена заради неговата глупава гордост и 5 години по напуштање на татковиот дом го посетува истиот како странец. Тргнува со најубави желби и најтоплите прегратки за своите родители, за веќе наредниот ден плачливо да тргне назад кон својот самотнички живот, речиси избркана од домот во кој ги направила првите чекори, ги пролеала првите солзи, се заразила од непрекината желба за гушкање и дарување љубов.

А утре.... Утре е нов ден. Во очи на утрото таа ќе се насмее. Ќе се подигне од креветот со вечниот порив за борба против еднообразноста на светот. Ќе ја облече најголемата храброст на овој свет и ќе го напушти својот дом со најсилната волја да ги измени работите од вчера. Се дури околу себе гледа насмеани лица, нема да мисли на својата отуѓеност, на огорчениот татко, на мајка си која страда заради истото. Нема да мисли дека домот во кој се родила, веќе не може да го нарече свој. Нејзиниот дом е насекаде низ светот. Секаде онаму каде што таа ќе одлучи да го смири своето срце после напорниот ден во кој сама ќе се избори за својата скромна вечера и удобниот кревет.

....


Го бришам правот од огледалото, погледнувам за последен пат во него пред да го прекријам со белата прекривка и да ги затворам вратите на домот кој утре ќе го нарешам поранешен. Во него за последен пат ја гледам неа, храброто второ дете на своите родители, овојпат на нешто после 20-тата со сета зрелост и сето искушение кои и ги носат годините. Овојпат без желба да се навраќам на годините низ кои ја градев својата цврстина и кои никогаш не беа сфатени како желба и спремност да го намалам родителскиот товар врз себе, или како стремеж да излезам од сенката на вниманието посветено на постариот и помалиот. Независност е сеуште она што со покорната молитва го повторувам секоја вечер пред спиење, и секое утро пред да го погледнам во очи новиот ден. Моите чекори сеуште не се најисправни, ниту моите постапки најпромислени, но се најдобрата опција која ја имам во моментот. И сеуште сум исто толку нежна и ранлива со детското во себе и покрај толку агресија и жар во себе.

А утре...Утре ќе погледнувам во огледалото на нова соба која ќе ја нарекувам мој нов дом и можеби нема да имам толкава желба да зборувам за себе во трето лице еднина како сега. Мојот дом е насекаде низ светот. Секаде онаму каде што ќе одлучам да го смирам возбуденото срце после напорниот ден во кој сама ќе се изборам за својата скромна вечера и удобниот кревет...
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Влегував во рамките на вечноста. Секоја игра на конечност ја одбивав од прва рака.
Бледа,бела..едвај животна го галев подуениот стомак. Плодна сум,сепак. Се испеков еднаш,двапати и третиот дозволив да ме понесе трамвајот на вистината.
Колку патувања..за едвај денар. Извлеков жива глава,несакајќи. Сешто буткав во устава. Едвај успеав да ја затворам а кога го правев тоа гледачот трепкаше љубопитно.
Купив љубов. Го ставав огледалото пред себе..ги ширев нозете и си дозволував милувања на клиторисот без да го почувствувам неговиот здив. Патем го лигавев ѓерданот..наследство од баба ми. Лицето ја оддаваше старата младост,не знаев како да му угодам. Стапалата се ослободија се дур не се доближив до својот лик и продолжив да водам љубов со двојната Јас. Така во болна тишина се лижев и ја пуштав течноста да врви низ својата патека.
Мала,разиграна кралица. Немав милост над изворот. Сакав да се грабнам..кога себството мое пукаше. Громогласно,тешко. Најзад паднаа наземи три прекрасни бистри парчиња.
Чувај ме,помислив.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Огледало

Ја обожавам црвената боја.Сите значајни моменти во мојот живот беа поврзани со црвената боја,моето раѓање,првиот школски ден,детските игри,првиот пат,првиот работен ден.И секогаш ми претставуваше огромно задоволство ѕверењето во црвените детали на моето ремек дело,чувство кое не може да се спореди дури ни со првата капка вода после долго истрчана патека.
Да,ја обожавам црвената.
Ја обожавав и утрото кога се разбудив.
Денот почна сосема нормално,алармот ѕвонеше во соодветно одреденото време,го почнав утрото со утрински ладен туш,косата ја оставив сама да ми се исуши,се спремив и застанав пред моето големо огледало.Застанав за момент и се навратив на минатите месеци,минатиот ден.Се гледав во огледалото,упорно се обидував да протолкувам што гледам,кого гледам.Но, не можев да протолкувам,не можев да се препознаам,во што се претворив,каде отидов,која сум јас,и како дојдов до тука? Ништо од тоа што гледав пред мене не се совпаѓаше со ниеден спомен.И тогаш дојдоа тие,ми ги замаглија очите со разочарување,тие кои најмногу ме дружеа во последниов период.Единсвено останато од мене беа тие,замаглените очи.И тогаш бесна на себе,уморна од животот,лута на животот,згадена од сликата што ја гледам пред мене,насилно ја уништив со мојата омилена четка,која секогаш беше тука за кубење на косата после нервозно помината вечер.Парчињата стакло паднаа на подот.Мирно го гледав сребрениот отсјај,кој поцрвенуваше со брзина на светлината.Повторно и за последен пат уживав во црвената глетка,познатата нијанса,која овој пат сама ја создавав со моите раце.Слобода.


 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Огледалце огледалце, кое е најпатетичното суштество на овој универзум?
Огледлото гордо и полно со самодоверба: ТИ СИ!

Така со иронична насмевка си легнувам некој си 250 дена од цели 365 во годината, а скоро 20 години од мојве веќе мрсни 25. Мрза, глупавата мрза е виновна, мојата уште поневидена генетска структура која што ме прогонуваше како сенка што навечер која што дури и навечер не ме напушташе...а навечер сите сенки исчезнуваат.

Јас имам огледало, дури имам и неколку огледала-но тоа вистинското што највеќе ми треба го имам скриено некаде длабоко во себе, толку е далеку и толку е страшно што дури заборавив како и каде да го барам. Сите растеа и се развиваа а јас се борев со секојдневно во својот морбиден череп со таа проклетија наречена огледало. Секогаш барав...и се уште барам нов почеток, барам низ црните магии, низ мрачните мисли на непочестените поети, но најдов само уште толку мистерии и таги за самиот себе. Колку сум мизерен за себе и за моето семејство само јас си знам, колку го презирам општеството само јас си знам, а само колку ја сакам таа девојка...само срцево знае.
Да да, открив дека сум одличен но лошо ги изиграв картите...а нив ги изиграв лошо поради стравот од тоа проклето огледало, поради мојата јаречка гордост..поради Ивица.

Не можам да пишувам, тоа огледало толку ми е конфузно. Сите тегоби што ги имам во себе во овој момент се токму поради тоа, тука сум поради него, се тресам поради него, едноставно...веќе не ги ни перцепирам своите постапки поради него...смртно сум зљубен поради него...кога ме боли душата јас навистина чуствувам физичка болка поради тоа огледало.
Но немаше да бидам облеан со вакви божествени емоции, со ваков остар поглед...немаше да се зљубам во светот...во неа да не беше тоа огледало.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Секогаш незнам како да почнам. Која да е првата реченица, каков да е почетокот. Ама сфаќам дека за овој текст немора да се има ни почеток ни крај, затоа и почнав со ваков глупав почеток.

Првата причина поради која се будам сабајле е да јадам Чоко Макс. Уметнички ќе земам цела рака зрнциња житарици. А тоа го правам заради тоа што помеѓу мене и тој што јаде со мене правило е колку ќе земеш в рака, толку да изедеш одеднаш. Оваа среќа неможам да ја опишам. Среќен сум што секое утро си имам две до три пакетчиња. И почесто го јадам Чоко Максот со млеко. Сигурно ќе научам уште повеќе да ја ценам оваа работа кога ќе се наоѓам на Северен пол и кога таму ќе нема наутро за јадење.

Втората причина поради која се будам наутро си ти. Јас одамна не сум почувствувал таква топлина што ја произведува големо срце како тоа што го имаш ти. Сега утрата се подобри на квадрат. И на кубен. И на цифра која понатаму не ја знам.
Отсекогаш ми било битно да се продадат што повеќе бинго картички. И она што сакав да го правам секој ден - продавај, продавај... Ама тогаш дојде ти и ме научи дека сите ние сме родени за големи нешта. Јас го менувам светот како што ти го менуваш мојот.
Тој што денес поминал до тебе и те погледнал, тој што сврзал два три збора со тебе треба да е среќен. Него би му кажал дека не треба, туку мора да се чувствува посебно кога ќе те погледне.

И треба таквите луѓе кои ќе дојдат денес во допир со божество како тебе да бидат среќни, затоа што не знаат какво богатство е да ја знаеш најмилата личност на цел свет. Не зборувам за општиот, надвор голем растурен свет. Зборувам за оној наш свет во кој убавите работи се остваруваат. Да драга моја, оние работи кои мислиме дека не постојат. Ама не е точно, затоа што твојата појава го побива ова.

Многу желби ми се вртат во главата сега, а фала и на тие што се исполнија. Кога ќе заоѓа сонцето, еден убав пролетен ден ние ќе пијаме кафе придружени од прекрасната Џамироквајска музика. Замисли колку посебен момент ќе биде тоа.
И сите моменти со тебе се посебни.
Замисли, ти си огледалото во кое јас секој ден се повеќе се одгледувам. И убаво е што повеќе зјапам и се гледам и препознавам себеси.
Нема да прашам огледалце кажи ми кој е најубав, најтажен, најсреќен, најмизерен.
Затоа што ги знам одговорите. А тие лежат во тебе.

Ете гледаш, еве го крајот на текстов, ама не и на патешествието кое копнее да биде насликано.
Со овие најобични зборови кои се сепак уметност на душата ти кажувам колку те сакам.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Огледало...

Си беше еднаш едно девојче со кафена кадрава коса кое по цел ден си играше со играчките, излегуваше надвор, се смееше, го сакаше светот. Немаше ништо поедноставно од тоа да биде чиста, искрена...Беше премлада, имаше едвај 5 години. Еден ден влезе во една од собите од станот и виде една голема површина стакло во која кога ќе се погледнеше се гледаше себе. Се чудеше што е тоа, и беше непознато, но интересно, постојано ѕиркаше, се гледаше, тоа и беше толку необично. А потоа се запозна со бајките на Дизни и сфати преку Снежана дека таа површина се нарекува огледало. И почна да го користи огледалото како своја занимација: пееше пред него, играше пред него, се смееше, правеше чудни фацки...беше слободна пред него.
Годините поминуваа, веќе имаше 12 години. Сеуште играше и пееше пред огледалото, правеше гримаси... но нешто се смени во таа дванаесетта година...премногу болка, премногу солзи, доби модрици на нејзината душа и на нејзиното тело, злобата од другите луѓе ја изгоре нејзината кожа што допре и до нејзинато детско, искрено, отворено срце.
Кадравото девојче кое што со часови стоеше и се забавуваше пред огледалото, сега стоеше во болка и плач и го колнеше својот одраз, се колнеше себеси. Се колнеше заради нејзината неубавина, се колнеше заради тоа што навистина поверува во сите тие навреди наменети да ја уништат нејзината самодоверба, веруваше дека е грдо пајче, веруваше дека никој не би можел да ја сака, навистина поверува дека не личи на девојче и дека е одвратна... Тринаесеттата година беше годината кога девојчето почна да бега од собата каде што се наоѓа огледалото. Ја болеше сопствениот одраз...Кога го гледаше својот одраз, во ушите и одзвонуваа зборовите повторувани секој ден, во секоја можна прилика. Четиринаесеттата година... веќе не влегуваше во собата, особено по оној кобен ден на 06.06.
Речиси 6 години подоцна...таа бега од својот одраз...не се сака себеси, се мрази себеси, а највеќе мрази што дозволи тие да и го креираат животот, што и ја уништија самодовербата, што бегаше од огледала, што плачеше сама во таа соба каде што порано играше и се смееше и правеше гримаси... Мрази тоа што модриците веќе ги нема, но помислата на нив, ја боли премногу... Лузните на телото ги нема, но ги има на душата.

И кога ќе ја чуе песнава...особено овие стихови...

Every day is so wonderful
And suddenly it's hard to breathe
Now and then I get insecure
From all the pain, feel so ashamed

I am beautiful no matter what they say
Words can't bring me down
I am beautiful in every single way
Yes, words can't bring me down, oh no
So don't you bring me down today

...се прашува зашто тоа не го знаеше порано? Зашто дозволи да допрат до неа и да ја искористат нејзината отвореност? Зашто сеуште тоа предизвикува солзи во нејзините очи? Зашто и по шест години, спомените ја болат исто толку како и тогаш кога се случиле и кажале тие работи?

15 години по првата средба со огледалото.
Истата соба, истото огледало. Се друго е сменето. Смеата е заменета со солзи, радоста со болка. Но, ќе помине. Се поминува. Битно е да се има надеж. А таа тоа го има. Надеж и љубов. Секоја негативност може да биде победена со помош на нив две. Три, всушност, вклучувајќи ја и верата. А верува. Се надева. Сака. Ги сака сите луѓе. Го сака животот.
Животот е како река која постојано тече и најверојатно еден ден ќе ги потоне тешките работи од минатото. И еден ден девојката можеби ќе може да се погледне во огледалото и да каже: Се сакам себеси.
А и да не се засака, во неа има доволно љубов за сите останати...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Огледало

Секое ново погледнување во него носеше одново забележување на секоја нова брчка, што само ја истакнуваше загриженоста оцртана на нејзиното чело. Секое ново погледнување во него само ја потсетуваше дека секој нареден ден е подалечен од почетокот, а поблизу до крајот.
Секое ново погледнување во него ја потврдуваше нејзината увереност во сопствената несовршеност, недостатоци, лузни. Зошто огледалото ги правеше нештата очигледни? Зошто ги откриваше и изложуваше на површина?

Таа гореше од желба да ја скрши таа негова очигледност и анализаторска продорна моќ. Тоа и го направи.
Потоа ја следеше несреќа 7 години, дали по силата на блесавото суеверие, дали по силата на казната од нагризувачката потсвест која ја потсетуваше секој ден на извршеното злодело.

Како и да е, после се`, најде ново огледало. Сега пристапот беше поинаков. Не му приоѓаше како да е на преглед. Не пристапуваше опседнувајќи се себеси, не погледнуваше во него со намера да се оценува и осудува себеси. Напротив, пристапуваше барајќи естетика во Убавото и Грдото, естетика во Видливото и Невидливото. Беше задоволна бидејќи научи да го убива секој зачеток на желба да го уништува својот одраз.
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Кога станувам, кога моите чекори се на долгиот пат кон она што е најблиску, кога треперам од она што ќе го видам , почувствувам , она што ќе ме искристализира денес, она што ќе ме потсети на вчера и злокобно ќе ми го сокрие утре, кога ќе ме перцепира- тогаш полека се доближувам до неговото Височество огледалото...
Да , тоа што ме чува , она кое љубоморно секојдневно ме гледа, ми плете мрежа од она кое ни јас не го познавам доволно-душата, а ми ја покажува онаа глупава страна која веќе толку често ја гледам, ме натрупува и почнувам да ја занемарувам заради принципот на честотијата. Колку повеќе ти се доближувам огледало мое, толку ти поматно ме гледаш , ти станувам преблиска, а во сенката што се создава зад моето непрепознатливо битие нечисто ја забележуваш страната која толку сакаше да ја запознаеш, толку години кои сега се само секунди кои одбројуваат наназад.
Ако се оддалечам од тебе, чинам ќе ме заборавиш , тогаш за тебе сум само мала ситна силуета која се обидува зад малото да го сокрие она големо кое ти толку го обожаваш.Дистанцата ме прави сигурна , но прави и ти полека да исчезнуваш не само од мој туку и од твој видокруг...
Но тоа е кога ти гледаш во мене, а гледаш многу , но ме праша ли дали јас се согласувам со тоа... Дали сакаш да знаеш како јас се гледам себе , преку тебе , преку моите очи вдлабнати длабоко во твоите...
Која е оваа личност која стои тука пред мене? Истата оваа која има се, која верува во се и која верува во рефлексијата која ја добива...Со неверојатен дијапазон на емоции,со неверојатни можности, неверојатна желба насочена кон убавото, тоа исто убаво кое ги прекршува зраците...Не , не оние зраци кои доаѓаат од светлината на сонцето, туку оние кои не можат да ја поднесат густината, напнатоста што ја создава оваа жива неопислива и со милион зборови, аура ....Аура која жари,која луцидно ја прикажува компактноста на суштината...
Ако се скршиш огледало мое, ќе ја скршиш ли и оваа илузија што ја гледам?

Или можеби не е само илузија, што ако е ова онаа реалност кон која тежнеам?
Ако те снема ќе можам ли да го видам истово што го гледам во тебе, во некое друго огледало?
И не знам... а посакувам... и ти да не го заборавиш оној лик што го создаде за мене, затоа што длабоко во себе знаеш дека е единственото реално што го доживеа...
...едноставно, знеаш дека ова сум јас, девојката која ти недостигаше цело време додека упорно зјапаше во другите лица кои без одраз како духови , се шетаа гордо пред твоите очи кои гледаат се...
Немој да се скршиш пред првиот бран ... немој.

 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Огледало

По кој пат ќе кажам дека животот е еден роман. Твоја е одлуката дали ти ќе го пишуваш романот, дали само ќе читаш што ти се случува или ќе го пролистуваш барајќи се себе си во него. Одлуката е твоја, твој е животот и за се што ти се случува ти си одговорен. Колку и да сакаме да обвинуваме некого за нешто што ни се случило, само бегаме со тоа, а знаеме дека ние сме си криви. Ако се впуштам во некоја недозволена игра, јас сум виновна ако заспијам со страв и плач. Ако се насмеам денеска, тоа ќе биде поради тоа зашто ја така сакам. Ако одлучам да летам - никој неможе да ме сопре, ниту дождот, ниту ветерот силен. Колку и да го обвинувам огледалото, ниту тоа не ми е криво за одразот што го гледам. Бурна ноќ и пијанчење, луди проводи и несоници сето тоа се гледа на одразот. Или пак сакам тоа да се гледа. Мојот лик е без живост, нема ни дамка од среќата од лудиот провод. Тоа е делот кога сакам само да го пролистам романот и повторно да заспијам. Ама пак ќе станам, ќе се свртам и ете го ПАК.. Оној ист поглед без сјај, тие исушени усни жедни за смеа. Секогаш средената коса почнувам да си ја мразам. Почнувам да го мразам совршенството кога ќе излезам. Само незнам дали мојот роман е бестселер или класика? Поаѓајќи од тоа дека почнав љубовта да ја вреднувам и доби друга димензија во моите очи. И што? Кога одразот во огледалото е само уште поматен... Ликот кој го гледам не сум јас, не се препознавам, раната на образот е премногу видлива. Научена на совршенство се вртам, врескам и фрлам се што е околу мене. Се ми смета, ми сметаат и штиклите во кои се чувствувам најубаво, ми смета и шминката позади која се кријам, се обвинувам себе си што допуштив да летам со некој друг. Пеперутката знае да лета само сама, потребни ти се истите крилја за да леташ со неа, истата сила и трпение и истиот тој жар во очи. Почнувам да летам иако се чувствувам уморна, наоѓам некоја смешна сила колку да кажам -да добро сум-. Кого лажам јас? Кого измачувам јас? Себе си изгледа. Се враќам. Засрамено. Поглед кон огледалото кое го презирам, поглед кон ликот, засрамен поглед кон себе...И најтешкото, си опростувам за сите работи, за сите недозволени летања на пеперутката, за сите тајни бакнежи и милувања, за секој премолчан збор што ќе си остане како таков, за сите непромислени дела кои биле сторени поради љубов и успех, за се што се нарекува -не требаше-, за се што беше вкусно и горчливо во ист момент. За се што беше верно и неверно, проколнато и подарено. Огледалото ми е одраз на реалноста, можам да се свртам и да не погледнам, ама кога ќе се продлабочи погледот има многу да се види, сликата кажува се. Како ќе се наместам така и ќе гледам. Моментално без да се преправам сум истата Мона Лиза, таа мистериозна насмевка која отвара многу прашања.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Може да смениме тема... се сложувам. Но ме интересира... Дали би...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Д А Л И Б И...

Дали би...Дали би...
Да,да,сакам, сакам да бидам Буда,разбудена,будна,не сакам да живеам во овој длабок сон, кој долго го сонувам,мислам дека трае долго време.
Реинкарнација,мислам дека имам богата палета...кога веќе ќе се разбудам?
Јога,тренирам Hatha-Joga,го исполнува сето мое битие,ми го покажува патот на вистината...можеби тогаш ќе се разбудам?
Дали би...Дали би...
Да,да,сакам,сакам да имам бесконечна љубов,на секому да подарам дел од неа.
Но,јас не сум Буда,не сум разбудена.
А,кога ќе се разбудам,кога ќе се соеидинам со БЕСКОНЕЧНАТА ЉУБОВ,кога ќе ја досегнам АПСОЛУТНАТА ВИСТИНА,тогаш ќе ги РАЗБУДАМ СИТЕ,се живо и неживо ќе биде разбудено,ќе ги опсипам со бескарајна љубов.
Дали би...Дали би...
Да,да,сакам,јас сакам да бидам разбудена од овој матрикс.Сакам да го пронајдам патот,патот на не реалноста...да,токму тој пат,реалноста не гуши,ги гуши нашите вистински потреби,потреби да бидеме ослободени од прангите на реалноста која себично не чува за себе плашеејќи се да не се разбудиме.
Кога за миг се разбудам,кога ја видам не реалноста сите на глас извикат:„Разбуди се!Не сонувај!„
Кутрите,зарем не се свесни дека сеуште сонуват и не се разбудени?
Кутрите,зарем не се свесни дека сеуште сонуваат и од сон неможат да се разбудат?
Вечно ќе сонуваат,и од сон не ќе се разбудат,вечно ќе умираат и раѓаат.
Вечно ќе живеат во оваа бедна луспа и како змии ќе се пресвлекуваат отфрлаајќи ја старата облекувајќи ја новата луспа.
Вечно ќе живеат во својата беда на незнаење,бедни во своите сонови за реалноста која ги прегрнува во своите рапави раце нанесувајќи им болка.

Дали би...Дали би...

Би била смрт
повторно да оживеам
од пепел феникс птица
повторно ќе се родам.

Да,јас би била,да, јас сакам,ама неможам,јас не сум Буда,јас не сум разбудена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom