И со мене вака почна да се однесува, па станавме во лошите. Мене ми мириса дека нашата конзервативна кралица има на криза на идентитет, "вмро во срцето, а Никола во душата", притоа сее феминизам, христијанска доктрина и новокомпониран традиционализам. Плус мала, онака со врвот на прстите, демагогија, зачинета со отворен расизам. И омраза кон малцинства (тогаш станавме во лошите, дозна дека сум од лошите малцинства).
И, за жал, конверзацијата ни е сведена на роновски реплики сѐ додека не си го промени односот. А мора, ако доследно го конзумира она што го проповеда. Во спротивно одиме јужно од рајот. Навистина има добра душа, покрај тоа што е паметна.
За вмро, и за Ниџо, ја провоцирам затоа што се лути. Еве, ќе прекинам. Давам чесен збор.
Сега, дали навистина има поента со тој низок удар, процени самиот.