Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Сум имала профилче бе :pos:
Кажи кое не се плаши.
@Darling или ова не е твое? Ќе ти дадам време да ги поврзеш работите. Или... :coffee:

...ќе го смениш односот и ќе може да комуницираме/дебатираме како луѓе. :backa:
 
@Darling или ова не е твое? Ќе ти дадам време да ги поврзеш работите. Или... :coffee:

...ќе го смениш односот и ќе може да комуницираме/дебатираме како луѓе. :backa:
Не сакам да дебатирам со забегани.
Координирани активности, глупости чуда, којзнае што ти се врти во тоа главата.
 
Стварно таткото на претепаната девојка во Охрид е во притвор, оти му се заканувал на починителот (кој пак е пуштен од притвор)?
Многу јако, ако е така.
 
Не сакам да дебатирам со забегани.
Координирани активности, глупости чуда, којзнае што ти се врти во тоа главата.
И ѓаволот бил, вака, зајадлив, а после се налутил... :coffee:

Ајде да се вратиме на темата, за тие кои сакаат и знаат да дебатираат. Пред Х години во фирмата во која што работам, требаше да потпишеме колективен договор. Го направивме предлог-текстот, но не добивме согласност за преговори, и тоа пропадна. Но се отвори една интересна дебата, дали жените треба да добијат слободен ден за добиеност. Кај нас вработените од понежниот пол инсистираа, па го ставивме. Ова го има во некои други институции, во нивните колективни договори на работодавач. Дали ова треба или не треба да се стави во општите колективни договори? Зборувам како унапредување на правата на работникот.
 
Би го играл различно, ако зависи од мене, за да нема разговор за дискриминација. Зашто тоа се 12 денови плус за жените годишно наспроти мажите. Лично, не ми пречи, ама мислам дека ќе отвори многу дебати долгорочно. Ја би да се даде по 1 ден месечно на секој вработен кој ќе можат да го користат како инцидентен ден без да те прашаат. Ете жените можат да си го користат ако имаат таков гаден ден при добиено, а ние на пример, ти се расипала колата, па не ти се иде на работа со автобус, го зимаш тој ден, си се успал, го зимаш тој ден, времето е шит, го зимаш тој ден итн. Така би било пофер и ги унапредуваш правата на работникот а не на еден пол во работната сила.
 
Ова е една од дилемите кои се отворија. Еве, со 24 дена од годишен одмор, и со уште дополнителни 12 и со 4 часа кои можам да ги искористам во текот на месецот (еден ден можам да работам со 4 часа, пример), ќе се попречи континуитетот на работа. Лично, неколку години по ред прекинувам годишен одмор, па после го цепкам.

Вториот проблем беше околу оправдувањето на отсуството, сигурно нема да дојде до улошката. Дали ќе биде со изјава или со потврда од доктор. Второво е проблем, од една страна сакаме да мирува, од друга страна да оди на доктор. А Изјавата, сама по себе, и нема некоја посебна тежина.

Третиот проблем веќе го опфати, што ќе добијат мажите. По еден ден месечно не е проблем, но ако се сумира годишно, тоа е половина работен месец. А нели, за отсуството ќе бидат платени. Плус, нема на сите жени ова да им следува (пр. трудници и жени во менопауза), што, македонска работа, може да се злоупотреби. И последното, дали некогаш е доволен само еден ден. Ме интересираа размислувања. :)
 
Последно уредено:
За континуитетот на работа, освен ако не си во критична улога, ко хирург или доктор, голем стап, тоа е муабет на компаниите. Пр, мојата компанија има 10 такви дена (12 изглеа многу им се виделе), па никој не умрел за 1 ден у месец ај за воља на муабетот.
Оправдувањето ќе го нема, затоа што е ден no questions asked. Го зимаш дента и се одобрува автоматски.
А за третото, епа ако се сумира, да, така е, ама или го има за сите, или го нема. А повеќе не може од 1 ден, тогаш веќе се согласувам дека ќе биде под ризик консистентноста на бизнисот/работата.
 
Последно уредено:
Тотално небитно. Да ти повторам. За шо се борат феминистките на запад па и кај нас?
Зошто не одат да протестираат пред амбасадите на Судан или Пакистан каде шо жените имаат третман на домашни животни?
E како небитно, прво ја прашувате, ви дава одговор, потоа не било битно, да одговорила на истото верглано прашање зошто не протестирале во Пакистан. Владе мкд фори, те знаат ли дома оти си педер. И што ќе докажеш, ако убиваат жени, ќе те убијат и оти протестираш, и? Јаката поента, не знаевме. Зошто да не се протестира пред влади на земји кои имаат глобален импакт и можат да сменат да човекови права во third world countries се запазени? Затоа имаме и глобални организации и договори и конвенции каде земјите се потписнички и тоа треба да осигура да тие базични човекови права се секаде загарантирани, или да тоа проба да го поправат преку санкции, економски и секакви притисоци. Луѓето гласаат за луѓе и партии само поради ова некогаш, како надворешни односи. Не е најдобриот пример, само сакам логиката на нештата да ти ја објаснам - ако Трамп кажал дека ќе го укине режимот во Иран и ќе може луѓето да гласат за кого сакат а жените нема да се убивани и мачени поради религиски убедувања, јас тоа го очекувам, и имам право да протестирам во земја каде сум гласал за Трамп, иако проблемот е во Пакистан. Појасно? Ако тој наместо тоа си ги бомбардира за други цели, и за тоа ќе протеситаат кај него а не во Пакистан. И друго, земјите каде сега е "лесно" да се протестира, не секогаш било така. Честа историја е пролевање крв за такви права. Па така, ако некој сега се фрцка на парада и протест, тоа е бидејќи неговите претци умирале на тие улици, протестирале баш во пакистански услови иако европски земји, бидејќи живееле во нив. Така да, секој треба да си протестира кај е лоциран, и ако не е во опресирана држава, да протестира на сигурно пред својата ако истата може нешто да смени. Ако ти сметаат албанците и нивните криминали, зошто живееш во Прилеп или билокој друг пример? Оди барај плац и правда во Арачиново кај што не сечат струја. Тоа е владе логика, живеј таму ако ти е толку гајле за тоа, и е иста на оди протестирај во Пакистан ако ти е гајле дека убиваат жени.

Интересен е тајмингот, баш отакако се покаја и го прифати Исуса започнаа со обвинувања. Дур беше левичар никој не писнуваше, не само тоа го канеа насекаде и гостуваше секаде.
Војната против христијанството продолжува. Ликот ги отфрли дегенските понашања и се среди престана да фура доп во вена, се ожени и деца и тоа е нешто кое не се простува од извесни кругови.
Да да, многу е интересен тајмингот. Ти навистина веруваш дека циничен комик туку така го наоѓа Христа, а не после дела кои само Христа ги прашта а не законот? Многу е наивно да гледаш на тоа како војна против христијанството само бидејќи некој нарко клошар со бог его решил да се шлепа на тие вредности за да избегне правда и создаде имиџ за пред суд. Види го по телевизии, го прашуваат кој е тој псалм кој го повтарал во неговите најтешки моменти како светлината во цела темнина, не можеше да го најде со библија пред него, 2 минути дед ер, овој моронот Пирс намерно го остави во тишина на телевизија да си го најде делот кој го променил како човек. Супер што направил дете и се женил, но консент е консент. Дали имале тројки, лижеле чмарови или што и да беше назад споменато не е битно, секојА смее да каже НЕ и сѐ тоа престане, без разлика што претходно се правело или согласило на.
 
Абе баталете ја @Darling мажена си е она, и си се понаша како сака.

Доста ја прескокнувате главната вест а тоа е копукот од Охрид, што му увалиле инекции со беснило наместо стероиди...
 
Сведоштво од мајката на Сара која беше претепана до бесозание и оставена пред маркет од нејзиниот дечко…

“Маминото синче постојано се фалело дека, без оглед на тоа што ќе се случи, неговите родители се доволно моќни за „да средат“ сè.

Она што дополнително ја прави целата ситуација уште пострашна се околностите поврзани со постапувањето на неговиот татко. Во моментот кога мојата ќерка била во бессознание, Кристијан, мислејќи дека таа е мртва, стапил во контакт со својот татко, барајќи помош како да се ослободи од нејзиното тело.
Неговиот татко му давал насоки како да се ослободи од телото на мојата ќерка.

Пред сето тоа, нејзиниот телефон бил намерно искршен, со што ѝ била одземена можноста да повика помош и да побара спас.

„Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“
Ова се зборови кои Сара ги слушнала во момент кога се наоѓала во крајно беспомошна состојба.

Во целата оваа ситуација се споменува и неговата тетка, мајка на две ќерки, која, контактирала со болницата во која моментално е сместена Сара, со цел да се влијае врз медицинскиот извештај и да се ублажи сериозноста на повредите, како Сара да била само малку изгребана.
Навистина е поразително особено кога станува збор за жена која и самата е мајка на две ќерки.

Посебно загрижувачки се и постапките на лицата од неговото опкружување, кои одбивале да ја однесат во болница, иако таа самата ги молела за помош. Наместо да покажат минимум човечност и да ѝ помогнат на повредена девојка, тие одбиле да реагираат.

Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица.

До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства?

Пишува Ирена Ѓорѓиевска - мајка на Сара
Автоматски споено мислење:

Како од крими филмче, Божее, какви психопати се накотија, да му е страв на човек до маркет да отиде а камоли да влезе во кола со некој. Ццц... Волку насилство во Македонија немало никогаш, маживе станаа монструми. Тешко на помладиве девојки, ги жалам.
 
Типов изгледа ко мајмун а не ко правник, наводно магисттрирал право, а ако не знаете мајмун (горила) е сленг за батинаш, рекетар, тепач, избацивач...

Не знам дали стероиди, или некој кокс, ама не знам што била причината што толку се уфилмал ко да излегол од турска серија и ја претепал до пред убивање.

Screenshot 2026-11-16 125738.png

Да не беше тажно ќе беше смешно, што таткото на девојката којшто како секој нормален татко тргнал да се пресмета со копуков издрогиран, добил кривична пријава оти се заканил, а овој лигушов само забрана за приближување а ја претепал до несвест и сакал да ја убие.
Автоматски споено мислење:

А ако немаш татко инспектор у УЈП и мајка главна за антикорупција и двајцата од ДПМНЕ кога е на власт, тогаш ќе си киднеш ко овој

Последно уредено:
Земање правда во свои раце и кршење на главата од некој тротоар. Кога не функционира системот треба да функционира народот.
 
Да да, многу е интересен тајмингот. Ти навистина веруваш дека циничен комик туку така го наоѓа Христа, а не после дела кои само Христа ги прашта а не законот? Многу е наивно да гледаш на тоа како војна против христијанството само бидејќи некој нарко клошар со бог его решил да се шлепа на тие вредности за да избегне правда и создаде имиџ за пред суд. Види го по телевизии, го прашуваат кој е тој псалм кој го повтарал во неговите најтешки моменти како светлината во цела темнина, не можеше да го најде со библија пред него, 2 минути дед ер, овој моронот Пирс намерно го остави во тишина на телевизија да си го најде делот кој го променил како човек. Супер што направил дете и се женил, но консент е консент. Дали имале тројки, лижеле чмарови или што и да беше назад споменато не е битно, секојА смее да каже НЕ и сѐ тоа престане, без разлика што претходно се правело или согласило на.
Првиот дел ти е долг и не го прочитав, но за второто можам да си ги даам моите 2 цента.
Ако копилето е криво, немам никаква љубов кон насилници и силувачи, но тука има едно големо НО, нели за тебе е загрижувачки дека го осудуваат за нешто што наводно направил пред 30 години, и што не може да се докаже по правниот пат? Се знае форензиката што прави после силување, да најде докази, без докази, да те осудат на твојот збор против мојот веќе е кенгурски суд, го губиш правото на невин до докажување на обратното, дефолтот е виновен, па иди докажуј се дека си невин. Нели те загрижува дека тоа веќе не е судење на база на правосудни мерки и процеси, туку судење врз бутање на некоја политичка агенда по секоја цена? Замисли ти сега, си чекаш детенце со жена ти, и некоја кажала, абе вот мене ми текна оној пат коа бев пијана, не ти кажав да, ајде на суд. Ако си осуден, на здравје бричење, нит крив нит дужен ќорка, а ако не си осуден, пак каков шок е тоа врз тебе? И како ќе те гледаат роднини, пријатели, жена ти од тој момент? Каков живот ќе имаш, што мислиш? Ете затоа ја тие што обвинуваат месец после силувањето, да сум судија, би ги тужел контра или би ги исфрлил на клоци од судот. Освен ако немаат силен доказ, тогаш е друга прича.
Пред доста време другар у Англија ми кажа дека некој од нивните другари го замолиле од обезбедувањето да си иде, зашто некоја се пожалила дека другарот ја гледал манијачки. Сите биле у прашалници, но друштвено го напуштиле локалот. Тоа не е ок да се случува.
 
Наводно го плеснала оти бил пијан и возел и се понашал агресивно, па овој као и вратил. Ова не е никакво оправдување, иначе.

6144.jpg

6146.jpg

Back
На врв Bottom