Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Нашите жени ја движат демографијата на Германија напред :kafence:
Точно така. :) дај рачето тета 5 да ти пише.
Ај сега да повториме. А зашто е тоа така?
Може ќе сфати овој пат и @YoucancallmeV

Епа така е затоа што Германија не љубомори на жените мајки, и не се буни зашто седеле дома и земале пари за да гледаат деца, туку напротив замисли! Таа тоа го плаќа во евра.
 
А сакаш да ти објаснам зашто не се раѓаат во Македонија, туку се раѓаат во Шведска, Германија и Швајцарија??? Неморам. Бидејќи веќе две-три страни уназад,се утепав пишувајќи и да се повторувам е глупо,така да... Прочитај си уште еднаш белким ќе светне неонката, кога тогаш.
Плав сум ја, не светнува. Неморам се пишува не морам.
Автоматски споено мислење:

Точно така. :) дај рачето тета 5 да ти пише.
Ај сега да повториме. А зашто е тоа така?
Може ќе сфати овој пат и @YoucancallmeV

Епа така е затоа што Германија не љубомори на жените мајки, и не се буни зашто седеле дома и земале пари за да гледаат деца, туку напротив замисли! Таа тоа го плаќа во евра.
Сфатено (y)
 
Еве и слика напраив за да можете полесно да го совладате градивото, деца мои, ученици мои, ајде еве ви тетка Очајна се потруди, фала ЏПТ што ми излезе во сусрет.
Еве ја личната Германија(важи за сите Еу држави кои стимулираат наталитет)на сликата е претставена како таткото кој си ги храни своите дечиња, и дава на мајката парички, да им купи на дечињата чоколадтца од Лидл.;)

IMG_20261110_174556.jpg
 
А сакаш да ти објаснам зашто не се раѓаат во Македонија, туку се раѓаат во Шведска, Германија и Швајцарија??? Неморам. Бидејќи веќе две-три страни уназад,се утепав пишувајќи и да се повторувам е глупо,така да... Прочитај си уште еднаш белким ќе светне неонката, кога тогаш.
Кога ја критикувам државата, па и општеството, сум најлошиот човек на форумов. Ниту една власт нема да направи радикални промени во ниту еден сектор, затоа што сите се врзани како црева. И власт и опозиција. Едните дојдоа на власт со зелена агенда и ветувајќи правда држава. Другиве дојдоа на власт преку патрицизам и ветувајќи правна држава. И едните и другите потфрлија во сегментите кои им беа програмскиот постулат. Не се реши загадувањето, ги метеа улиците. Не се реши проблемот со правосудството, премногу предмети застареа, дел беа загубени, со што државата ќе треба да исплаќа милиони на сметка на проценски трошоци. Сега исто, настрана комуналните проблеми, кои се есенцијата на водењето на една локална самоуправа, нема правни земјотреси, нема откривање на нови криминали, дури и кога ќе има некоја пресуда, пирамидата ја враќа назад или ја помиштува. Народот е разочаран од самото правосудство, степенот на доверба е во минус.

Ќе се сложиме дека имаме полесен живот од нашите прабаби и прадедовци. Дел од нив пораснале во транзицијата, каде комунизмот ја зема државната палка. Градење на фабрики во таа разурната економија, уништување на земјодеството и миграцијата село кон град. И тој процес сеуште не е завршен. Прашање е што ќе биде за 10-15 години, кога таа последна генерација која се бави со земјоделство ќе умре или ќе стане недоволно способна за работа, ќе увезување овошје и зеленчук. А бевме земјоделстка држава. И во увозот доминираат суровините, материјалите и полупроизводите кои се пласираат низ европските пазари, прашање е како да се стимулира домашната трговија. Сигурно не преку константи тегови, најчесто од финансиска природа, иако сум за постоење на ордени регулативи, пред се оние за заштита на животната средина. А ова е поврзано и со другата тема, со студентите, односно зголемување на социјалните трансфери, каде веќе претеруваме. Едно е да имаме пари и да може да се разфрламе за гол популизам, од страв кон некакво ново студентско движење, друго е да правиме два буџетски ребалански за неполна година, со тоа изедначивме еден релативно стар лош рекорд.

За жената. Ако сакаш породолното да трае Х период, треба да видиш дали си способен, како систем, да го сносиш тој финансиски товар. Средствата ги покрива фондот, кој нема нешто многу средства. И кога има, трасферот на средства се чека и со месеци. Дел од мајките предвреме го прекинуваат породилното отсуство затоа што имаат финансиски придобивки на плата за периодот од прекинот до истекувањето. Споре мене ова треба да се укине, мајката, тој период, треба да биде со своите бебе. Тие 50%, можеби нешто ќе и сменат на краток временски период, ама ова право е резултат на потребата да се грижи за своите бебе. И тука има модернизација, како работата од дома во одредени сектори, ама не треба да се гледа само на економијата, туку на семејството како основна општествена клетка.

Но ако се оди на аргументот економија, тогаш не треба да се форсира јавниот сектор. Имаш непотребни министерства, цели агенции кои се креирани со цел цицање на јавни средства. Ако државата си ги скрати своите крила, ако делегира дел од своите сегашни функции и задачи на трета страна, приватниот сектор, ќе заштеди многу средства. Секако, цената ќе ја плати крајниот потрошувач затоа што државата работи со цел да креира јавно добро или услуга, а приватниот сектор профит. Ако сакаме капитализам, можеби ќе треба да се движиме во таа насока. Или тоа или кратење столици.

Мислам дека, моментално, имаме друг посериозен проблем, каде државата покажува крајна неспособност да ја гарантира сигурноста на своите граѓани. Истата се должи на институционалната неспособност, каде дел од нашите изнемоштени полициски службеници фатија пајажина во своите канцеларии. Зборуваме за просеци кои се на врвот во Европа по полициски службеници по глава на жител. Системска кома, и, стандард, се реагира по несреќа. :)
 
Еве и слика напраив за да можете полесно да го совладате градивото, деца мои, ученици мои, ајде еве ви тетка Очајна се потруди, фала ЏПТ што ми излезе во сусрет.
Еве ја личната Германија(важи за сите Еу држави кои стимулираат наталитет)на сликата е претставена како таткото кој си ги храни своите дечиња, и дава на мајката парички, да им купи на дечињата чоколадтца од Лидл.;)

Прегледај го приврзокот 490929
Одлична слика, Deutschland, Deutschland über alles, само нашиот вентилатор го утнал Чатко, има и некои чизми на него, пронацистички изгледаме. sieg heil
 
Back
На врв Bottom