НИКОЛА КАРАКОЛЕВ ОДЛИЧНО СЕ СНАОЃА ВО "ГРАДСКИ ПАРК"
Се е подобро
Новодојденецот во Фершпед Работнички, Никола Караколев, кој од "Јане Сандански" се пресели во "Градски парк", засега одлично се снаоѓа во новата средина.
Бекот на "шпедитерите" го имаше своето деби и тоа на двата контролни натпревари со Амак СП, судејќи според играта може слободно да се каже дека полека но сигурно се вклопува во тимот.
По три и пол години минати во дресот на МЗТ Скопје, направи транфер во најлутиот ривал Фершпед Работнички?
"Точно е дека долго време бев во тимот на МЗТ Скопје, но не се каам што заминав. Во Фершпед Работнички имам одлични услови, кои ги немав во поранешниот клуб. Различен е начинот на живеење, тренинзите, организацијата... Сето ова е разбирливо бидејќи станува збор за тим со голема традиција. Засега сум задоволен како се вклопувам во новата средина, она што е најважно е што имам голема поддршка од моите соиграчи. Ова не значи дека во поранешниот тим не ми било добро. МЗТ Скопје, односно Александар Петровиќ е најзаслужен што потпишав за голем клуб како што е Работнички. Да не ми ја дадеше минутажата сигурно немаше да имам голем напредок во кариерата" - вели бекот на Фершпед Работнички, Никола Караколев.
"Што се однесува до играта, очекувам до почетокот на вториот дел да се вклопам во тимот, кој има доста искусни и квалитетни играчи. Проблеми можеби ќе имам со навивачите на МЗТ Скопје, кои според мене во моментов се најдобри" - додава во продолжение бекот на "шпедитерите".
centarec i micule sto ke kazete na ova, treba da si idiot kako karakolev da dades vakava izjava, da igras za rabotnicki a da kazes deka na vecniot rival mzt mu se podobri navivacite lelelelelelele !!!!!