Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување

ЈАВЕН АПЕЛ ДО СИТЕ КУПУВАЧИ И ПОТЕНЦИЈАЛНО ОШТЕТЕНИ ЛИЦА ОД САНИК ИНЖЕНЕРИНГ – ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ​

Ова е јавен апел до сите лица кои купиле станови во објектите на САНИК ИНЖЕНЕРИНГ, особено во S-Block, Припор – Кисела Вода, и кои се соочуваат со проблеми во реализацијата на купопродажните договори, предавањето на становите, нерешени имотноправни односи, хипотеки, раскинати договори или неизвесност во врска со сопственоста и вложените средства.

Сè повеќе се појавуваат информации за сериозни проблеми со кои се соочуваат купувачите, а кои не можат и не смеат да се третираат како изолирани случаи или како обични доцнења во градежништвото.

Постојат случаи во кои исти недвижности, според документацијата и информациите со кои располагаат засегнатите купувачи, биле предмет на договори со различни купувачи, додека истовремено постојат претходни договорни обврски, хипотеки и нерешени правни товари. И покрај тоа, купувачите склучувале договори, плаќале значителни средства и со години очекувале дека ќе го добијат својот дом.

Особено загрижува и информацијата дека на купувачи кои се обидуваат да извршат притисок за конечно да им бидат предадени становите и да се исполнат договорните обврски, им се упатуваат закани со раскинување на договорите и враќање на парите, наместо изнаоѓање решение за реализација на купопродажбата.

За многу од овие луѓе, тоа би значело по повеќе години чекање повторно да останат без домот за кој се одлучиле, додека во меѓувреме пазарните услови се драстично изменети. Дел од купувачите ги купиле становите по цени од околу 900–1.000 евра за квадратен метар. Денешните цени на недвижностите се значително повисоки, па враќањето на првично уплатените средства не значи и реално обесштетување, ниту можност повторно да се купи соодветен стан. Прашањето е – што би можел да купи човек денес со парите кои ги вложил пред неколку години, по долгогодишно чекање и неизвесност?

Дополнително, постојат и случаи во кои договорите веќе биле раскинати, а уплатените средства сè уште не им се вратени на купувачите. Ова ја продлабочува неизвесноста и ги остава луѓето без недвижност, а истовремено и без своите пари.

Загрижува и состојбата на дел од становите. Според информации, фотографии и сведоштва на купувачи, кај станови кои претходно биле претставувани како завршени или подготвени за вселување, се забележуваат сериозни недостатоци и оштетувања, меѓу кои испукани ѕидови, протекување од кров, оштетувања, подигнат паркет и други проблеми кои бараат санација пред да може нормално да се живее во нив.

Истовремено, се посочува дека во објектот сè уште не се обезбедени основните услови за нормално живеење, односно електрична енергија, вода и канализација, што отвора дополнителни прашања за реалната подготвеност на објектот и за исполнувањето на обврските кон купувачите.

Најтрагично е што дел од купувачите со години плаќаат станбени кредити, а во исто време се принудени да плаќаат и кирија за да имаат каде да живеат. Луѓе кои требало одамна да бидат во сопствените домови, продолжуваат да ги поднесуваат финансиските и психолошките последици од неизвесноста, без конкретно и трајно решение.

Постојат и информации дека на одредени купувачи им биле предадени клучеви и дека потпишале документи за прием на становите без забелешки, но подоцна се соочиле со сериозни оштетувања и недостатоци кои бараат дополнителни интервенции. Ова отвора прашања за условите под кои се врши примопредавањето, фактичката состојба на становите и одговорноста за недостатоците.

Ова веќе не е само прашање на индивидуален спор меѓу купувач и инвеститор. Ова е прашање на правна сигурност, заштита на купувачите, одговорност и право на луѓето да не останат без своите вложувања и без домот кој го платиле и го очекуваат.

ЗОШТО ГО ОБЈАВУВАМ ОВА?​

Мојата цел не е да барам решение само за сопствениот случај, ниту да се обидам индивидуално да се извлечам од ситуација во која се најдов.

Мојата цел е да стапам во контакт со сите други купувачи кои се соочуваат со исти или слични проблеми, да се обединиме, да размениме проверени информации, да ги утврдиме фактите и да се обидеме заеднички да најдеме решение кое ќе ги заштити сите засегнати.

Не е прифатливо секој купувач поединечно да се бори, да добива различни одговори, да биде оставен во неизвесност или да се соочува со притисоци, додека проблемите остануваат нерешени.

Не бараме привремени ветувања. Не бараме одолговлекување. Не бараме враќање во состојба во која по години чекање повторно ќе треба да почнуваме од нула. Бараме реално, правично и законски одржливо решение за сите засегнати купувачи.

ПОВИК ДО СИТЕ КУПУВАЧИ​

Доколку сте купиле стан во S-Block, Припор – Кисела Вода, или во кој било друг објект на Саник Инженеринг, и се соочувате со:

  • нерешен пренос на сопственост или проблеми со запишување на недвижноста;
  • претходни договори со други купувачи или права на трети лица;
  • хипотеки, товари или други нерешени имотноправни односи;
  • долгогодишно чекање за предавање на станот;
  • раскинат договор, без враќање на уплатените средства;
  • притисоци или закани со раскинување на договорите доколку барате исполнување на обврските;
  • сериозни недостатоци, оштетувања или неисполнети услови за нормално вселување;
  • плаќање кредит и кирија во исто време, додека вашиот стан сè уште не е во ваша фактичка и правна сопственост,
Ве повикувам да ми пишете во приватна порака.

Барам контакт со сите засегнати купувачи, без разлика дали веќе имаат покренато правна постапка, разговараат со адвокат, се обидуваат самостојно да го решат проблемот или сè уште не знаат како да постапат.

Доколку постои организирана Facebook, Viber или WhatsApp група на купувачи, ве молам споделете ја информацијата.

Целта е да се поврземе, да ги собереме релевантните информации и да разгледаме можност за заедничко, координирано правно и институционално постапување, како и да ја информираме јавноста и медиумите за проблемите со кои се соочуваме.

Оваа ситуација заслужува сериозно внимание од надлежните институции и медиумите. Сметам дека јавноста има право да биде информирана, а потенцијалните купувачи имаат право да знаат со какви ризици би можеле да се соочат пред да вложат свои средства.

Ако има повеќе засегнати, да не останеме секој сам со својот проблем. Да се поврземе, да ги утврдиме фактите и да побараме решение кое ќе ги заштити сите купувачи.

Зад секој договор стои човек, зад секој стан стои семејство, а зад секое вложување стојат години работа, кредити, одрекувања и надеж за сопствен дом.

Време е проблемите да се изнесат, купувачите да се обединат и да се побара одговорност и конкретно решение.

Ве молам споделете ја оваа објава. Можеби токму преку неа ќе се пронајдат луѓе кои со години се соочуваат со истиот проблем, а досега не знаеле дека не се сами.
 
Јас имам стан во с блок. Пиши ми
 
Мачкање очи на народ баш, инвеститирот ќе покривал 20% пониска цена секако :свиркам: отидоа цените за некој месец уште 20-30% нагоре..

Не менува откако се изманипулира цел маркет за станови и се качени до плафон цените. ПР кампања оти почна да му се лизга власта од рацете на владеачката партија на ботови и партиски лешинари ВЕМЕРО
 
И ВМРО да остане, и Левица да дојде, и СДСМ да дојде, цените на становите пак ќе идат у плафон и нагоре. Погледни останатите држави на балкан и пошироко и види цени, ваљда и таму не се криви партииве? Реално сум против сите (и најверојатно за сите зашто не гласам), ама за ова нема како да ги обвиниме.
 
Да? Сигурен си? Сигурен си дека власта не е исповрзана со градежната мафија како свински црева? Ај со овие законски измени и реформи да пробаме и да видиме ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ИСТО:

1. Прогресивно оданочување на повеќе недвижности – Низок данок за првиот дом, а прогресивно повисок данок за втор, трет, четврти и секој нареден стан. Даночни олеснувања за сопствениците кои ги издаваат становите по пристапни цени.

2. Оданочување на празните станови – Според пописот од 2021 година, над 36% од живеалиштата во Македонија се ненаселени. Со доследно оданочување на долгорочно празните станови во градовите со висока побарувачка, сопствениците би биле поттикнати да ги продадат или издадат.

3. Државна изградба на станови по пристапни цени – Ова според мене е многу битно, користење државно и општинско земјиште за изградба на станови преку станбени организации со ограничен профит, по примерот на Австрија. Становите би се продавале или издавале по цени поблиски до реалните трошоци за изградба и ќе ги намалат ненормалните и нереалните цени на станови.

4. Поволни станбени кредити за прв дом – Државно гарантирани кредити со ниски каматни стапки и минимално учество за млади и семејства кои немаат сопствена недвижност. Оваа мерка треба да биде придружена со зголемена понуда на станови.

5. Спречување на шпекулациите со недвижности – Повисоко оданочување на добивката од купување и препродавање станови во краток временски период, со исклучоци за граѓаните кои оправдано го менуваат своето живеалиште.

6. Задолжителна квота за достапни станови – Законска обврска за инвеститорите во поголемите станбени комплекси, на пример, 20–25% од становите да ги продаваат по регулирани цени на граѓани кои купуваат прв дом, со ограничувања за нивна брза препродажба.

7. Национален фонд за достапно домување – Приходите од дополнителното оданочување на недвижностите да се реинвестираат во изградба на достапни станови и финансиска поддршка за купување прв дом, со целосна транспарентност и независна ревизија.

8. Контрола на потеклото на капиталот и пазарните манипулации – Засилена контрола на финансиските трансакции, спречување перење пари преку недвижности и истраги за евентуално картелско договарање на цените меѓу градежните компании. Ова на ВМРО-вците ама ИЧ нема да им се допаѓа и на наркокартелите во МК (шкип).

9. Децентрализација на економијата – Отворање работни места, подобрување на инфраструктурата и јавните услуги во другите градови, со што би се намалил притисокот врз пазарот на недвижности во Скопје.

10. Зголемување на реалната куповна моќ – Одржлив раст на платите, развој на индустрии со повисока додадена вредност и подобрување на работничките права и услови.
 
Оданочување на повеќе и на празни, нема теорија да се случи, која и власт да дојде, сите се нафатирани, никој нема да си пука во нога. Сепак сети се каде живееме.
3 и 4, одлични мерки, нели ги пробаа влези излези, стварно немам појма што се деси, но да, треба да ги има, ако сакаат ќор млад да им остане у вукојебинава.
5 и 6 ти се косат со начелата на слободен пазар кон кој се стремиме, колку што знам ни повеќето евроски држави немаат вакви ограничувања.
7, на идеја одлично, на практика ќе се влеат едни пари и ќе се излеат кај луѓе блиски до власта, која и да е. Пак, сети се каде живееме.
8, ова го има, но колку се спроведува, нели, јасно ни е.
9, ова може, ако бизнисмените од малите градови решат да си го задржат капиталот таму и ако им се даде повеќе пари на градоначалниците, под услов тие да не ги украдат.
10, тоа се прави, но земи во предвид, економист кажа инфлацијата се качува со лифт, а платите се качуваат по скали. А и ние сме една од ретките земји кајшто мора да се поседува имот, има многу држави, и тоа повеќето јаки, кајшто веќе е нормално мнозинството да живее под кирија. Ние сме запнале дека сите од касиер до директор мора да поседува, веќе таа реалност исчезнува, со секоја пројдена година.
 
Не менува откако се изманипулира цел маркет за станови и се качени до плафон цените. ПР кампања оти почна да му се лизга власта од рацете на владеачката партија на ботови и партиски лешинари ВЕМЕРО

Ќе смени во негативна смисла уште повеќе, ако сакаат да ги субвенционираат младите има начини овој сигурно не е еден од нив.

Оданочување на повеќе и на празни, нема теорија да се случи, која и власт да дојде, сите се нафатирани, никој нема да си пука во нога. Сепак сети се каде живееме.

Има теорија да се случи ама народов е елементарно неписмен и гласа за курто и мурто 35+ години кои не им одговара тоа. Гласаш за партија како Левица што се залага за такви мерки, нема власт без нив и ќе видиш како попчиња ќе изгласаат такви мерки и другите
 
Ќе смени во негативна смисла уште повеќе, ако сакаат да ги субвенционираат младите има начини овој сигурно не е еден од нив.

Има теорија да се случи ама народов е елементарно неписмен и гласа за курто и мурто 35+ години кои не им одговара тоа. Гласаш за партија како Левица што се залага за такви мерки, нема власт без нив и ќе видиш како попчиња ќе изгласаат такви мерки и другите
Не знам, искрен да сум, бос сум за политика, знам дека кој дошол не направил добро за државава. А за цените се водам по тренд извон МК, нема многу врска која партија е, цените растат.
 
Добро тоа е тренд секаде да, ама има мерки иако не баш капиталистички што може да го забават ублажат тој тренд до некое ниво.
 
Да да, јас лично сум про сите мерки, да им се помогне особено на младите, зашто они се секогаш најзаебани од се што фаќа, оваа инфлација што ги фати, луѓе на 40+ не можат глава над вода да дигнат, а не па младите што уште си го трасираат патот. Но во еден момент ќе треба да се прифати реалноста дека нема сите да поседуваат имот. Или ќе живеат со родители или ќе се под свое (колку што е тоа свое) под кирија.
 
Јас како што ја разбрав мерката ќе биде 20% од реалната пазарна вредност на становите, а не од цената на инвеститорот. Во превод, некој може и 4.000 евра квадрат да стави, ако реалната цена е 3.000 тогаш од таа ќе се рачуна 20%. Е сега како ќе биде регулирано тоа не знам, по мене треба јавно и транспарентно на веб страна по општини да бидат напишани реалните цени на становите по населби па тоа да биде водич за да нема манипулации.

Мада, пак може да има, ете на овие кои влегуваат во мерките ќе им дадат можда 20% пониски, а на останатите ќе им репнат повисоки цени и ќе компензираат.
 
Џабе дебатирате ебиветер мерки, нека лупнат огромен данок на секој стан што седи празен па да видиш како паѓа цена на квадрат.
 
Цена на квадрат во Американ Констракшан во Ѓорче кај пазарот била 795 евра во 2017. Минимална плата во 2017 беше 10.080 до август и 12.000 после септември. Што значи ти се потребни 5 до 4 минимални плати да купиш квадрат стан во оваа зграда. Денес на истото место, цената е 1700-1800 квадрат, а минималната плата е 26 000, или во превод исто толку колку што била цената тогаш, што значи и по тогашен стандард становите биле скапи да се купат. И тогаш не секој можеше да си купи стан.

Screenshot 2026-11-26 144900.png
 
Прегледај го приврзокот 492112

Ај да видиме со просечна плата, во 2017 била 23.000 или 2 плати за квадрат додека и денеска пак скоро исто..

Него читајте го Мицко :pos:

Во Карпош просекот евидентиран во Катастарот во првите три квартали е 1.386 евра квадрат. Со попуст тој би бил 1.110 евра за квадрат. Во Охрид просекот бил 1.138 евра, а со попуст цената ќе биде 911. За Струмица 751 евро, додека со попуст ќе биде 601 евро квадрат за брачен пар до 35 годишна возраст. За Битола просекот во првите три квартала од оваа година е 525 евра квадрат, а со попуст ќе биде 420 евра. Во Кавадарци просекот е 795 евра квадрат, со попуст тоа е 636 евра. Во Гостивар просекот е 635 евра, со попуст ќе биде 508 евра. Тетово просекот во Катастар е 785 евра, со попуст ќе биде 627 евра, додека во Штип просекот е 810 евра, а со попуст ќе биде 648,5 евра за квадрат.
 
Епа замисли колку би била побарувачката со денешна просечна или минимална плата а тогашни цени. Дали мислиш дека становите би поефтнале или цената би била уште поголема од сега?

Сега има само некои кои бараат станови за перење пари, а замисли кога секој човек ќе сака да купи стан, плус тие за перење пари. Да видиш што е тогаш цена.

Него читајте го Мицко :pos:

Во Карпош просекот евидентиран во Катастарот во првите три квартали е 1.386 евра квадрат. Со попуст тој би бил 1.110 евра за квадрат. Во Охрид просекот бил 1.138 евра, а со попуст цената ќе биде 911. За Струмица 751 евро, додека со попуст ќе биде 601 евро квадрат за брачен пар до 35 годишна возраст. За Битола просекот во првите три квартала од оваа година е 525 евра квадрат, а со попуст ќе биде 420 евра. Во Кавадарци просекот е 795 евра квадрат, со попуст тоа е 636 евра. Во Гостивар просекот е 635 евра, со попуст ќе биде 508 евра. Тетово просекот во Катастар е 785 евра, со попуст ќе биде 627 евра, додека во Штип просекот е 810 евра, а со попуст ќе биде 648,5 евра за квадрат.
Нема ништо да е од ова. Или ќе има милион услови никој да не можит да добиет субвенција за нов стан. А и како ќе ги стегнат инвеститорите за поефтини станови кога и самите тие се во бизнисот. Колку куќи и станови се купија преку купи куќа купи стан, исто ќе е и ова. Само глупи ветувања и програми за новите избори. И да го усвојат ова, јас во процес на купување стан во градба ќе барам 20% попуст (да ми се вратат парите) или ќе тужам, под услов мерката да е усвоена пред да го потпишам куупопродажниот договор
 
Back
На врв Bottom