wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 20.756
- Поени од реакции
- 36.719
Се лимитирате да разберете некои работи кога стоите фиксно зад сите овие зборови... женет, феминист, нормален...@wot е женет (ваљда) па е феминиста, ама и некогаш кога пишува некохеретно се чудам дали е нормален, така да опростено му е![]()
Ви влагам во статистики бидејќи сум бил женет, а јас само сум се потпишал некаде за да смалиме бирократија при мигрирање. Многу наивно од тебе ако мислиш дека таков еден потпис менува многу за мојата заложничка ситуација. Женет или не, мене ми беа објаснети убаво the terms and conditions многу порано пред бракот, а во нив како единствен излез од нашата врска за мене, ако некогаш посакам, е само смртта. Јас, па и ти, може да си фантазираме за колешки и слично, но реалноста е - она е AИDY, а сите мои обувки одоздола се потпишани и ниту еден потпис во матично не ги брише освен слаткиот рилис:

Исто и за зборот феминист, затоа се откажав од дискусијата со @Erikson. За него значи нешто сосема друго и затоа му го оставив и побарав да даде нов што може да го користам како алтернатива само кога стојам зад оригиналните начела на феминизмот, а не зад исламот или и за што да бев обвинет. Тој упорно продолжи да ми збори како не сум знаел дека движењето било узурпирано од лоши актери. Што е фер, но ниедно движење не е имуно на тоа. Самиот паѓа во замка кога вика да протестирале на друго место како да протестите не се секогаш исто така узурпирани од друга страна која само сака да капитализира на тоа за нивен интерес. Ги праќа сега да протестират во Пакистан, а после ќе сврте страна како за феминизмот и ќе труба како ние не сме сфаќале дека некој тој протест го злоупотребува. Изгледа мисли дека сите што ќе спомнат феминизам тука се со розеви коси или штознам. По се изгледа ни одговара статус квово да тука таму наоѓаме полу мртви жени по улици и да не ги адресираме високите статистики за домашно насилство, бидејќи некој решил да го узурпира феминизмот за да ја поробел белата Европа, спречи 5г зрачење или и за што друго беше обвинет феминизмот од него. Полесно е да кажеме дека некој странски актор и агенда ни ги тепа жените, мајките, ќерките и ги остава полумртви на улица. Полесно е да кажеме дека е подобро да си жена деновиве, нешто што и ти самиот кажа, отколку да признаеме дека имаме вистински проблем во динамиката меѓу мажите и жените, дека не се, никогаш не биле и никогаш нема да бидат еднакви со мажите. И контроверзно, за што сум често обвинет и како шовинист, е тоа што мислам дека мажите треба подобро да ги негуват жените, наместо да ги обвинуваме како да тие се виновни што морале да влезат во работната сила и остали очекувања од денешната модерна жена. Барем се додека светот е наш, додека сме ние тие што лансираат суперсонични ракети, гасат економии и остали машки работи. I swing bоth ways за комплексни теми понекогаш, I contain multitudes.
Исто и за тоа нормален. За мене не е нормално да го дум скролаш форумот како инстаграм се додека не најдеш нешто кратко како why are you gae за да на секунда те насмее низ нос. Јас уживам да си ги објаснам ставовите и обожавам да читам кога некој истото го прави, бидејќи е форум, а не твитер. Годинава читав една книга во кои првите 150 страни се некоја несврзлива филозофија, но бидејќи немам атенш спан на тодлер растен со кокомелом, читав се додека некохерентниста почна да има смисла, а пејлоадот поради тоа беше повисок бидејќи разбрав што сакала писателката да каже. А ако читнав пасус на почеток, две реченици на сред и малку на крај, нормално дека ќе ми фалеше контекст, и ако судев само по тоа ќе се мислев зашо оваа ненормална ѝ е дозволено да пишува книги и да се штампана во илјадници примероци. Така да, читајте ме, не ме читајте, сеедно, и иако не можам да ветам дека има богатство на крајот на виножитото секогаш, сепак ризикот да не прочитате квалитетни мислења во ера на АИ слоп е на ваша страна.

