Немам некоја емпатија кон луѓето кои самоволно одлучиле да не работат. И се наоѓаме во многу интересна историска општествена состојба, пазарот сам бара работници, едно од решенијата на власта е давање на дозволи за работа на странци, а не сака да го мотивира или демотивира сопственото население да работи. Јасно, дел од тие дозволи се за специфичен профил на работни места, па и менаџерски, што се врзани за конкретен поединец. Меѓутоа каде што се бара проста работна сила, работни задачи со неколку механички задолженија, задачи или потфати, сметам дека секој може да ги работи.
Постои нешто кое се вика природна невработеност, постојат луѓе кои од Х причини го загубиле работното место (за ова можат да добиваат бенефиции преку фондот ако се пријават како невработени), луѓе кои се меѓу работи, луѓе кои завршиле одреден степен на образование и бараат работа во склад на образовниот профил, луѓе кои привремено бараат подобро платена работа, па и онакви кои немаат стручност и компетентност поради лични физички или психички пречки. Тоа е една категорија.
Другата категорија се оние кои вечно се на државна цицка, имаат одреден степен на инвалидитет, пречки во развој или треба да се грижат за некое блиско лице, кое бара голема грижа и нега, и не можат да се посветат на други сегменти во животот. Социјалната реформа треба да се движи во оваа насока, да биде дестимулативна кон мрзливите и да им го олесни животот на оние кои имаат животен товар кој може да се оттргне. Пример, на државата повеќе ќе и одговара тоа болно лице да го стави во дом, со полна грижа и нега, се притоа лицата кои се задолжени за негова тогашна грижа да работат. А тука влегуваат и оние кои работат на црно, а си лапаат социјални бенефити.
И тука треба да завршува интересот на државата, не треба да им се простуваат долгови, еве за сметки. Па и даноците. Во современите општества истите се механизам за креирање на социјална правда, што не е изворната намена на данокот. Ама и државата со ги зголемува своите задачи, надлежности и функции, каде во минатото даноците најчесто оделе за војската и финансирање на конфликти и воени потфати.
И просењето на семафор стана бизнис, па и веројатно е организиран криминал. На дел од циганите природно им е да не работат, хартија, пластика и сета слобода во животот. Повеќе им одговара да не работат, го одбрале наједноставниот начин на живот. И не се насочуваат кон образование, иако е задолжително и бесплатно. Самите од старт се осудиле на вечна сиромаштија.
Имаме еден познаник кој не може да најде работа затоа што е дежурен философ, покрај тоа што е мрзлив. Ми најдовме работа на градилиште, земал да се објаснува како тоа циглите биле тешки, можел да си го повреди грбот. Не можел да меша малтер, можело да му прсне во око и да остане слеп. Не можеле да се качува на скеле, што ако паднел и се повредил, и на крај го избркаа. Претходно и од војска го избркаа, некако успеал да се повреди. И од другите 10тина работни места каде не работеше подолго од еден месец.
Нема ништо бесплатно во животот, и превозот за возрасните некој на некој начин го плаќа. И за студентите и за останатите социјални трансфери.
