- Член од
- 10 март 2022
- Мислења
- 292
- Поени од реакции
- 574
- Возраст
- 34
И твоето мислење за мажите е приближно на истото "дереџе" како што викаш за мислењето за жените на темата/темите.еве кажи ми што правиш по дома?
Како си вклучен во домашните обврски?
Неќам да зборам никад за мене, ама да ви кажам нешо за да ме сфатите колку ми е смешна темава.
Татко ми ќе ми остаи куќа и три стана. Ја ја работам истата работа, за да можам ја на моите деца да им купам бар стан-два. Можел он, можам и јас. И да ги немав, карактерот ми е таков, сакам да се трудам за себе и да можам утреден да речам ЈАС СИ ГО КУПИВ ТОА.
Ја братче за пари никад нема да се зинам, туѓи.
Ја сакам Порше, ја сакам куќа со базен, ја сакам милион работи и за тоа работам за 45,000 некад и по цел ден. И не се жалам. Платата си се накачува повремено.
Не сакам туѓи пари, шо ќе ми се?
Ја од мој дом не мрдам. Кој сака да ми е маж, нека дојде. Немам потреба ја од туѓ имот, и пари.
Иам потреба да напраам свои, за утреден да праам шо сакам.
Желбата да сум независна ми е закована у мал мозок. Нема да дозволам да чекам од маж пари.
Ја сум 2001, сакам да иам деца, сакам да иам маж, знам сѐ од домашни обврски и тоа уше од мала, едно дете сум, ѝ помагав на мајка ми дур живеев со нив.
Сеа живеам сама, дојдов у 5 дома, еве јадам, ќе отворам лаптоп пак да работам.
Ја на сѐ шо иам овде, утре можам да издавам и да не работам, ем работам, ем сакам меѓународна лиценца да зеам и да си идам.
Знаеш зошо?
Ме заболе за СИТЕ пари и имоти кога надвор од дома е пропаст.
Пропаат е воздухот
Пропаст се цените
Пропаст е безбедноста
Пропаст е здравството
Пропаст е како размислуваат повеќето.
Пропаст е психата на народов
И да друже, радо би била со некој Германец, Шпанец или Италијанец, него со Македонец и да треба да сум и ревизор, и мајка и жена, и домаќинка. Загоа шо се иам изгорено и јас.
Жената во Македонија праи сѐ и пак не е ценета. Знам и по себе како се изгорев, а го сметам после татко ми за најдобар маж во мојот живот.
Ме заебаваа одредени кога ми беше лошо, ама ми беше пошто правев сѐ. Научена сум да сакам во добро и лошо. И на сѐ правење он мене да ме отсака?
Глеј какви теми има на форумов за потценување жени. Како некоја здраворазумна жена да биде со маж шо пишува у тема факинг Ливадарки?
А за парите извинете братчиња, ама мора да си го отворите џепот. Коа праиш фамилија и деца, трошокот е на двајцата. Како и обврските.
Ако немате пари за фамилија, не прајте.
Ниедна жена не сака несигурен маж.
Зошо? Трудни сме 9 месеци, може ќе треба до а да седи, да не работи. Не е секад платено.
Породилното е платено океј, после тоа едно 3-4 години детето/децата ќе се СЕКОЈА НЕДЕЛА болни.
Секое дете коа е болно ја бара мама, кој има неплатено отуство? Мама.
Затоа тато треба да има сигурна и стабилна работа, некад мајката не може да работи.
Кога сме кај генерации, мора да кажам дека МАЖИТЕ во новиве генерации, НЕ САКААТ да работат.
Баш е обратно време дојдено. Жените да ринтаат, мажите со прстот у уста.
Знам многу мажи шо сакаат преку ноќ буквално да напраат пари, или работат некои глупости и се жалат као немаат пари.
Времињата се сменети.
Работите се поместуваат некако.
Така шо тој филм шо си го праите мене ми е смешен.
затоа и се убацив у темава, а сум влегла 2-3 пати да прочитам, да видам на кое дереџе е доено мкслењето за жените.
Катастрофа.
Ама no more.
Тие шо сте помлади членови, до 30-35 ќе осеќате допрва разлика.
На волку насилство и неработење на МВР, мислам ниедна жена не е будала да не се осигура финансиски, па ако може и имотно, да не се заебава со некој шо може утре да откачи.
Изглеа таква ни е жичката, насилна. Пошо на шака народ, волку болни луѓе да има ( тие шо тепаат и убиваат мислам), мора нешо у подешавањето да не е океј при раѓање.
Ај поздрав. И стварно не мислам да се објашњавам више.
Молам Бога само да ме размине у реал лајф со тие шо серат овде по жените. Со тие шо ме споил, нека ми прости за грешката. Нема да се повтори.
П.С:
Чекам епитет за мажите шо се селат у Европа ако жените се спонзоруши.
Башка нагласуваш ниедна жена не сака несигурен или невработен маж додека повеќето мажи воопшто не се замараат за вработување на жените.
Како и да е добри луѓе постојат, само што се ретки и тешко да ги најдеш





