За бројноста cpb беа побројни, за нив и ширеа трибина, не ги собираше во делот без столчиња па договараа со чандарите нивно повлекување што и се деси, и делот со столчиња од нивната страна беше со нивни членови.
Ако збориш од аспект cpb vs family, првиве беа побројни и тоа ќе ти го потврди секој кој бил на мечот, само незнам што па фактор е бројката, мене искрено, cpb ми беа подобри на првиот натпревар кога не беа во толкав број ( за нијанса помалку беа ), за некои па вчера биле подобри од тогаш, сеедно, ретко ќе најдеш на оваа тематика некој објективен. Истиот став го имам и за фамилијата со тоа што во вториот дел паднаа во пакет со резултатот, нешто што не беше случај во првиот меч кога драстично не губеа, како и да е имаат добар репертоар на песни.
ЦПБ имаат уште работа, без самокритика ништо нема да постигнат, вчера беа далеку од феноменални пред Се од аспект на пеење на што најмногу треба да се работи, иако според мене они ги имаат сите услови за да прераснат во убер добра навивачка група ( за наши стандарди ), чекорат и на добар пат се кон тоа скалило, времето ќе даде одговор за тоа дали ќе го направат тој прогрес или не.