sagaqua напиша:Составен дел на вечна љубов????:se_ molam ....само во еден случај, ако си мазохист па уживаш во сопственото страдање.....
Погрешна претстава за вечна љубов.
П.С: Прашај некого што веќе ја живее и доживува вечната љубов.....на пример Дани.
Дани тебе така ти се стрефило можеби да ја уживаш твојата љубов како и мене...но верувај навистина познавам многу мои пријателки кои се и омажени и со деца кои сеуште љубат личност која не е нивниот сопруг туку сосема друга личност и кои понекогаш иљада пати се каат за некаква грешка која ја направиле и не се со тој човек кој го љубат и ден денес. Вечната љубов знае да остави последици и никогаш не завршува тоа е точно, но очајот кој го носи таа љубов тоа е само поради тоа што тој човек не е во моментот покрај нив.Сигурно има такви примери можат и самите да кометираат за тоа.Dani^^^ напиша:Само едно ќе кажам во врска со ова-ако страдаш поради некого,не се залажувај дека тоа е дел од вашата преголема љубов.Ако е вистинска љубов во прашање човекот лебди во облаци а не тоне во очај.
Кавгите мали и поголеми се дел од врската -да- но тие доаѓаат и си поминуваат и најсладок е оној момент после караница кога гледаш дека тој наспроти тебе толку те сака што во очите му гледаш дека се кае за караницата.Но некој да те натера да патиш,да бидеш очаен,да чувствуваш болка - биди сигурен дека тоа не е љубов па камоли вечна љубов. Вечната љубов не остава последици бидејќи никогаш и не завршува.
Тука си у право...ама јас би рекла дека еве лично јас не би дозволила да бидам со некој што не го сакам и би правела се ама баш се за да бидам со човекот кој го сакам . Еднаш во животот се пружа шанса да сакаш некого толку многу а и тој да те сака тебе-а ако не се бориш за таков човек тогаш исто како да си го фрлил животот во вода.Единственото нешто за мене што заслужува жртва на овој свет е љубовта а на човекот е оставено дали ќе ризикува и ќе се жртвува или ќе го избере полесниот пат...Allita напиша:Дани тебе така ти се стрефило можеби да ја уживаш твојата љубов како и мене...но верувај навистина познавам многу мои пријателки кои се и омажени и со деца кои сеуште љубат личност која не е нивниот сопруг туку сосема друга личност и кои понекогаш иљада пати се каат за некаква грешка која ја направиле и не се со тој човек кој го љубат и ден денес. Вечната љубов знае да остави последици и никогаш не завршува тоа е точно, но очајот кој го носи таа љубов тоа е само поради тоа што тој човек не е во моментот покрај нив.Сигурно има такви примери можат и самите да кометираат за тоа.
Љубиш, безмерно, тој (да не речам децата) умира, продолжуваш да го љубиш. Вечно, но, страдаш оти не е тука, тонеш, не леташ во облаци. Страдање.....Dani^^^ напиша:Само едно ќе кажам во врска со ова-ако страдаш поради некого,не се залажувај дека тоа е дел од вашата преголема љубов.Ако е вистинска љубов во прашање човекот лебди во облаци а не тоне во очај.
Кавгите мали и поголеми се дел од врската -да- но тие доаѓаат и си поминуваат и најсладок е оној момент после караница кога гледаш дека тој наспроти тебе толку те сака што во очите му гледаш дека се кае за караницата.Но некој да те натера да патиш,да бидеш очаен,да чувствуваш болка - биди сигурен дека тоа не е љубов па камоли вечна љубов. Вечната љубов не остава последици бидејќи никогаш и не завршува.
Не зборев јас за тоа така да читај убаво-зборев за тоа таа личност да те натера да патиш а не да патиш за него од причини кои не се во можност ти или он да ги исправите...Garfield напиша:Љубиш, безмерно, тој (да не речам децата) умира, продолжуваш да го љубиш. Вечно, но, страдаш оти не е тука, тонеш, не леташ во облаци. Страдање.....
Значи, пред да тропнете, поразмислете. В ред.
Ова е цело испитно прашање (барем во мое време) на Философија, прва година, кај Цуцуловски, по Вовед во Философијата:
Љубовта, постои ли вечна љубов или сепак носи тага и болка евентаулно страдање. Јас добив десетка, единствен таа сесија. Ми се падна ова прашање. Цуцуловски промени мислење по таа испитна сесија, поради моите аргументирани докази. Не мисламд а ги изнесувам сите. Кој сака да дознае има литература на претек.
Плус, секоја гранична состојба, како раѓање, умирање, љубов...на крајот предизвикува страдање и болка!
Благодарам
Толку од Д-р Гарфилд!
Некако неконсистентно е. Нели.Dani^^^ напиша:Вечната љубов не остава последици бидејќи никогаш и не завршува.
За ова си во право, но тоа оди во друг правец, не за постоењето на вечната љубов, туку за страдњето од залуденост по некого.Dani^^^ напиша:зборев за тоа таа личност да те натера да патиш ...
kikiki напиша:Se soglasuvam so Zbrat deka nema vecna ljubov. Ljubovta trae od prilika 10 godini i posle prerasnuva vo navika.