Учи за да не работиш

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Ама ми го изрелативизираа муабетот и темата скроз. Не ми беше поентата јас да се жалам за нешто. Задоволна сум од животот. Не сум задоволна од неправедното вреднување на нештата.
Ти мислиш дека ти е неправедно вреднат трудот, ама си во заблуда.

Неправедно му е вреднат трудот на некој што учел да речеме нуклеарна физика на пмф и цел живот ќе зима плата на професор од основно.
 
Не сум во заблуда. Ако напишам како јас се чувствувам моментално, и што корист имам од државава, и дали ми е ценет трудот, пак ќе звучи така како што звучи.
Ти збориш на памет.

Пак ќе кажам, не ми е поентата мене јас да се жалам, затоа ако имате нешто да кажете на темата, кажете без да се секирате за мене, важи?
 
Нормално, пример ЦР7 заработува 500.000 евра неделно плус бонуси, награди и додатоци.
Врвен кардиолог зима можда највише 150-200К годишно, сеа знам пазарот одлучува и ги рапоредува ресурсите но кога се работи за здравје и човечки живот која е цената? Каков пазар е тоа?
лекарот учи 12 години за да биде спец.др. имам другар ко е постар од мене 5-6 години и ликот е гинеколог, знам какви трауми имаше се скрена со стажирања дежурства...што се нагледа лол има хорори особено од страна на пациентки од...како да кажам...од народностите на кои хигиената не им е јака страна. Па тоа смрди труе некаки отворени рани ужаси.
А овој неписмениот шутира топка со нозе и тоа му е све од образование, колку и како да ја шутне топката.
 
Последно уредено:

Не бива, ти си ни принцезата тука и сакале нејќеле, мора да водиме есап дали си задоволна со статусот.
Ако ти е за утеха, мал милион луѓе така се чуствуваат.
Ретки се тие што ќе си речат, учев ама има и зошто.
Освен тие партиските де. Тие и не се сеќаваат кај завршиле.
Автоматски споено мислење:

Има од лошо и полошо.
Одамна пишав, ама ај пак. Ќерка на една колешка од Украина беше многу умно дете. Се занимаваше и со пливање, меѓу другото
Баш нуклеарна физика заврши на ура. Леб печалеше со тоа што со дечко и отворија школо за пливање. Со војнава го преселија во Полска.
Ај сега, што па она да рече?
 
Па кажав и на темата мислење, која секако беше започната со твој личен пример. Има примери каде образованието не се исплати, ама твојот пример не е таков. Е сеа многу се битни и очекувањата, тие знаат да забегаат многу.

Најпросто да ти објаснам, кога рачунаш дали се исплати некоја постапка, не треба да се споредуваш со туѓиот животен пат и можности (пр, Роналдо) туку со твојата алтернатива.
Автоматски споено мислење:

Не бива, ти си ни принцезата тука и сакале нејќеле, мора да водиме есап дали си задоволна со статусот.
Ако ти е за утеха, мал милион луѓе така се чуствуваат.
Ретки се тие што ќе си речат, учев ама има и зошто.
Освен тие партиските де. Тие и не се сеќаваат кај завршиле.
Автоматски споено мислење:

Има од лошо и полошо.
Одамна пишав, ама ај пак. Ќерка на една колешка од Украина беше многу умно дете. Се занимаваше и со пливање, меѓу другото
Баш нуклеарна физика заврши на ура. Леб печалеше со тоа што со дечко и отворија школо за пливање. Со војнава го преселија во Полска.
Ај сега, што па она да рече?
Како беше она вицот со титаник, имале и љубов и здравје ама немале среќа. Така и он :D

Нема правило што ги фаќа сите примероци.
 
Не бива, ти си ни принцезата тука и сакале нејќеле, мора да водиме есап дали си задоволна со статусот.
Ако ти е за утеха, мал милион луѓе така се чуствуваат.
Ретки се тие што ќе си речат, учев ама има и зошто.
Освен тие партиските де. Тие и не се сеќаваат кај завршиле.
Автоматски споено мислење:

Има од лошо и полошо.
Одамна пишав, ама ај пак. Ќерка на една колешка од Украина беше многу умно дете. Се занимаваше и со пливање, меѓу другото
Баш нуклеарна физика заврши на ура. Леб печалеше со тоа што со дечко и отворија школо за пливање. Со војнава го преселија во Полска.
Ај сега, што па она да рече?

Која е кралицата на форумов од дамите? :)

Да, малку се оние кои се искрено задоволни и исполнети со погодување на професијата и заработувачката и очекувањата кои ги имаат.
,, Свака птица своме јату лети" може не е целосно споредливо со темава ама ако некој не е задоволен со каде е и што работи има и опции да промени е ризик постои.

Тие кои отвориле школо за пливање во Полска може ќе пронајдат некој талент но досега Полска се немаат покажано во пливањето од индивидуалните спортови.
 
Нормално, пример ЦР7 заработува 500.000 евра неделно плус бонуси, награди и додатоци.
Врвен кардиолог зима можда највише 150-200К годишно, сеа знам пазарот одлучува и ги рапоредува ресурсите но кога се работи за здравје и човечки живот која е цената? Каков пазар е тоа?
лекарот учи 12 години за да биде спец.др. имам другар ко е постар од мене 5-6 години и ликот е гинеколог, знам какви трауми имаше се скрена со стажирања дежурства...што се нагледа лол има хорори особено од страна на пациентки од...како да кажам...од народностите на кои хигиената не им е јака страна. Па тоа смрди труе некаки отворени рани ужаси.
А овој неписмениот шутира топка со нозе и тоа му е све од образование, колку и како да ја шутне топката.
Значи да расчистиме една работа: јас воопшто не се жалам за себе, ниту пак потценувам нечиј труд. Свесна сум колку труд, одрекување и крвави тренинзи стојат зад успехот на некој како Кристијано Роналдо, или за напорната работа на касиерот во КАМ или работата на келнерот….и апсолутно сум за тоа сите во општеството да имаат повисоки плати. Но, се треба да биде сразмерно и адекватно, да има некаква смисла и фер плеј, а не хаотично и неправедно.

Мене револтот ми е насочен кон две работи:
1. Кон криминалците и сите оние кои без никаков труд стекнале богатство. Кога некој работи чесно, а друг функционира во сива зона (како на пример музичарите кои не плаќаат даноци и придонеси, додека сите други уредно си подмируваат сè), тоа е чиста нефер игра и крадење од системот.
2. Кон несразмерното и извитоперено вреднување на трудот. Не станува збор за омаловажување на ниту една професија, туку за здрава логика. Не може некој со децении студии, со 12 или 24-часовни дежурства и со секојдневна животна одговорност да биде вреднуван исто во однос на други работи, само затоа што системот е поставен наопаку.

Кога ќе погледнеш низ призма на фер плеј, труд и општествена одговорност, работите изгледаат апсурдно и дестимулирачки.
 
“Учи за да не работиш!”, реченица што веројатно многумина од нас ја слушале уште од мали. Учете, завршете факултет, стекнете диплома и ќе имате подобар живот, добра работа и финансиска сигурност. Така нè учеа, така нè воспитуваа, а ние верувавме дека образованието е сигурен пат до успехот. Барем добар дел од нас (ја се ставам во таа категорија). Но, колку ова навистина важи денес?

Сè почесто имам впечаток дека годините поминати во образование, вложениот труд и стекнатото знаење не се вреднуваат доволно. Од друга страна, луѓе без формално образование, но со добар бизнис, присуство на социјалните мрежи или едноставно со способност да препознаат профитабилна можност, понекогаш заработуваат многукратно повеќе од луѓе што учеле со години.

Не велам дека образованието нема вредност, ниту дека секој може лесно да заработува без него. Но, се прашувам дали денес навистина се исплати да вложиш толку години во образование, ако тоа не ти гарантира ниту добра плата, ниту финансиска стабилност, ниту подобар квалитет на живот. Дали навистина учиме за да имаме подобар живот или само сме научени да веруваме дека дипломата е мерило за успех?

Што мислите вие? Дали денес повеќе се исплати да бидеш образован човек или да знаеш како да заработиш пари? И дали, кога би можеле повторно да избирате, би го поминале истиот пат? Дали вие ја следевте таа девиза и ви се исплати истата? Што уствари мислеле кога го збореле тоа?

а како ќе работиш нешто ако ништо не си научил во текот на животот,
тоа што ние овде го гледаме и коментираме како "се снајде" е чист криминал, непотизам и злоупотреба, таквите ликови да сме нормално општество ќе бидат маргинализирани и на дното на општеството а не да "прават пари" божем не гледаме како ги прават,
да не заборавиме дека и за чистач да бидам има некои критериуми што морам да ги исполнам ама за пратеник во собрание нема!
друго ретко кој е свесен дека во животот може да ти одземат се освен знаењето а кој знае ќе се дигне и ќе се оддели од дното.
 
Значи да расчистиме една работа: јас воопшто не се жалам за себе, ниту пак потценувам нечиј труд. Свесна сум колку труд, одрекување и крвави тренинзи стојат зад успехот на некој како Кристијано Роналдо, или за напорната работа на касиерот во КАМ или работата на келнерот….и апсолутно сум за тоа сите во општеството да имаат повисоки плати. Но, се треба да биде сразмерно и адекватно, да има некаква смисла и фер плеј, а не хаотично и неправедно.

Мене револтот ми е насочен кон две работи:
1. Кон криминалците и сите оние кои без никаков труд стекнале богатство. Кога некој работи чесно, а друг функционира во сива зона (како на пример музичарите кои не плаќаат даноци и придонеси, додека сите други уредно си подмируваат сè), тоа е чиста нефер игра и крадење од системот.
2. Кон несразмерното и извитоперено вреднување на трудот. Не станува збор за омаловажување на ниту една професија, туку за здрава логика. Не може некој со децении студии, со 12 или 24-часовни дежурства и со секојдневна животна одговорност да биде вреднуван исто во однос на други работи, само затоа што системот е поставен наопаку.

Кога ќе погледнеш низ призма на фер плеј, труд и општествена одговорност, работите изгледаат апсурдно и дестимулирачки.
Роналдо го зедов како општо познат пример, а што ако ти кажам дека ликови во трета англиска лига заработуваат повеќе од хирурзи :angel: невермајнд GP (општ или семеен лекар) или некој офталмолог, дерматолог или било што кое не е секси во медицината. Со се специјализација тоа се 15 години образование и пракса, на тие години кога специјалистот започнува да работи, играчот веќе се ближи кон пензија, или праи трансфер во Кипар или Тајланд.
 
I know, и фала богу конечно некој што ми ја сфати поентата :)
 
Back
На врв Bottom