Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Во превод вози стара кола, сака бугарија да му купи нова, па си го слика интериерот и ја обвинува полицијата.
Каков генијалец!
Бугаријо! Дај му на детево! :pos:
8081.jpg
8082.jpg
 
За што служи апликацијава моментално, имаш објаснување? За што отиде во public? Имаш претстава дека во моментов буквално неписмен човек да седне со аи ќе испрогрсмира ваква глупост за 10 минути?
Колку би коштало ова според тебе? Што е во договорот, гаранција, одржување?
 
Прво се прават законски измени па после се пристапува кон имплементација.

Ама Работата е некое фирмиче фатило тендерче и за 1 ден направиле апликацииче, го туриле на AppStore и наплатиле милиончиња за изработка на софтвер колку да се потрошат парите што биле во план за дигитализација.

Пак ќе кажам најдобро решение за државава со име Р.С. Македонија е мирен разлаз по региони. Колку за информација Охриѓани плаќаат УБЕДЛИВО највеќе даноци по глава на жител во буџетот на државава и некој истите ги краде.

А по однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и тие партии се согласуваат дека државава треба мирно да се распадне. Јас лично не би сакал да живеам со партии кои не си ги сметаат своите граѓани за луѓе (случајот Кочани), а иронијата да биде поголема ни самите жители на Кочани не се сметаат за луѓе поради тоа што истите нив што ги убија ги гласаа пак.

Никогаш не сум бил во источна Македонија но по ова таму уште владее среден век и феудализам, па побогу Ѕинго сениор уште со бонови работеше до 2019та. :pos:

Така што не сме исти ни племенски, ни физички, ни економски, ни културолошко а ни ментално. А штом на партиите и жителите на тие градови тоа им годи и сакаат распад, и ние сме за. Тоа е најдоброто решение за сите индивидуално. :)
 
Колку би коштало ова според тебе? Што е во договорот, гаранција, одржување?
Изработка на апликација/Wallet за да собере се што постои од документ во овој момент се изработува за не повеќе од месец дена, и тоа плус имаш период тука даден, и тоа за сите можни платформи. Секој посериозен девелопер без никаков проблем може да го изработи ова како на заебанција. Да не правиме муабет во комбинација со Claude на пример во моментов. Единственото доцнење што треба да се земе во предвид е на другата страна односно кај партиски ботови шо ќе треба да им се даде задача сите документи да се скенираат.

Не знам за какви 1,5м евра зборуваат, ама навистина би било инересно една презентација да направат на проектов од 1,5м
 
Тие што ја инсталирале, дали навистина има само две опции едната за добивање на потврда од пензиско за стаж и другата од социјално како што гледам на google play? Ако само тие опции ги има, тогаш истово не ги чинело повеќе од 5000 евра. А реално можеле и да поминат со нула ако го дале како дипломска на некои од ФИНКИ.

Зошто во тој случај ниту услугите кои ги имаат на својот сајт не ги префрлиле на апликацијата, што е срамота ако веќе истата ја промовираш.
 
Бугар ај одмори малку, додаден си, не се распаѓа македонската држава колку и да вие тоа го сакате.
 
Изработка на апликација/Wallet за да собере се што постои од документ во овој момент се изработува за не повеќе од месец дена, и тоа плус имаш период тука даден, и тоа за сите можни платформи. Секој посериозен девелопер без никаков проблем може да го изработи ова како на заебанција. Да не правиме муабет во комбинација со Claude на пример во моментов. Единственото доцнење што треба да се земе во предвид е на другата страна односно кај партиски ботови шо ќе треба да им се даде задача сите документи да се скенираат.

Не знам за какви 1,5м евра зборуваат, ама навистина би било инересно една презентација да направат на проектов од 1,5м
Значи никој нема појма уствари што е вклучено во цената, пред да се дискутира. Да веројатно може било кој да направи апликација која ќе личи на ова, ама не и професионална апликација за 2 милиони корисници.
Автоматски споено мислење:

Тие што ја инсталирале, дали навистина има само две опции едната за добивање на потврда од пензиско за стаж и другата од социјално како што гледам на google play? Ако само тие опции ги има, тогаш истово не ги чинело повеќе од 5000 евра. А реално можеле и да поминат со нула ако го дале како дипломска на некои од ФИНКИ.

Зошто во тој случај ниту услугите кои ги имаат на својот сајт не ги префрлиле на апликацијата, што е срамота ако веќе истата ја промовираш.
Можел и министерот да седне на claude изглеа, ќе заштеделе и на студентите.
 
Значи никој нема појма уствари што е вклучено во цената, пред да се дискутира. Да веројатно може било кој да направи апликација која ќе личи на ова, ама не и професионална апликација за 2 милиони корисници.
Разликата во апликација за 10 или 2м луѓе е уствари колкави ресурси ти се потребни или каков хардвер, а не самата апликација. Или накратко 5 сервери по 20к евра во cloud, толку.

Многу сме далеку од 1,5м, и моменталната изработка
Автоматски споено мислење:

Можел и министерот да седне на claude изглеа, ќе заштеделе и на студентите.
Изгледа навистина немате претстава до каде е АИ отиден, или за код конкретно Claude
 
Значи никој нема појма уствари што е вклучено во цената, пред да се дискутира. Да веројатно може било кој да направи апликација која ќе личи на ова, ама не и професионална апликација за 2 милиони корисници.
Автоматски споено мислење:

Можел и министерот да седне на claude изглеа, ќе заштеделе и на студентите.

Види апликацијава од тоа што го гледам има два дела:

  • Нов дел: Дигитални лични документи:

    Овдека немаат завршено ама апсолутно никаква комплицирана работа. Ги повлекуваат личните информации од некој база, која патем не е на МВР зошто да беше на МВР ќе можеа да ја повлечат и сликата од личните документи. Информациите ги закачуваат на темплејт од лична и сообраќајна карта.

    Да имаше функционалност за правење на споредба и верификација на лицето на тој што се регистрира со сликата од личните документи. Тоа ќе беше веќе нешто. Вака овој дел не е доволен ниту за дипломска.

  • Стар дел: Пристап до функционалностите од uslugi.gov.mk

    Услугите се веќе направени се што треба да се направи е да направат интерфејси за користење на истите API, и да ги прикажат резултатите кои ги враќаат. Најтешката работа е ако сето ова не се тестира автоматски. Тоа ќе трае доста време ако се сака тоа што ќе се предаде како продукт да биде 100% функционално. Ова другово е тривијална работа.

    Затоа и прашав колку услуги се пристапни во моментов, дали се сите од uslugi.gov.mk. Зошто ако се сите, тоа траело некое време да се истестира се.

  • "Професионална апликација за 2 милиони " - дури и да има толку голема амплитуда како одеднаш сите 2 милиони да се вклучат и да барат документи.Што реално е доста неверојатно во пракса, зошто апсолутното мнозинство на услугите имаат одговори кои се асинхрони. Ќе одат во меморија барањата и ќе добијат одговор кога ќе ги добијат. Се што ти треба се сервери кои во најлош случај би можеле да обработат 2 000 000 барања за 24 часа. Барањата кои доаѓаат од страна на апликацијата и така се само текст и со тоа и меморијата која ќе треба да се има за зачувување на 2 000 000 реквести не би била ништо посебно импресивно.

    И ова се е ако сакаш да го правиш на стариот начин каде што се ти е на твој хардвер. Ако користиш AWS,Google Cloud или слично, плати пари, навали капа и чао пријатно.
Али еве на страната на министерството пишува дека главната новината на апликацијата е само делот за дигитални лични документи. Овој дел ДА, министерот да седнел со AI можел да го заврши без проблем.

Да имаше апликацијава барем 0.1% од функционалностите , на пример WeeChat која сите сакаат сега да ја копираат. Можевме да збориме за кој да ни биде следен премиер.

Еве ти пример и за импресивна дигитализација на сите услуги на институции во една држава. Во Руанда:

Апсолутно се можеш да направиш, од да платиш здравствено осигурување до да пуштиш барање за приклучок на вода. Мислам дека имаа и нарачка на лекови во рурални делови кои поштата ти ги доставува со дрон.

Разликата во апликација за 10 или 2м луѓе е уствари колкави ресурси ти се потребни или каков хардвер, а не самата апликација. Или накратко 5 сервери по 20к евра во cloud, толку.

Многу сме далеку од 1,5м, и моменталната изработка

Да плаќаш сервери за толкав спајк кој реално никогаш нема да се случи, посебно кога одговорите не се ни синхрони, е фрлање на пари во ветер. Али сепак ова се лесно решливи проблеми, и тоа ако се оди преку сервери кои се физички присутни во Македонија.
 
Пак ќе кажам најдобро решение за државава со име Р.С. Македонија е мирен разлаз по региони. Колку за информација Охриѓани плаќаат УБЕДЛИВО највеќе даноци по глава на жител во буџетот на државава и некој истите ги краде.

А по однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и тие партии се согласуваат дека државава треба мирно да се распадне. Јас лично не би сакал да живеам со партии кои не си ги сметаат своите граѓани за луѓе (случајот Кочани), а иронијата да биде поголема ни самите жители на Кочани не се сметаат за луѓе поради тоа што истите нив што ги убија ги гласаа пак.

Никогаш не сум бил во источна Македонија но по ова таму уште владее среден век и феудализам, па побогу Ѕинго сениор уште со бонови работеше до 2019та. :pos:

Така што не сме исти ни племенски, ни физички, ни економски, ни културолошко а ни ментално. А штом на партиите и жителите на тие градови тоа им годи и сакаат распад, и ние сме за. Тоа е најдоброто решение за сите индивидуално. :)
мислиш СКОПЈАНИШТАТА што купиле стан во Охрид и плаќаат данок х2, башка сите комуналии и за НУЛА потрошено струја,вода пљус нискоградба пљус колектор...пљус може ќе барат да се плати паушал за кафаните во Охрид, ако не одиш ни во Охрид, а не па во кафана....
 
Да плаќаш сервери за толкав спајк кој реално никогаш нема да се случи, посебно кога одговорите не се ни синхрони, е фрлање на пари во ветер. Али сепак ова се лесно решливи проблеми, и тоа ако се оди преку сервери кои се физички присутни во Македонија
Само пример сакав да му дадам, инаку точно, никогаш нема да имаш спајк, еднаш uploadirani фајлови и периодично нови или некоја промена каде процентот не е ни 5%.

Во моментов на раб имаме сервер на кој има 13к клиенти кои имаат активност 24/7, запишување бази, логови, сесии, на хардвер од 3к евра. Али ок е 1.5м нема грешка :)
 
Која дигитализација бе другар?
Па еУслуги а тука спаѓаат изводи и сите документи мислам веќе дека и можеш новороденче да пријавиш без да одиш на шалтер, работи на укинување на роамингот со ЕУ, имаат некои имституции поврзани што сега си ги собираат податоците без да оди некој да се ебава да оди да вади сто документи
Еве сега со лк и пасошот, измените сигурно ке се направат така да он си работи
 
Никој не те праша што работи и што во иднина било планирано. До овој момент работата години стои во место со функционалност НУЛА. Последно имаш пола година ако не и повеќе трубење за апликација во која можеш да си ги чуваш документите за украс. Целосна дигитализација на државно ниво се прави за година до две макс, ама пробленот е кај ќе ги пикаме партискиве лебарки, се разбирсме?
 
Апликацијава ја пуштија за да се фалат зашто апсолутно ништо друго немаат со што да кренат рејтинг, се друго си стои дека е преплатено итн ама дека малиот се залага тоа нема збор
 
Back
На врв Bottom