Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
и нотарите се вмешани. Нас нотарот не не предупреди (а тоа му е една од задачите, не само прибирање пари) дека фирмата е 3 години блокирана, дека е пред стечај и фино лепо 11та година чекаме имотни. Ама во тие бизниси обично се вмешани риби као што го споменав еден аналитичар од една невладина и имаат доволно пари да ги купат (или им понудат предмети со огромни хонорари) сите адвокати кои станарите ќе ги ангажираат.
Исто згради кај Ѓорче стадионот се заглавени со фирма која отишла у стечај одма после тоа. Пратија писма до сите од претседател на држава, влада, инспекторати, судство. Никој не мрдна со прст.
Многу вакви има, се знае се, само тие што треба да решат случај, самите се умешани у тоа.
А банката не ве предупреди?
Мене баш за Саник од повеќе банки ме предупредија, и ми бараа поголемо учество ако зимам од Саник. И јас бев залетан за Саник пред 2 год ама кога истражив видов дека нивните проекти се заглавени од време на короната.
Сега како што слушнав овие во Кисела Вода ги има превземано Настел да ги доврши, а за Керамидница гледам Трим и Лум ги рекламира сега.

И ова е сосема друга тема, стечај, недовршени згради.
Овде членот вика дека неговиот стан е продаден на повеќе луѓе. И не гледам начин како би го направиле тоа освен ако никој од нив не добил предбелешка, си лупнале кеш на лепе очи.
 
Банката и беше во интерес да го пласира кредитот и сега си добива месечни исплати.
Ние имаме преддоговор, сме во катастар во евиденција ама немаме главен догорор, не сме сопственици. Стечајниот и тој што го споменав сакаат да ја земат цела зграда под свое и после да уценуваат, веројатно за плус пари.
Во една зграда така направија. Фирмата не беше во стечај, нормално работеше ама ги уцени станарите ако сакаат имотен да потпише, уште по 5 или 6000 евра да му додадат. На рака , нормално. Еден млад пар и двајцата починаа чекајќи, којзнае што бидна со таа зграда.
Нема ред, кога судии, адвокати и нотари се купуваат од лихвари-наводно главни доверители и стечајни или од партиски пацови поврзани со катастар и општина, тоа е.
Чекаме да се смилуваат, бар додека сме живи да им оставам на синовите во наследство.

Што значи и преддоговорот не е гаранција за ништо во државава. Твое е, а не е твое :)
 
Има простор за манипулирање затоа што прво банката му исплаќа на инвеститорот и после чекаш и се молиш да те пишат во катастар.
Не, прво упис во катастар па потоа следи исплата.
 
Не, прво упис во катастар па потоа следи исплата.
Така е најисправно. Преддоговор не е валиден документ за упис, така да не би требало да е основ за исплата на средства. Ама граѓанинот на Мк не го научи урокот.
 
Така е најисправно. Преддоговор не е валиден документ за упис, така да не би требало да е основ за исплата на средства. Ама граѓанинот на Мк не го научи урокот.
Па така и се прави. Нема друг начин кога со кредит купуваш стан во градба. Преддоговор, учество (ако е потребно), нотарска заверка на договорот за кредит, упис во катастар, па исплата на кредитот.
 
Па така и се прави. Нема друг начин кога со кредит купуваш стан во градба. Преддоговор, учество (ако е потребно), нотарска заверка на договорот за кредит, упис во катастар, па исплата на кредитот.
Стефан, нашата зграда е непостоечка (не е изложена) во Катастар камоли становите. Иако имаме преддоговори и прибелешки.
И со доста згради е така, многу немаат документација саглам. Едноставно не постојат адреси. Ние се пријавивме кај постариот син. Мојот татко нигде. Среќа што му е трајна лк.
Се се тоа црева врзани од врвот надолу, од оној јарецот аналитичар до катастар нотари и адвокати, ништо од закони не почитуваат. Банда се, недај боже да налеташ на такви шеми.
А банките даваат кредит врз база на преддоговор заверен на нотар и прибелешка.
 
Чекај, ако те сфаќам добро си купил стан без лист за предбелешка? И како тоа имаш прибелешка, а не постои зградата во катастар? На што прибележале, на камен ли?
 
Многу немаат документација

Зградата мора да ја има во катастар. На парцелата наместо имотен лист ке излага лист за предбележување на градба. Ако не знаеш како да провериш пушти ми број на парцела во ПП па ке ти дадам инфо.

Е сега ако си купил стан без лист за предбележување на идна градба, тогаш со господ напред.
 
Чекај, ако те сфаќам добро си купил стан без лист за предбелешка? И како тоа имаш прибелешка, а не постои зградата во катастар? На што прибележале, на камен ли?
Сигурно има предбелешка во катастар, само ако фирмава во меѓувреме отишла во стечај, нема со кого да направи главен договор и од кого да земе имотен лист.

За дечкото со прашањето за Саник, и јас сум слушнал дека се направиле некои тешки дубари со таа зграда што е во Припор, и дека се продавале станови на повеќе луѓе. Распрашај се убаво и ако можеш да се извлечеш на време од таму бегај. Со среќа.

Мој совет до сите што сакаат да купат стан, е секогаш да идат со купување преку банка на кредит, дури и да ги имаш парите во кеш. Банката во таков случај ти е еден вид сигурност, па дури и да треба да плаќаш рати додека да земеш имотен лист. Полесно е да ја исплатиш банката и да го затвориш кредитот, него ли да ги дадеш во кеш и никогаш повеќе да не ги видиш парите.
 
Чекај, ако те сфаќам добро си купил стан без лист за предбелешка? И како тоа имаш прибелешка, а не постои зградата во катастар? На што прибележале, на камен ли?
Па предбележување и се прави на камен. Што ти е чудно? Ај види во кој стадиум на проектот зграда се прави предбележување и кои документи требаат.
Само не ми се сипувај како Гигс за нумеричките, предупредувам :)
Автоматски споено мислење:

Многу немаат документација

Зградата мора да ја има во катастар. На парцелата наместо имотен лист ке излага лист за предбележување на градба. Ако не знаеш како да провериш пушти ми број на парцела во ПП па ке ти дадам инфо.

Е сега ако си купил стан без лист за предбележување на идна градба, тогаш со господ напред.
Зградата во катастар ќе стои со проектната форма и податоци, ама во листот за предбележување, што е далеку од конечен упис и права на сопственост.
 
Чекај, ако те сфаќам добро си купил стан без лист за предбелешка? И како тоа имаш прибелешка, а не постои зградата во катастар? На што прибележале, на камен ли?
не, со лист за прибележување и со преддоговор. Зградата не е изложена во катастар. Епа све се може ако си супербогат и се дружиш со врвот на сите партии.
Преддоговор и прибелешка се прават врз основа на архитектонски план, одобрение за градба, комуналии, све од документација плус веќе изградена целосно до внатрешно средување (ламинат, глет, вц санитарија). Тогаш е купена односно со цела документација и слики однадвор, нотарирани, банката ни даде кредит. Зградата беше изградена, не дека не.
И после тоа се е историја (и корупција). Од преддоговор, зградата прво мора да добие договор (да се изложи во катастар и општина и што знам веќе каде) па становите да добијат главен договор. Тука и запна, кога т.н. главен доверител (народски лихвар) почна да ја кочи работата со намера да не опљачка буквално со стечајниот (меѓувреме отиде фирмата у стечај, со намера).
Автоматски споено мислење:

Многу немаат документација

Зградата мора да ја има во катастар. На парцелата наместо имотен лист ке излага лист за предбележување на градба. Ако не знаеш како да провериш пушти ми број на парцела во ПП па ке ти дадам инфо.

Е сега ако си купил стан без лист за предбележување на идна градба, тогаш со господ напред.
Фала за понудата, но знаеме дека ја нема. Има сеуште куќа со двор. едноставно не постои правно. Сме проверувале стопати. Плус тоа и двете парцели им се "случајно" згрешени па влез 1 е нацртан на парцелата од влез 2 и обратно. Случајот им е добро познат во катастар ама како беше она со октоподот.
А сето тоа можеше да се реши со обична граѓанска постапка ама кочат бандитиве.
 
Последно уредено:
не, со лист за прибележување и со преддоговор. Зградата не е изложена во катастар. Епа све се може ако си супербогат и се дружиш со врвот на сите партии.
Преддоговор и прибелешка се прават врз основа на архитектонски план, одобрение за градба, комуналии, све од документација плус веќе изградена целосно до внатрешно средување (ламинат, глет, вц санитарија). Тогаш е купена односно со цела документација и слики однадвор, нотарирани, банката ни даде кредит. Зградата беше изградена, не дека не.
И после тоа се е историја (и корупција). Од преддоговор, зградата прво мора да добие договор (да се изложи во катастар и општина и што знам веќе каде) па становите да добијат главен договор. Тука и запна, кога т.н. главен доверител (народски лихвар) почна да ја кочи работата со намера да не опљачка буквално со стечајниот (меѓувреме отиде фирмата у стечај, со намера).
Те сфаќам скроз кај си заглавил ама мислам дека не знаеш добро да објасниш па затоа те прашуваме.

Вака, сте направиле преддоговор, имале ЛПГ од фирмата, си земал кредит врз основа на тоа, значи све скроз легитимно. Е сеа откако се направила зградата изгледа фатил кривини инвеститорот со расчистување сметки и долгови и поради тоа не може да добиете имотен лист. Технички, имаш имот, ама немаш доказ за тоа и можеш да се сликаш. :D Ова го кажувам ако сакаш да го продадеш или препишеш станот на некого, инаку ти може да се живееш освен ако не заигра раката на државата па да отиде се во вода.

А ова што го кажуваш погоре дека зградата не е прибележана во катастар никако не можам да го разберам и не знам што сакаш да кажеш. Ако една фирма сака да гради, треба да има најнапред земјиште, потоа проект за изградба, па платени комуналии и врз основа на овие работи се добива одобрение за градба од општината каде што се гради. Тука излегуваат ЛПГ (листови за предбележување на градба) кои одат преку катастар (затоа ми е чудно што кажуваш дека зградата не е прибележана во катастар) и ако зградата се гради со средства земени од кредит од банка тогаш хипотеката од прв ред секогаш е во корист на банката, па потоа на тој што ќе го купи станот, нормално се додека фирмата не го отплати кредитот па потоа да ја ослободат хипотеката. Доколку финансираат од сопствени средства тогаш фирмата стои на ЛПГ се додека не добијат становите во зградата имотни листови каде тој што првично го купил станот останува единствен сопственик.
Автоматски споено мислење:

Па предбележување и се прави на камен. Што ти е чудно? Ај види во кој стадиум на проектот зграда се прави предбележување и кои документи требаат.
Само не ми се сипувај како Гигс за нумеричките, предупредувам
А како ќе има човекот ЛПГ ако зградата ја нема во катастар кога самиот документ го издава катастар?
 
Вака, сте направиле преддоговор, имале ЛПГ од фирмата, си земал кредит врз основа на тоа, значи све скроз легитимно. Е сеа откако се направила зградата изгледа фатил кривини инвеститорот со расчистување сметки и долгови и поради тоа не може да добиете имотен лист. Технички, имаш имот, ама немаш доказ за тоа и можеш да се сликаш
Токму така. Ги имаме само во владение.
И сега веќе не е инвеститорот туку оној од една од најголемите невладини заедно со стечајниот.
Со граѓанска постапка можеше брзо и лесно да се реши, но не им е тоа целта.
А пишувам конфузно затоа што 10 години се овие случувања па наврат нанос сакам да скратам.
Во кратки црти, банда криминалци во спрега со нотари и судство, сакаат да ја присвојат цела зграда, да потпишеме наводно за главен договор за да се изложи зградата (да си потпишеме смртна пресуда). Без разлика на прибелешки и преддоговори.
Тоа е накратко, Гордиевиот јазол.
Што е полошо, многу згради се такви, луѓе со децении живеат без сопственички документи.
 
А како ќе има човекот ЛПГ ако зградата ја нема во катастар кога самиот документ го издава катастар?
Значи ЛПГ или лист за предбележување на градба, се вади кога сите документи се Ок и градбата е почната, ама може и на дупка да извади ЛПГ, т.е. на мршав бетон за темели. Не е повлечена линија кога се вади. Е сега, до тука е добро и ако инвеститорот е совесен тоа нормално оди до крај, ако се’ е Ок со градбата, кога ќе излезе геодетската фирма да мери и ќе се констатира дека е во ред, се иде со упис, после се чистат хипотеки и остало. На крај жртвата која платила 2000 евра метар квадратен ќе си добие Имотен лист.
Ама ти кажаа и погоре, кај нас прво се мислат дупките, после законите. И се раѓаат игри и матење на водата, оти риба у матно најлесно се лови.
Тука почнуваат игри кои ги опиша Лурц или обично не е по проект изведено, пошто има мнооогу малку саглам градежници, па се бара начин да не се прават измени во градба, него се врши притисок врз геодетската фирма да запише по проект.......
Банката секако уво нема да ја боли, на крај од краиштата ќе ја земе зградата. Проблем е што крајниот купувач ретко знае кај е скршнато од божјиот пат, па во игра улетуваат адвокати, нотари и разни крвопијци од секаква боја.
 
Банката секако уво нема да ја боли, на крај од краиштата ќе ја земе зградата
Аха мисли си. Како ќе го изврши банката станот ако да речеме не е завршена зградата? Или како во случајот на Лурц? Затоа банките не кредитираат кај сите фирми што градат, баш ради вакви ризици.

И се тоа што си го напишал го пишав и јас само во пократки црти, само му објаснив на Лурц дека не е возможно зградата да не постои во катастар, а да имал ЛПГ (затоа што ЛПГ го издава катастар).
 
Back
На врв Bottom