Вчера убава атмосфера во 'Градски Парк'.
Работнички победи но не задоволи со својата игра, особено во одбраната.Знам дека оваа екипа може многу повеќе од тоа што го покажува, особено ако се земе во предвид поединците кои играат во клубот.Сепак мора да се поправи играта во одбрана поради тоа што ако вчера го следевте натпреварот ќе увидевте колку пати екипата на Фени шутираше без играч од одбраната до него.Играта во напад солидна.Се гледа дека има огромен напредок од претходната сезона(нормално после доведувањето на квалитетни играчи).Се гледа дека после враќањето на СРВ мотивот е зголемен а со овие работи доаѓаат резултатите.
СРВ на вчерашниот натпревар околу 100+ со просечно навивање ако се земе во предвид тоа што во првото полувреме се послабо од второто каде што речиси цело полувреме се форсираше една песна...'И нека пее цел ГРАДСКИ ПАРК...' , a таа грмеше во салата особено во последните 5 минути.
Што се однесува до Грне и самите можете да видите што придонесува во тимот.Не верувам дека СРВ би ги смениле односите кон него (кои не се поради тоа што тој потекнува од Аеродром туку поради тоа што го плукаше транспарентот на СРВ во Куманово пред неколку години).
Поздрав и се гледаме следната недела на вечното дерби!!!