А јас велам дека Мираковски се враќа во Градски Парк
е сега дуру го обравме бостанот
Vo kontekst na muabetot za Mirakovski .... izgleda stvrno ke doaga vo Rabotnicki ...ke bidat presilno so nego, ako go zemat
Работнички во лов по Мираковски
Автор: Игор Крстевски
Заминувањето на кошаркарскиот репрезентативец на Македонија Димитар Мираковски од редовите на грчкиот второлигаш АГОР Ретимно предизвика вонредна ситуација во таборот на Фершпед Работнички, чија управа и стручен штаб, според неофицијални информации, се решени да сторат сè за да го ангажираат плејмејкерот пред стартот на Суперлигата и Купот на Македонија.
Мираковски, кој минатата сезона беше предводник на „Шпедитерите“, може да потпише договор со македонска екипа најдоцна до 27 февруари односно 24 часа пред стартот на вториот дел од сезоната. Репрезентативецот засега не сака да го коментира евентуалното враќање во „Градски парк“, инсистирајќи дека настапот во странство сè уште е негова прва опција.
- Би сакал повторно да играм надвор од Македонија иако знам дека е тешко да се добие добра понуда во овој период од сезоната. Ако наскоро не излезе нешто на виделина, ќе размислам за враќање во домашното првенство - ни изјави Мираковски.
Евентуалниот ангажман на Мираковски би значел дополнителен квалитет на и онака силниот Работнички, кој игра брилијантно во вториот дел од сезоната. „Шпедитерите“ се дефицитарни на плејмејкерската позиција, каде што се Огнен Стојановски и младиот Александар Угриноски, кој сè уште не може да се снајде најдобро во новата средина. Со евентуалниот потпис на репрезентативецот, тимот на Марин Докузовски преку ноќ драстично би си ги зголемил шансите за освојување на титулите во шампионатот и во Купот.
Паралелно со размислувањата за засилување на тимот, во Работнички сите се концентрирани и на денешната пресметка со бугарски Рилски спортист во меч од 10. коло од Еврохолд-балканската кошаркарска лига (БИБЛ). Само со победа против тимот на Александар Тодоров, поранешниот селектор на младинската репрезентација на Македонија, „Шпедитерите“ ќе останат во игра за освојување на 1. место во групата Б, кое потоа носи полесен противник во четврт-финалето. Потоа, тие ќе треба да го совладаат и српскиот тим Мега ХЛ, со кој ќе ги одмерат силите в четврток, исто така, во скопски „Градски парк“.
- Нема да биде лесно вечерва, бидејќи ни гостува квалитетен тим, кој нè совлада во првиот меч на домашен терен. Но мислам дека ќе можеме да ги најдеме слабите страни на противникот, особено ако ја имаме поддршката на навивачите. Мислам дека Рилски нема што да бара во „Градски парк“ - вели Тони Грнчаров, бекот на Работнички.
Македонскиот тим дуелот со „рилецо“ го очекува осоколен по двете големи победи во само една недела, против бугарски Левски и охридски Амак-СП. Гостите од Самоков, пак, доаѓаат по релативно неочекуваниот пораз во домашното првенство од Спартак Плевен.
Izvor: Nova Makedonija