Кој ги изманипулирал, кога, на кој начин и врз основа на шо го тврдиш ова? И колку мажи се интересираат за филозофски и егзистенцијални прашања, уметност, етика? И според кои критериуми дојде до заклучок дека просечна жена е преокупирана со статус, материјални ствари и ниски страсти?
Фактот дека луѓе, леле еве замисли, имаат различни интереси не е спорен. Спорен е начинот на кој одредени интереси ги праиш мерило бе за духовна вредност на цел еден пол. И шо уствари значи ова духовна вредност? Шо е ова, способност за мудрост, сочувство, филозофија, потрага по смислата у животот, некое етичко размишљање? Од кај ова па сеа дека е женска ексклузивна карактеристика? Жените имаат некаква духовна мисија шо треба да ја испунат? Еве кажи, кој им ја додели? Од митолошка фигура некако извлече нормативен заклучок за тоа какви треба да се жените. Зашо жената мора да биде твојата претстава за Софија за да има вредност? А мажот шо е, носител на оваа вредност или е публика само, еве не знам. Се читате ли шо пишувате? Вака ли се оценува жена? Вака ли уопште се вреднува човек?
Духовноста не е биолошка функција на полот. Интересот за филозофија ниту тебе ниту мене ќе не направи духовно повредни. Не постои објективна мерка со која можеш да утврдиш дека еден пол изгубил духовен потенцијал. Интересите се индивидуални и не се одредуваат според пол. Некој сака више филозофија, друг уметност, трет нешо скроз друго. Ова не е мерка за духовна вредност на еден човек.
Аргументот ти се основа на родови стереотипи, родови очекувања, родови улоги, родов есенцијализам, патернализам и ниски страсти, ам... мислам, ова, сексизам. И сериозно бараш да те демантирам? Па се поби сам себе у пар реченици.