Вицеви без наслов 2 дел

Си бил еден човек и се шетал. И ненадејно плукнал, го видел еден полицаец и му рекол:
- Плати 50 евра!
Човекот му дал 100 евра. Полицаецот му рекол:
- Плукни уште еднаш зашто немам да ти вратам кусур.
 
Коки и Цеце седат во ресторан. Го викаат келнерот и нарачуваат аператив ...
- За мене едно узо а за мажот ми една зелена салатка.
После некое време пак го викаат келнерот.
- За мене бифтек, а за мажот ми една салата зелена, може и со малку ротквички.
После извено време го викаат пак келнерот за да нарачаат десерт.
- За мене сладолед, а за мажот ми еден морков.
На келнерот му пука филмот.
- Добро бре жено, што му правиш на човекот, кај не му даваш уста да отвори, па и со салати го прејаде.
- Е па, кога ме работи како зајак и ќе јаде како зајак!
 
И вика мали циго на мајка му:
- Мамо мамо ај да купиме лав!
- Не бре сине, смрде ногу.
- Е ако де, ќе се навикне.


:pos2:
 
Мрднатиот Цветко го пикнале во лудница. Во ќелијата имало жолт сунѓер и Цветко го изел и кога дошле виделе дека го нема сунѓерот пак ставиле плав, зелен, портокалов, црвен, бел, он сите ги изел потоа ставиле зелен сунѓер и утредента кога влегле во ќелијата го гледаат зелниот сунѓер на место и го прашува еден човек зашто не го изеде овој сунѓер и Цветко рекол:
- Аааа овој не е зрел види каков е зелен!
 
Му се јавуваат на мажот од болница и му кажуваат дека жена му доживеала сообраќајка. Дежурниот лекар му вика: - Ќе преживее ама повредена и е кичмата. Ќе биде трајно и потполно парализирана... а тоа значи дека ќе мора цел живот да ја храните!
Мажот почнува да плачи и да липа.
- А нема контрола ни врз бешиката, па ќе морате да и менувате и пелени, и тоа секојдневно, по неколкупати на ден... до крајот на животот!
Мажот почнува гласно да плаче.
- Исто е и со столицата. Секој ден ќе мора миење... И тоа темелно, за да не добие некоја инфекција.
Мажот паѓа на под, се стуткува и почнува да рика од плачење.
Докторот се наведнува над него, го здрмува и утешително му вика:
- Се зае*авам бе, умре!:pos2:
 
Си бил некој човек и имал папагал кој бил пијаница.Еден ден човеков требало да оди некаде и му рекол на папагалов:слушај,немој да си го допрел шишето со водка зошто ќе те искубам!
Кога се вратил го гледа папагалот пијан седнат в ќош со водка в раце и папагалов вика:
-Куби газда нек си ебе матер!


:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Некоја загрепчанка се одала за кумановца. За време на свадбу, кумановац се направија дрво пијан, па навечер дошло ред на жену да ву посвети време у кревет, ама никако да ву гу погоди.
Загрепчанка видела дека не му иде па му вика:
- СТРАГА, СТРАГА (демек одпозади да проба)
А кумановац:
- НЕ ГА СТРА МОРИ, НЕ МУ Е ДН!!!
 
Фатил некој папучар златна рипка и оваа му понудила три желби ако ја пушти. Овој почнал:
- Сакам жена ми да не ме вара повеќе... Не, не, може да ме вара, ама да не дознаам... Море нека ме вара, и да дознаам, ама да не ми биде криво...
 
Се прави анкета низ целиот свет.
Луѓето треба да кажат лично мислење за недостигот на храна во остатокот од светот.
Во Европа не знаеле што е тоа недостиг.
Во Азија не знаеле што е тоа мислење.
Во Африка не знаеле што е тоа храна.
Во Америка не знаеле што е тоа остаток од светот...:pos2:
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
 
Мрднатиот Цветко го пикнале во лудница. Во ќелијата имало жолт сунѓер и Цветко го изел и кога дошле виделе дека го нема сунѓерот пак ставиле плав, зелен, портокалов, црвен, бел, он сите ги изел потоа ставиле зелен сунѓер и утредента кога влегле во ќелијата го гледаат зелниот сунѓер на место и го прашува еден човек зашто не го изеде овој сунѓер и Цветко рекол:
- Аааа овој не е зрел види каков е зелен!

:smir:
 
Нудистка налутено му се обраќа на келнер на море.
-Добро бе што ме гледаш така,како да не си видел гола женска?
-Гледам зашто сакам да видам од каде ќе ги извадиш парите за да ми платиш.
 
Како се вика Вашата жена?
Нашата жена се вика Перса.
А Вие ли сте Петко?
Ние сме.
 
Македонец и Грк фаќале риба во некое езерце. Рибава се фатила и за двете јадици и Грков му рекол на Македонецов
-Абе ај ја делиме
Македонецот му рекол: -Абе какво делење, ај ќе се е*аваме кој повеќе ќе издржи тој нека ја земе. Грков се сложил и му рекол на Македонецов, ај ти прв е*авај. Македонецов го е*ел го е*ел го е*ел осум саата и му рекол толку ја неможам, а Грков му рекол добро ајде сега јас, а Македонецот му рекол не бе не треба земи си ја ти рибата.
 
ВИЦ НА ДЕНОТ
Едно убаво неделно попладне, три жени играле голф. Едната од нив не била премногу вешта и нејзиното топче летнало во шумата. Тргнала да го побара и наместо топчето, нашла жаба фатена во замка. - Ослободи ме и ќе ти исполнам 3 желби – и рекла жабата.

Жената не се двоумела многу. Ја ослободила жабата, на што таа и рекла:
- Фала ти, но заборавив да ти напоменам нешто. Се што ќе посакаш, твојот маж ќе добие 10 пати подобро. - Немам ништо против – била задоволна жената.
Нејзината прва желба била да стане најубава жена на светот.
- Но, дали си свесна дека твојот маж ќе стане нај нај најубав маж на светот? Вистински Адонис. Сите жени ќе го прогонуваат – ја предупредила жабата.
- Нема проблем. Јас ќе бидам најубава жена на светот и тој ќе ме гледа само мене!
И така, жената станала најубава на светот. После тоа, посакала да стане најбогата.
- Но, тоа ќе го направи твојот маж десет пати побогат од тебе.
- Тоа воопшто не ми пречи, тоа што е негово, е и мое – одговорила жената.
И така жената станала најбогата на светот.
- Која е твојата последна желба? – прашала љубопитната жаба.
- Сакам да добијам МАЛ срцев удар!

Поуката на приказната е дека жените се интелигентни. Никогаш немој да се шегуваш со нив!

НАПОМЕНА: Ако си женско не читај понатаму. За тебе вицот е завршен. Застани овде и чувствувај се супериорно!



Ако си машко: Мажот имал десет пати ПОМАЛ срцев удар!
Поуката на приказната е дека жените навистина мислат дека се многу интелигентни. Да ги оставиме да веруваат во тоа и да уживаме во спектаклот.

P.S. Ако си женско и се уште читаш, ова е доказ дека жените НИКОГАШ НЕ СЛУШААТ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom