Ливерпул фан
Oi!
- Член од
- 24 мај 2007
- Мислења
- 5.124
- Поени од реакции
- 35
Не скрос, ама прифаќаш некои навики од тие со кој се дружиш.
Болдираното е точно. Не можеш да се дружиш со некој што е многу различен од тебе во секој поглед. Сепак јас имам една ваква пријателка, интересно ми е да ја слушам и да се дружам со неа баш поради тоа што е потполно различна од мене, значи нешто во стилот ,,спротивностите се привлекуваат,,. Ама ова трае се додека не ми зоврие мене од нејзината радикалност, брборење и кога ке ги минимизира логичните муабети наспроти прикаските што ги раскажува набиени со понекоја интересна лага. И тука пресекувам, и не можам да се дружам повеќе ми станува напорна. Се разликуваме во однос на карактер, ставови, слушаме различна музика...повеќе или помалку различни нешта, битно е дека многу се разликуваме и затоа ретко, многу ретко и се дружиме. Сепак, некогаш, некој кога некаде не видел заедно можеби рекол:,,Со кого си таков си.,,За да се дружиш со некого треба да имате заеднички навики, заеднички интереси, заеднички теми за разговор и слично. До некаде тоа е така но во секое друштво секој има и по некои други навики кои го разликуваат или истакнуваат во однос на другите. А ова со кого си-таков си некако е повеќе народски кажани и нема буквална смисла!
Премногу огранична ми е таа перцепција на работите, пред се затоа што дружам со различни типови на луѓе и никогаш не би карактеризирала според луѓето со кои што се.Колку според вас во ова има вистина? Денес се` повеќе се соочуваме со ситуација неприфатлива (за кого повеќе за кого помалку), се` повеќе има деца кои се оддале на некои пороци. Дали мислите дека друштвото е пресудно за вакво нешто? Дали ако еден другар е наркоман (алкохоличар, што ти знам јас таму, ова само како пример), под дифолт и сите во негова близина се?
Дали ако за некого имате оформено некакво мислење, тоа ви влијае и за оценувањето на личноста на другарот/другарката? Пример друг.. дали ако некој/а е со „кренат нос“, тоа истото важи и за останатите од неговото/нејзиното друштво?
Дали важи онаа српската „С ким си - такав си“? Дали ги оценувате луѓето според другите?
Дали има/нема исклучоци?