Европска Унија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Во тој случај веројатно сите овде ќе пишуваат на дигитрони. :icon_mrgr: Иначе тоа е муабетот, политички се фрагментирани, али економски се во добра позиција. Иначе кога сме на тема ЕУ а начнавме и Русија, како ти изгледаат ствари од таму? Пошто во медиуми во моментов има две екстреми: ескалација, нуклеарки во вселена и што и да е, а од друга страна имаш муабети за преговори за мир, кај и да е ќе заврши. По тебе, каде се ЕУ и Русија во моментов? Ќе спуштаат ли топка?
Хари во споредба со кого се во добра економска состојба? Во споредба со Македонија да? Во споредба со Русија или Иран? Па безмислено е да ги споредуваме самиот знаеш дека нема смисла. Со Сад и Кина? Да можеби во 2000-2010 кога ЕУ и парираше на првите а вторите чипичани произведуваат. Ама пукна некаде приказната и ги стсвија на место. Да не вадиме сега графици ама доволни се показателите во топ 20 компании во светот каква беше сликата пред 10-20 години и каква е сега.


Не се прашува тука ЕУ воопшто. Кога ќе им дојдат од Пентагон и кажат дечки целиот раузузнавачки апаратус околу Украина го гасиме и тоа е тоа.
Самиот знаеш и го разбираш тоа.

Знаеш јас што се смеам. Еве вака. Руска компании работат со троцифрен број клиенти од топ 500 Fortune. Со Американците кр ги боли. Фураат кеш и не се замараат за санкциите. Све оди летално преку Сингапур, Хонг Конг и Дубаи.

Имам NDA, неможам да пишувам ама огромни американски конгломерати работат во Русија и со Руски компании и мува не ги лази.

И ја дојден усвијан од Германија со санкциите и видов се ова. И викам тешко перење мозок им се прави во Европа. Сад и Русија си тераат бизнис. Русија си тера бизнис со цела Азија, Африка и Ј.Америка. Ама ЕУ си забрани самите себеси да прават бизнис со Русија. При тоа загубија маркет од 150 каде продаваа се буквално се. И си забранија да купуваат тоа што им фали ненормално. Па дали има еден нормален во ЕУ?
Пример Џонсон и Џонсон работи. Дури и на интервјуа викаа само јас се одлучив за друга насока. Проктл анд Гемблс работи. Имаа ненормален производствен комолекс блиску Тула. Пепси и ко работи. Читос во Германија неможеш да најдеш овде има дс се убиеш руско производство. Mondelz исто така. Незнам. Па пишував и се смеев. БМВ х5 новиот модел произведен во Америка ќе се најде попрво во Русија отколку на Германскиот пазар. Мислам говори само за себе ова.
 
Хари во споредба со кого се во добра економска состојба? Во споредба со Македонија да? Во споредба со Русија или Иран? Па безмислено е да ги споредуваме самиот знаеш дека нема смисла. Со Сад и Кина?
Втора економија се во свет, во споредба со сите други држави (а поготово САД и Кина), економски се најконкурентен блок. Со 4 пати помалце популација, имаат поголемо БДП од Кина и се единствен блок што има озбилен потенцијал да им парира економски на другиве две (ова збориме на сите проблеми што ги имаат во моментов внатре). БДП е една мерка, али и по ХДИ и други, како блок се најсериозен конкурент на САД и Кина (економски).

Не се прашува тука ЕУ воопшто. Кога ќе им дојдат од Пентагон и кажат дечки целиот раузузнавачки апаратус околу Украина го гасиме и тоа е тоа. Самиот знаеш и го разбираш тоа.
Тоа не е спорно, безбедносно не се унитарни (повеќе функционираат како поедини држави во меѓународни односи во поглед на безбедност, помалце како блок).

Знаеш јас што се смеам. Еве вака. Руска компании работат со троцифрен број клиенти од топ 500 Fortune. Со Американците кр ги боли. Фураат кеш и не се замараат за санкциите. Све оди летално преку Сингапур, Хонг Конг и Дубаи.
Фер, али друго ми беше прашањето: по тоа што го гледаш, мислиш дека во моментов иде работава повеќе накај ескалација или накај смирување? Медиумиве се делумно шашави со информации, по тоа што читам има делови кои зборат за ескалација (нуклеарки во вселена), пола зборат за мир до нова година. Од кај што си, на кај ти изгледа дека иде работава, накај скар или накај смир? :pivo2:
 
Hrvati sve više napuštaju Njemačku

Интересни текови не чекаат следниве до 5 години. ЕУ фирми со веќе постоечки претставништва во Македонија ги селат сервисите за ЕУ пазари тука на сметка на европските канцеларии. Може ли да ќариме конечно нешто од кризата која е тек на почеток?
 
Капирам што сакаш да кажеш, али одговорноста е само нивна. Никој не ги терал со сила да крадат, а и поради тоа државата ни е таму каде што е, за жал.
Па не би рекол, никогаш не сум мислел дека жртвата е виновна/одговорна за било што ама модерни времиња се, па се е можно.
 
Back
На врв Bottom