wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 20.752
- Поени од реакции
- 36.707
Какво релативизирање. Сквернарење една преубава бајка само за онака аргумент. Срамота, го убиваш детето во тебе. Заробништето кога веќе збориме за сублиминални пораки може во живиот свет да се преведе како: ве седнале заедно на училишна клупаааа, сте заглавиле во лифтттт, ве ставиле да работите заеднооооооо, ситуации каде мора да се "трпите". Во филмовите имаат многу такви meet-cutes каде solar opposites поради некоја ситуација (како "киднапирана" во замок) виделе нешто повеќе во другиот и се заљубуваат што обично води до долг и среќен заеднички живот додека смртта не ги раздели.Па добро, скриената порака на бајката да речеме е таа, ама ајде да ги видиме и другите пораки, скриени или не. Прво, таа нели при крајот веќе се лета по Ѕверот, газдата на имотот, зашто ли не се лета по некој од послугата? Зашто ли на пепелашка од виша сила и требаше помош за да го импресионира принцот, а не локалниот рудар? Но ајде, една бајка по ред. Ете, за Убавицата да го засака Ѕверот, тој требаше да ја затвори во палатата со месеци за да и докаже дека карактерот е поважен од убавината, тоа не го разбра рано она, туку после затвореништво и после саможртва од него, буквално умре за неа. Дали тоа значи дека советот за младите мажи за приод кон жени е еднаков на тој што го имаше Бафало Бил од Silence of the lambs, да пријде на девојка со шамивче и да и каже: „Ај кажи ми дали ова мириса на хлороформ?“ И откако цурата ќе се разбуди во дупката кај што ја држи во заложништво да се надева дека ќе проработи стокхолмскиот синдром и дека неговиот карактер ќе надвладее?
Фрикцијата на темата е помеѓу тие што веруваат и тие што не веруваат во љубов. Ако го тргнеш тој филтер на гледање на нештата, тогаш да, изгледа како жените се сѐ што беше до сега кажано за нив, но не мислам дека стварно дошло време да си циничен да не повикаш некоја на дејт со тебе за да не те искористила за 400 денари пица? Океј па и да, ко да си дал 200 денари на бездомник за сендвич ако по некоја случајност си стигнал да бездомник те однесе на дејт. Те истрпил некој еден саат, плус си направил добро дело донација. Или сега ќе бекпедлате како не е за парите, за принципот е?

Тие што не веруваат во љубов гледат обично така калкулирано на работите. Каква љубов кога секој е надвор да те заебе. Ако ја тргнеш љубовта тогаш нормално дека ќе гледаат на жената како на бирање половна кола оти одимало потреба. Треба да е прв или втор газда и малку возена, за да потрае(?). Не ти е омилена, ама ќе се научиш да ја сакаш. Кола е. Да врши работа.
Се намалија ли цицки во имбокс откако ја потврди физичката сличност со Палчо во темата како се замислуваме? Или можеби се зголемија? Да тестираме уште една теорија околу жените кога сме веќе на темата.За мене?
Јас пробав одоколу, ама ај.
Лично мислам дека сум 3 од 5, може макс 3+.
На оваа возраст гледам идам дури накај 4, во очите на другите. Тоа го толкувам како аномалија на мојата генетика.
Каснам во све, па и во стареењето![]()


