Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Замислете партиите, здруженијата, мирко и славко, славица, маженца и женишта, тв медиуми, радија да реагираа за Ш иптарааната како што реагираа за татарот скриен, точак Бунтур.
Каде ќе бевме како Држава.
 
Бунтурот ги извади од кондури феминистките и комуњарите, два дена само за тоа квичат. А ништо лошо не им кажа, само дека не може да идат облечени како обични дрољи. :toe:
 
Ај врати се неколку страни наназад на самава тема и види како одеднаш прекина да се дискутира за Брвеница и ВРЕДИ и одеднаш почна да се дискутира за најразлични глупости вклучително и Бунтур. Епа истото само на ниво на држава. дали има пет телевизии, портали, радиа кои не ги контролираат директно, али и тие не смеат да претеруваат. На останатото се дискутира само тоа што е дозволено и кој наратив сака да се турка.

Трнаа во недела да градат наратив дека они се бореле лавовски али биле предадени ( а всушност имаат договор со ДУИ). Видоа дека не им поминува и дека дури оди и во насоки кои не ги предвиделе. Каде што нивни членови им викаат дека се неспособни. И ја замреа темата, и се насочија на други страни

Вака и Заев правеше на времето. Секој пат кога ќе имаше некој огромен проблем, он ќе излезеше на телевизија и ќе кажеше некоја тешка глупост. И после имаше едно две недели исмевање ете колку бил глупав и прост Заев, само што во позадина он се што си планирал поминало. Истото и ДПНЕ го прави сега, само проблемот е дека Мицко е тежок комплексаш па никогаш не би прифатил он да биде цел на исмевањето. И заради тоа ете Бунтур го испратиле.
 
Последно уредено:

според муабетиве на @Resistencia изгледа дека навистина лавовски се бореле, било како, не ја разбирам логиката да имаат договор со ДУИ, баш ме интересира зошто?
 
според муабетиве на @Resistencia изгледа дека навистина лавовски се бореле, било како, не ја разбирам логиката да имаат договор со ДУИ, баш ме интересира зошто?
Немаат договор, едноставно мицко е неспособен да се справи со племето.
 
Кое наравоучените ќе го извлечат Маќедонците после овие избори од „епски„ размери во О. Брвеница, или пак ќе си ја тераме онаа „...како и до сега...„?
Автоматски споено мислење:

Немаат договор, едноставно мицко е неспособен да се справи со племето.
Што велиш, како можеме да се справиме со племето, кое, очигледно, е едномислено кога сака да истера некоја негова намера?
 
Бунтурот ги извади од кондури феминистките и комуњарите, два дена само за тоа квичат. А ништо лошо не им кажа, само дека не може да идат облечени како обични дрољи. :toe:

Го нападнаа на фејсбук еден куп ,, дами " од мојата листа на пријатели, сега гледам си какви сум опкружен на листата од пријатели.

FB_IMG_1793744162174.jpg
 
Кое наравоучените ќе го извлечат Маќедонците после овие избори од „епски„ размери во О. Брвеница, или пак ќе си ја тераме онаа „...како и до сега...„?
Автоматски споено мислење:

Што велиш, како можеме да се справиме со племето, кое, очигледно, е едномислено кога сака да истера некоја негова намера?
Со блокирање патишта и бојкот на нивна власт врз Македонци во тие општини.
 
според муабетиве на @Resistencia изгледа дека навистина лавовски се бореле, било како, не ја разбирам логиката да имаат договор со ДУИ, баш ме интересира зошто?

Зошто веќе е договорено да коалцираат со ДУИ после следните избори. Се што е проблемот е кога да бидат распишани предвремените избори, зошто ДПНЕ имаат многу висок резултат за бранење, а и мора малку да се изменаџира ситуацијата. Враќањето на Груби и прекинување на сите постапки против него, беше печатот на тој договор.

Они од избориве сакаа да добијат две работи.
  1. Да се претстават како бранители на македонизмот а да ги обвинат СДС и нас дека соработуваме со ДУИ.
    Чисто како пример ќе дадам, буквално ми се јави роднина да ме праша зошто сме имале кандидат во Брвеница, сме го расцепкале македонскиот глас, и поради тоа од ДУИ победиле таму. Погодете каде гледа вести? нормално Алфа. Чисто перење на мозок. Тоа што им се сервира на нивното членство секој дневно нема допирна точка со реалноста. И активно менуваат дури и блиска историја. Колку пати пензионери ми имаат речено "Ама и вие гласавте да се смени името во парламент", не ни бројам повеќе,
  2. Да ги претстават ВРЕДИ како нелојални, недоверливи и дека со нив за разлика од ДУИ не можеш да се договориш за полесно да може членството да ја проголта идната коалиција.
    Нивните ботови повторно веднаш се пуштија со наративот дека на ВРЕДИ не може да им се верува и дека треба да бидат сменети.
Проблемот им настана зошто кај голем дел од популацијата наративот не само што не помина. туку тргна во негативна насока за нив каде ги исмеваа како неспособни. Веднаш се подигна прашањето ако ете ВРЕДИ се нелојални, зошто не ги избркате од влада? И кога видоа дека всушност штета си прават. Исто како на форумов и на секое друго место, прашањето за Брвеница, ВРЕДИ се затвори.

Да сакаше ДПНЕ и Мицко да тепаат во Брвеница, во Сабота МВР и Обвинителство ќе чукнеа на врата кај Груби, Османи и неколку други функционери, и во недела ќе изгубеше нивниот кандидат за некој 200-300 гласови. Вака уште поинтересно е дека никој не ни коментира за фактот дека ВРЕДИ и ДУИ си ги имаат сменето бројките на гласови од прв круг, во рок од една година. Каде што ДУИ ниту е во централна власт ниту на локална.

Ене го и Ахмети почна повторно да лае.
Автоматски споено мислење:

Немаат договор, едноставно мицко е неспособен да се справи со племето.
Што велиш, како можеме да се справиме со племето, кое, очигледно, е едномислено кога сака да истера некоја негова намера?

Не си имаш работа со племе си имаш работа со мафијашки групации и организиран криминал. Тоа се ДУИ, ВРЕДИ и сите нивни деривативи. Тоа воопшто и не се различни партии, тоа се само политички претставници на организиран криминал. Со мафија и криминалци се знае како се справува. Апсења и рации да им се намали моќта на терен во комбинација со спречување на перење на пари да им се намалат финансиите. Во старт ќе биде малку потешко, али за 2-3 години активна борба со нив, секоја мафијашка група што се судрила со државен апарат изгубила.

Проблемот е што СДС и ДПНЕ ја банкротираа државата и сега државата стана зависна од пристап до мрежата на организиран криминал која стои позади ДУИ/ВЛЕН/итн ... . Па така справување со ДУИ/ВЛЕН или поточно целиот организиран криминал позади нив ќе оди малку потешко.
 
Последно уредено:
Бунтурот ги извади од кондури феминистките и комуњарите, два дена само за тоа квичат. А ништо лошо не им кажа, само дека не може да идат облечени како обични дрољи. :toe:
Во коментари на инстаграм само некој жени со огромен број лајкови. Морав да отворам некој од профилите со најголем број на лајкови зашто претпоставував за каков профил на жени се според коментарите. Неовисни, ванаби инфлуенсерки со неколку илјади фоловерс(најверјатно мажи да го маваат) и секако без деца.
 
Еве и да не се заборави малку хронологијата на настаните околу ВРЕДИ.

Од 28/04/2024
Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

„Ние би дале поддршка од нашите шест пратеници да не биде Албанец претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено само да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент“, рече Апасиев.

Еве го и одговорот од Мицковски:

„Треба ли да го коментираме Димитар Апасиев? Тој пред изборите имаше бланко понуда да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство, но одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хуркада или на некоја друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика дека тие се една група на џанаци, така и продолжува да се однесува“, рече Мицкоски.

Па во недела ги обвинуваа дека работат од ВРЕДИ за ДУИ, за вчера во Гази Баба на прослава 50 години од општината да биде повика ГАШИ.

„Жалиме што Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ, туку, исто како и СДС и Левица, ја одигра улогата на тројански коњ и одигра за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен“, изјави Стојаноска.

Ама толку од Брвеница повеќе не е важна. Груби што е дома и случајот против него се распадна не е важно. Сега Бунтур телето ќе го дискутираме. Или ако некој СДС бот се уфрли, за АЛТА банка дека Хари сака да ја купи.
 
Последно уредено:
Што велиш, како можеме да се справиме со племето, кое, очигледно, е едномислено кога сака да истера некоја негова намера?

За почеток Дпмне и Мицко да не глумат лудило, туку да ја користат стратегијата на морков и стап кога веќе имаат контрола на власта со огромно мнозинство. Конкретно наместо да ги казнат општините што гласаат стрикно по националност и мкнат гласачи од странство со авиони како Брвеница Чашка и ред др општини, они напротив уште повеќе ги подржуваат со владини пари проекти
 
Број на доселени Турци продолжува да расне се повеќе и повеќе

Доселени/иселени

2015: 1,320 / 30 = +1,290
2016: 783 / 31 = +752
2017: 918 / 80 = +838
2018: 812 /111 = +701
2019: 1,250 / 59 = +1,191
2020: 605 / 85 = +520
2021: 1,263 /113 = +1,150
2022: 1,712 /203 = +1,509
2023: 2,049 /235 = +1,814
2024: 3,750 /107 = +3,643
2025: 3,966 / 86 = +3,880

Ова веќе станува огромен проблем за кој тренутна влада не гледам дека презема некои мерки, бројките воопшто не се за потценување поготово не за ваква мала држава како нашата.
 
они напротив уште повеќе ги подржуваат со владини пари проекти
... нема тука „подржување“ повеќе или помалку сите 80 општини во Македонија (со се Скопје) добија можност да аплицираат за неповратни средства за реализација на проекти со што Владата ги има одобрено.
...сите тие кои имаат комплетна проектна документација (за патишта, водоводи, училишта, градинки) ги доставуваат до соодветните министерства ( транспорт, образование, животна средина, социјална политика и култура) и по одобрувањето, Владата ги пренасочува парите од централниот буџет директно за реализација на тие конкретни капитални инвестиции.
... пари се распределуваат на сите општини кои поднеле уредни и квалитетни проекти, без оглед на тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот, тој што не ќе го направи тоа не ги добива паричните средства, тука нема „уште повеќе ги подржуваат со владини проекти“

... општините што веќе ги реализираат претходните фази можат да аплицираат со нови подготвени проекти, податоците на проектите граѓаните можат да ги следат јавно преку официјалната владина платформа proekti.gov.mk , така да нема потреба од паушално неточно мислење!
 
Back
На врв Bottom